Детето - ЕДИНЧЕ

Дискусија во 'Дете' започната од Trendafilka, 6 јуни 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.398
    ... или како што милувам да ги наречам Single децата во семејството! :lol:

    Јас сум единствено дете, никогаш не сум посакала ниту брат, ниту сестра. Нормално, кога е едно дете во прашање, целата грижа, љубов, внимание оди токму кај него, па често слушам коментари дека сме разгалени до небеса, арогантни, скржави, себични...

    Кој од вас форумџики е дете ЕДИНЕЦ и какво е вашето мислење? Какво се мислењата нормално и на останатите? Се чувствува разлика секако, дали е подобро детето да расте со барем уште едно покрај него? Дали тоа го прави подобра личност?
    Овие прашања неминовно ми доаѓаат, бидејќи предрасуди од типот дека детето единче по дифолт мора да е разгалено, суетно, себично и не знае да се снајде и социјализира уште од малечко, па таквите "лузни" го следат и во подоцнежните години, барем мене лично ми се смешни и апсурдни.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.122
    Допаѓања:
    79.010
    Пол:
    Женски
    Искрено, сметам дека е подобро да бидат повеќе деца во семејството, ама ако од било кои причини родителите можат да имаат само едно дете, тогаш во ред (само не оправдувам кога ќе речат дека им е доволно едно дете, некако тоа ми е многу себично). Јас лично, не сум единче. Имам брат, постар од мене пет години, и знам дека нема да ми беше исто без него, бидејќи ми беше пример кога растевме, а потоа кога дојдов на факултет во сосем нов град, непозната средина многу ми помогна на почетокот - нели за тоа е тој тука?
    Но не сметам дека детето единче е разгалено, саможиво, егоцентрично - тоа пред се зависи од начинот на воспитување - тука родителите ја имаат главната улога. Лично познавам деца единци кои се супер, воопшто не се разгалени, себични и егоцентрични, а има и деца кои не се сами во семејството, а сепак се до немајкаде разгалени, мамини и татини мази на кои им е дозволено се што ќе им падне на памет. Ама тоа веројатно доаѓа со новото време и начинот на живот - на родителот му е полесно да му даде на детето се што ќе побара само да го остави на мира, и после детето ќе се научи дека во животот може да добива се што сака без проблем. И без разлика дали се единци или имаат браќа/сестри, не оправдувам такво воспитување (а не знам јас каков родител ќе бидам).

    :$ Можеби малку забегав од темата :)
     
  3. she-17

    she-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    23
    во поголемиот број случаи кога детето е единче го добива целото внимание од родителите, сето она што го заработуваат оди за едното дете и можеби некогаш влијае тоа да го направи детето поразгалено и посебично..но немора да значи. мојата најдобра другарка нема браќа ни сестри. како мала воопшто не добивала внимание од страна на мајка и бидејќи таа учела за магистер а татко и работел и уште работи од утро до вечер..таа вели дека не почувствувала потреба од брат или сестра но мојот однос со неа мене ми го покажува спротивното. премногу сме блиски, се си кажуваме и по цеееел ден сме заедно(летото мислам дека повеќе бев кај неа отколку кај мене дома)..можеби сепак и треба некој.и на секого му треба друштво.

    инаку за тоа дека единчињата се послаби,понеснаодливи и понеиздржливи потполно не се согласувам. тие баш така сами научиле да живеат, да се борат за сопствените ставови и да не прифаќаат ништо освен нивната одлука
     
  4. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    само можам да кажам дека нема ништо поубаво од тоа да имаш брат/сестра....не би можела и не би сакала да сум дете едиче, гледам има околу мене многу такви и точно е дека имаат поинакви размислувања и ставови, некои работи неможат да се научат од никој друг туку само од соживотот со некој близок како брат или сестра.....да имаат и многу предности што се сами, но според мене има повеќе недостаток која се наоѓаш во таква ситуација :)
    има разгалени деца, без разлика дали е едно, две или три.....се зависи од начинот на кој родителите го воспитале, е сега понекогаш и тоа ако е едно дете има влијание во т.н. разгалување

