И јас ставам оцет алкохолен ама во бубањот внатре по препорака на педијатар за омекнување на водата. А може и да дезинфицира да. Ама за таа намена користам сретство од Дм само не за бебешките алишта сеуште. Можеби понатаму да пркне уште малку дека плавуша ми е малку е понежен.
Дали вие што користите Персил користите ваков или има и друг? Ваков во Кам само имаше и таков зедов Ќерка ми е 2год и 10м и од кога е родена и перам со фрош,ама сакам да го заменам со овој ии на бебето кое ни е на пат да му перам од почеток со ваков
Во право си,мирисот не ме бендисува.Ама ај реков ќере е веќе голема да сменам заради си велам овај поубаво да не пери,па и бебе од старт да го пробам со овој
Јас користам, течен и омекнувач бекутан, уште ми е рано за пораѓај ама половина од тоа што исправ (делови од количка, релаксатор, постелина и некои работи за бебушот) сега за сега тпј го користам некако прекрасно ми мириса онака на бебе, а за флеки сеуште незнам дали вади, ама како и да е за флеки имам посебно средство за флеки, а мирисот на бекутан ме потсеќа на детството хахаха
Јас користам 2 во 1 бекутан течен детергент со омекнувач. Убаво пере, мене баш на бебе ми мириса, посебно ако ги сушиш во сушара, ама не вади флеки од каки. Белите бодиња пример со каки само да ги испереш не излегува флеката. Арно ама за флеки има чаре, јас ги закиснувам со малку вениш и после ги перам стандард со двојно плавење цут бели се.
За мирисот ме враќа во детството, хаха јас посебно купувам незнам навикната сум така посебно омекнувач посебно течен, е сега незнам каков тврд прашак за бебушот да земам она за белите алишта (тетра пеленчиња и тн.) на нет видов во Веро го има мерикс детски сапун па незнам дали да земам таков за другите искрено мислам на тој ние што го користиме сум малку скептик да ставам на алиштата за бебушот, ако некоја го користи мерикс детски сапун нека пише ❤❤❤
Јас цело време мешам со нешто наше. Само на почеток делев. Се перам на 60, предперење, дупло плакнење, со бебешкиот фрош. Додуша и пред бебе вака перев за нас. Зар ништо др освен бебешко несмее да ставам?
Veze neam jas nejzinite baska gi pustam, 1 nedelno bas puna mi e masinata so nejzini. Inaku na eden angliski kurs rekoa ako perete so bebeski detergent moze od start zaedno
Јас купив на бекутам течен и омекнувач ама не тој пто е 2 во 1 туку посебно ги земав (сеуште не сум породена) ама алиштата за бебушка ги перев со тој, ги перев на 30 до 40 степени бодејќи се нови не се носени па ги ставив на поладна вода и некако ептен убаво на бебе ми мирисаат (баш оној мирос од моето детство) хаха
Нила од кај зимате? Јас зимав од дим беше најефтин 2.7 литра за 230 денари. Или да земам нешто друго?страв ми е да нема некоја реакција од промена или не би требало.
Јас ја земам или од тинекс или од веро, зависи 199 или 219 Последно од веро ја земав пред 3 недели 219 беше Едно време ја немаше на акција никаде и земав виолета 2 шишиња потрошив и немаше реакција ама со оглед на цената пак се вратив на нила И во М дисконт често ја има на акција провери и таму