Јас користам на нила бебешкиот без омекнувач оти многу нежно самиот прашок мириса Користев и бекутан и виолета ама не ми переа убаво Ептен ако е некоја флека што мислам оти нема да ја извади прскам со вениш, инаку само со прашок на 60 се пере се
Мајки користев детергент од бекутан и задоволна сум во смисла никогаш ништо не појави на кожата но ми нема некој мирис односно никаков мирис сега ми се потроши па што користите да е убаво за кожата и да мириса убаво
Сте переле ли со органски, природни прашоци, некој од кој сте задоволни? Перам со Фрош ама бебе ми се исфрла и покрај дупло плакнење, не сум сигурна дека е од него ама морам да тестирам, а не ми се менува веднаш на Персил...
Јас имам пробано разни ама ниту еден не ми оставаше мирис. Во однос на флеки Бекутан најдобар ми се покажа.
ова било пред 2 години... и сега јас го одврзав гнездото и готово реков одам да го перам и само во главата сијаличка чекај викам да прочитам некој совет на Фемина и добро е што не избрзав... ќе го поминам горе со дезинфекциски влажни околу, како што ве поучила вашата мајка. Со тоа перење и чистота се полудува. На улица сме растеле, ништо не ни било ... Оф!!
Абе добро ама тек родено бебе да го шлапнеш така, кој знае каде се седело и со какви раце го фаќале. Јас се за бебето перев, барем на 20 степени, без центрифуга. Шубе ми беше само со влажни
Значи велите да го исперам гнездово сепак во машина , на пониско и без центрифуга и ништо нема да му е? Несакам да го расипам и јас...и мене мајка ми ми го зеде и ептен ќе ми е криво ако го упропастам како што читав поназад случки. (не дека несакам да го исперам и да го шлапнам така детето, ама ако и другите опции со дезинфекциски марамици и пегла се доволни, зошто да го упропастам в машина тоа ми беше на зборот). На 20°/30° секако не се дезинфицираат во машина, само да ги поминеме од прљавштина
Па сеа не можам да ти кажам ни ајде ни немој, ти си знаеш. Баш од прљавштина ми е најбитно да исперам, со влажна ништо некако не ми значи
А не ли му се вади навлаката? И да не се вади ако ти е шубе во машина можеш и со туш, жешко е таман одма ќе се исуши. Ако се вади навлаката што му мислиш, на 30 ги перев јас на малку обртаи и на програм за рачно перење и тоа еднаш месечно сигурно.
Јас имам една брза програма на машината, 35 мин. 30°, без центрифуга. Сите работи што ми беа такви деликатни - оградиците, гнездото така ги перев. И ставав тетра пак врз гнездото од шубе шо ми беше
Ништо , го покиснав во една вангла со ладна вода и бебешки прашок оти во машината не ми го збираше... Балсуз дека од тие со поширок обрач е .. Изгмечив, изгмечив и испалкнав два три пати колку што можев. Ете го сега се цеди доста му е. За од мисла помина. На топлово ќе се исуши. И засега ми делува преживеано