    кога еден ден јас ќе имам семејство не би сакала да имам само 1 дете...но не се знае што не чека во иднина ;)
     
  5. Shelea

    Shelea Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    15.009
    Можеби ќе звучам и јас полна со предрасуди или не знам како, но... Искуството кое го имам со познаници, пријатели, луѓе - единци, ми зборува дека, на овој или оној начин, помалку или повеќе - да, разгалени се, себични, каприциозни и на моменти неподносливи.
    НО! Тоа не ги прави полоши од останатите, фала богу, едноставно се така навикнати, научени. Ми се случило низ разговор со некој, да го проценам дали е единец, само поради барањата и ставовите што ги има за извесни работи :) Има и луѓе кои ги имаат истиве особини, а не се единци, да се разбереме! Јасно е тоа, секако, но поголема ми е веројатноста единците да бидат такви какви што околината едноставно ги прави - тие се центарот на вниманието, не мора да делат, за нив се планира и се живее. Не се виновни што се сами, нормално. Разбирам дека се случува да не можат партнерите да имаат деца, и кога ќе добијат едно, му се тресат, што се вели. Имам неколку братучеди, единици, и сите се на различен начин воспитувани, но и сите се на различен начин разгалени :)
    Не би сакала да сум единица, имам сестра и знам што се’ ми значи и ќе ми значи да имам некој толку близок до себе, секогаш.
    Кога ќе бидам родител, се надевам на повеќе од едно дете. Жал би ми било да е само. Но, зависи од факторот - здравје, финансии. Сепак, ставот ми е дека би сакала повеќе деца.
     
  6. done

    done Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    24
    јас сум дете единец и слободно можам да кажам дека не сме себични, разгалени, суетни (нормално со ретки исклучоци). како прво јас сум научена на самотија, немам ни брат ни сестра и ми е ок, мислам дека сега не би поднела да имам брат или сестра оти не сум навикната на таа ситуација и не би ја издржала(а едно време многу сакав да имам помала сестричка, ама брзо ми помина таа желба :D ), навикната сум дома сама да се борам за мојот став и знам брзо сама да си донесувам одлуки и сама да си ги сносам последиците од тие одлуки, а разгалувањето доага од родителите, секое дете единец е галено од цела фамилија, само да не се помине таа граница. а кога ми треба друштво тука се другарките :), сепак има многу предности кога е едно дете, но има и недостатоци,а јас би сакала да имам две деца :)
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.088
    Jas sum dete edinec, ne bi kazala deka sum razgalena :) no kako sto kazaa prethodnite ne bi podnela da imam brat ili sestra. Valjda e toa normalno deka taka sum porasnala. Za drustvo sekogas se tuka prijatelite i ne sum pocustvuvala nekoja potreba za brat ili sestra. Eve sega imam edno dete mada maz mi saka uste edno :rofl: ama jas...dali e toa ok ili nedostatok kaj mene pojma nemam...
     
  8. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    620
    И јас мислам дека е така....сега не сакам некој да се лути ама тоа е мое мислење... ;)
     
  9. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    117
    и јас сум дете единче и воопшто нер сум разгалена имам другарки кои се повеќе деца во фамилија и тие се повеќе разгалењни одколку јас мислам дека тоа со разгаленоста и себичноста зависи од воспитувањето на родителите
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.774
    Допаѓања:
    77.779
    Единка сум,но излегувам од сите стереотипи.
    Имам карактеристики на најстаро дете во семејство во кое има 10 деца.
    Ниту разгалена,ниту захтевна,ниту хировита,ниту себична,ниту умислена,ниту самобендисана...само тврдоглава.
    Благодарам на мама и тато за тоа.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.398
    Ич не се лутам, разгалена сум, ама си ја знам сопствената граница, до каде можам да туркам - и себе, ама и сите други во исполнување на моите желби ;)

