Флеките ги прскам со тоа спрејчето на фрош, некои излегуваат, некои не, морков особено ништо не го вади. Само фрлам лигавки, бодиња, гадни ми се да ги гледам така. Исти сме, она мора да има лажичка во рака сама да брцка во каша, инаку нема јадење и шлапа насекаде, а и како што бљуцка, ништо чисто не останува. Ќе го сменам, па ако не бива пак ќе се враќаме на фрош.
Јас и за двајцата од старт си перев со истиот прашок како за нас, а не ги двоев ни посебно алиштата. Каде нашите, таму и нивните. Ептен ако се собереше цела машина само бебешки/детски алишта, па тогаш да пуштам само нивни, инаку не практикував и не практикувам двоење.
Здраво женски, дали за новороденче користите омекнувач или само прашок? Дали е задолжително да се вријат алиштава ( скоро ништо немам бело, сите се шарени) или може слободно на 40-60 степени регуларна програма? Секако планирав во машина за сушење да ги пуштам на висока температура. Фала ви
Тогаш ги перев со прашок само на 40 степени. Кога почнав со храна на 60 степени ги перев, дури сега на 1 година почнав со омекнувач.
Zdravo devojki So sto gi miete sisinjata od AD mlekoto ? Dali koristite detergent pred sterilizacija ?
Немаш потреба, секако ќе се стелиризираат, ама ако сакаш на Фрош е супер и четка за шишиња мн убава има.
На 40 ги перев, со Персил течен или прашкаст зависи, омекшивач некогаш ставав на Чико жолтиот, некогаш не. За флеки фрош и омино бианко.
Ај едно прашање, ако има некоја искуство. Ги извадив вакумираните од првото, пошто ке ми користат сега за второто, ама на некои од нив се појавени флеки иако добро се сеќавам дека сите убаво ги исправ. Читајќи на др место имаше споделено искуства дека се од д3 капките. Со што да пробам да ги перам сега? Вениш, Омино Бианко, Пинк Стаф, Арис? Овие сите ги имам обично дома за секакви флеки. Сега нз со шо да пробам
Пробај со вениш директно на флеката да ставиш. А во хемиско клеан фреш гледам за се користат арис де грас одмастувач. Така да сигурно подобра опција би ти било арис
Најдобар е тој што ќе му одговара на бебе Јас перев со персил сензитив не дека нешто беше вау за отстранување флеки итн чисто колку да се каже дека низ прашак се поминати.
Фрош дефинитивно, ги пробав и двата, Фрошот и повеќе флеки ми вади и понежен е. Е сега не ми мириса убаво, ама се навикнав.
Јас овде колку што читав повеќето не ставаат омекнувач за да не се трупаат плус хемикалии непотребно јас само со течен детергент па мекички се облеките што знам може грешам
Јас го користев чико ептен онака по многу малку ставав океј ми беше ништо не ми покажа на бебево , ама викам ај да го сменам прескап ми е