    Што се однесува до други работи, имам забележано посебно последниве години, како на пр. си земам нешто за себе и притоа не прашувам никој дали сака. :D Не станува збор за себичност, ниту сум скржава, воопшто, ама од навика немам потреба да нудам некому, мислам дека ако некој сака нешто , ќе си го земе сам, како што правам јас. :D

    Ме опоменале и пробувам да се поправам. Пред некој ден беше мој братучед на гости и он има помала сестра, и отворивме чипс, ми вика дај ми една чинија да им дадеме и на твоите.
    ???!!!!! :^)

    Викам - ни за милион години немаше да ми дојде на памет да одделам од чипсот за да дадам на моите! Ако сакаат нека си побараат или нека си земат! :lol:
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    767
    И јас сум единствено дете во семејството. Не би се согласила дека ако си единче се ќе ти биде дозволено и ќе бидеш разгален. Мислам дека тоа зависи од личноста на детето, неговиот карактер и нормално воспитувањето кое ќе му го дадат родителите. Дури мислам дека ако се повеќе деца во семејството најмалото е најразгалено :P ... За тоа дали би било подобро ако има уште едно дете би рекла дека има и добри и лоши страни. Лошите страни најчесто ги поврзувам со оние несогласувања кои во некои семејства се огромни меѓу децата а добрите со тоа што би можеле многу да си помогнат едно со друго. Лично на моменти мислев дека ќе ми беше подобро ако имав брат или сестра но сега кога размислувам подобро сваќам дека јас сум навикната да бидам сама и дека присуството на уште еден член во семејството помалку и би ми пречело.
     
  13. iloveyou

    iloveyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Mn se pronajdov vo tekstov :) Bas taka i jas nemam ni brat, ni sestra, no imam drugarka sto ja sakam poveke od sestra i premnogu mi nedostiga, koga ne e do mene, tocno e toa deka na sekoj mu treba drustvo, a na nas edincite uste poveke :)
    Potpolno se soglasuvam deka ne e tocno deka nie sme poslabi, ponesnaodlivi i poneizdrzlivi, bas sprotivno, mozebi fakt e koga si edinec dobivas se za tebe, megutoa i posledicite od nekoja greska moras da gi snosis sam.....
     
  14. valenTina.bT

    valenTina.bT Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    10
    Имам сестра и си ја сакам најмногу на свет ! Во животот само 2-3 пати сме се скарале.Убаво е да имаш брат или сестра.Ама не е во сите случаи така.Еве мајка ми има брат.Од својата 27-ма година се скарани .Мајка ми била среќна зошто јас и сестра ми се сложуваме.Неа и било пекол и понакогаш дури се каела што има брат. :doh: :|

    Некогаш е добро да бидеш единче.И не е точно дека се каприциозни и неподносливи .Имам многу другари единци и ептен добри. :)
    Можда се поразгалени :lol:
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Зависи од воспитувањето на детето. Ако родителите го направат ни вода ни киселина, што велат старите, не е битно дали е единче или има десет браќа и сестри. Во секој случај, јас имам брат, многу сме блиски, и за себе знам дека не би сакала да имам само едно дете, освен се разбира ако има посебни причини за тоа. Од моја страна гледано себично од родителите е ако го оставиш да биде само, кога ќе порасне може да му фали брат или сестра. Секако не е секогаш така, реков ова е мое мислење. Може и да бидат три деца ви фамилијата па едното да ужива безброј привилегии и угодувања а другите не толку. И тоа е разгалено нели? Се е до воспитувањето!
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.714
    Ова и јас сакав да го кажам. Ваквата ситуација е уште полоша: едното е разгалено - другите две фрустрирани зашто не го имаат истиот тертип.
    Децата кои растеле без брат или сестра не се разгалени. Знаат да бидат добри, услужливи, внимателни...
    Децата кои бараат што ќе им текне на памет, не ги прифаќаат туѓите мислења, кои мислат само на себе и на своите потреби... СЕ разгалени.
    Оваа класификација на децата според тоа дали имаат браќа или сестри не држи баш вода. Се е до воспитување и до самите родители.
    Имам брат од мене постар 4 и пол години. Се караме МНОГУ, но и во многу ситуации ми помогнал, ме поддржал, ми укажал на грешките. Не би можела животот да си го замислам без него или (не дај Боже) некој ден да се скараме и да престанеме да комуницираме. За џабе не рекле Брат брата не рани - тешко кој го нема.
     
    На kostadinka24 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    42
    Никогаш не сум посакала да бидам сама,ја сакам сестра ми најмногу,а за оние единците,нема да зборам се гледа од коментарите,сами си кажуваат дека не се разгалени,а другите што имаат бар само другари единци,го кажуваат спротивното,во кое и потполно се согласувам. Се извинувам ако некој навредив,ама така е...
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    188
    done so smislata na vtorata recenica so koja kazuvas deka si naucena na samotija,i deka ne bi podnela da imas brat ili sestra,bidejki ne si naviknata ,potsvesno doaga na povrsina ,,sebicnosta,,koja ja imaat decata edinci,sum polagaLA medicinska psihologija kade e dokazanona postoenjeto razliki na deca koi se sami,i koi rastele vo pogolemo semejstvo so poveke deca,jas imam edno dete,no zdravje boze nesakam da go ostavam samo,nitu da mu rodam brat ili sestra na golema razlika,sega prvo kako ke dade gospod,no jas imam sestra sto sme 2 god razlika i znam kolku mi znaci vo zivotot i kakvo detstvo sme imale igrajki si zaedno,i ke vi go citiram edno devojce koe imase 5 god ,mi se obrati so ovie zborovi;NIKOLA vi e vase dete,i jas i vikam DA moe e,taa mi vika ,ima on sestra,i vikam PA ON E USTE BEBE KE IMA USTE MALKU ZDRAVJE,TAA MI VIKA JAS IMAM SESTRA ENE JA ONDE,I VIKAM A TI SAKAS nikola da ima sestra i ona mene mi vika,NE ,NE,NE E VAZNO STO KE IMA ,SAMO NESTO DA IMA,,,,,,,SE CUDEV CEL DEN,KOLKU DECATA DODEKA SE MALI SAKAAT BRAT ILI SESTRA I PODOCNA AKO OSTANAT SAMI NA POVRSINA DOAGA ,,SEBICNOSTA,,nemojte da me razberete vo pogrsen kontekst,taa ,,sebicnost,,e toa sto veke se nauceni se sto ke se kupi da bide samo za niv,,,,,,,,,,,,,POZZZZZZZZ
     
  19. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    188
    E OVA BAS SAKAV DA GO DOLOVAM SO PREDHODNIOT POST,STO NAPISAV,FALA TI STO SAMA DADE PRIMER :clap: :clap:
     
  20. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    Никогаш моето дете нема да го оставам единче, нормално ако се е во ред здравје боже. Тоа за мене е нешто најлошо, тргам по себе, една сум само со мајка,,,брат ми е починат..јас сум сама...немам со кого да поделам некоја радост,,,ми фали она да кажам..брат ми дипломираше, брат ми ке се жени, брат ми стана татко, да бидам права тетка..моето дете од моја страна нема да има братучеди...мене ми е страшно....од друга страна мајка ми ме има само мене...јас кога тогаш ке се омажам... таа ке остане сама...
    Така да ке му пружам на моето дете се што јас не сум имала..мајка ми се кае што после смртта на брат ми не родила друго дете..но, знаете како е, зборат луѓе едно дете изгубила а друго ке раѓа.....
    Јас сакам 3 дечиња, здравје ако имам финансии
    А за тоа дали ке сме поинтелегентни ако сме сами илиобратно , нема благе везе...Се е до човекот.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.