1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детето - ЕДИНЧЕ

Дискусија во 'Дете' започната од Trendafilka, 6 јуни 2010.

  1. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Јас имам помала сестра и неможам животот да си го замислам без неа. Како мајка сум и. Додека не се врати дома по 20 пати и се јавувам. Често знаеме да се скараме, но неможеме да држиме лутина затоа што сме многу поврзани. Таа е мојата најголема поддршка и верувајте мене никој друг не ми требал во животот за муабет...ни дечко, ни другарки...јас секогаш си ја имам сестра ми. Не се сложувам дека сите единчиња се размазени, меѓутоа мислам дека го немаат истото чувство како нас, незнаат како е се да делиш, да не ти е целото внимание на родителите посветено само на тебе или па се да е твое...
     
  2. MeLL

    MeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    85
    и кај мене е исто, понекогаш мислам дека повеќе од мајка ми се грижам за неа. неможам да си го замислам животот без неа премногу ја сакам :)
     
  3. viki85

    viki85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    21
    Како можеш да кажеш дека петчлените семејства се најсреќни? А ние тричлените не сме среќни демек? Ги познаваш сите семејства на светот па да знаеш кои се најсреќни? Дај те молам, јас сум ќерка единица па најсреќна сум, а за дружење си имам другарки и другари, и воопшто не ми е тажно и досадно, не знам од каде вакви идеи ви се раѓаат дека децата единчиња се несреќни. Мене ми е супер сама, а ти не можеш да судиш дали е поубаво сам или не пошо ти не си единица :!: не викам дека имањето брат и сестра не е супер, ама тоа не значи дека ние децата единчиња сме несреќни, или помалку среќни од тие со брат и сестра
     
    На interesna и macysh им се допаѓа ова.
  4. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    И мене ме нервира кога ќе слушнам некој лелее кутрата едника е!Незнам кој им дава за право на луѓето да коментираат како е најубаво кога не знаат каков начин на живот водат другите.Ако има некои единчиња кои не се среќни не значи дека сите други се несреќни и обратно-ако некои петчлени семејства се среќни,незначи дека нема петчлени семејства кои умираат од глад во семејството.Така да,мислам тоа нема некоја голема врска со тоа колку деца се во семејството,важен е односот и воспитувањето кои ќе им ги дадат родителите. ;)
     
  5. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Кога бев помала сакав да сум единка, да не мора да ги делам играчките со никого, да не мора да ја делам љубовта на родителите, да не мора моите родители да делат пари и за едниот и за другиот, да не мора да гледаат дека на брат ми му немаат одамна купено ништо, па сега јас нема да ги добијам чизмите што ги сакам....итн.

    Ама кога ќе размислам не можам да си го замислам животот без брат ми, толку го сакам тоа разгалено, нервозно, лошо детиште, човек би убила за него, влакно не смее да му фали на главата, ако не во спротивно ќе си има работа со мене.

    Така да не знам како е подобро, дали повеќе деца или единка, само знам дека без брат ми не можам да си го замислам животот. :)
     
    На interesna и macysh им се допаѓа ова.
  6. samovilce

    samovilce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    15
    И јас сум дете единец ниту разгалена ниту скржава не сум совршена далеку од тоа ама животот тоа го прави носи среќа и нереќа јас умирав да имам брат или сестра ама не беше можно за =жал ;( првите братучеди ми се како сесри и браќа е сега имам едно дете и кога ке го гледам се враќам на моето детство скромно но полно со лубов ама сепак моето дете е осамено кога ке го гледам како си прави муабет со работи без душа со играчки .со перничето на кое спие ми е тешко јас сакам уште барем едно дете колку да има друштво ама толкави се можностите засега не се може :( татко и ја опсипува со играчки и лубов ама не е спремен на уште едно бебнце тој има и браќа и сестри па не може да ја разбере ситуацијата како мене ...незнам како да го убедам дека средствата не се се и работатат бе е се во животот на детето ..помогнете ми ве молам а згора на се кога ке слушнам како во 21 век умираат родилки се ежам ми е страв :|
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Знам како е да си единец-татко ми е , и една другарка израснати се со нивните братуцеди и братуцедки и ги сакаат како да им се родени сестри :lol:

    уШте како малецка, имав една зелба-да добијам сестрицка, но никако не ми се исполни, оти имам братце, со кое сме во постојани кавги за се и сеШто, но многу си го сакам, а верувам и тој мене ме сака :lol:
     
  8. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    не сум единка, имам брат и срекна сум заради тоа.. ке сум била уште посрекна ако имав плус и сестра. т.е ако бевме 3 деца во семејството.. но тоа е што е.. така одлучиле мама и тато :)
    сакам голема фамилија, и сакам кога ке ми дојде време за деца да имам 3.. се надевам ке ми се исполни желбата :)
    а за голем дел од семејствата што ги знам, а имаат само 1 дете, детето обично е многу себично.. затоа што не е научено да подели нешто, макар и чоколадо со некого..
     
  9. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Jaс сум единец... и среќна сум заради тоа.
    Како малечка посакував да имам сестра близначка :lol: и толку. Никогаш не сум инсистирала на брат или сестра. Живеам во трочлена фамилија `јас мајка ми и кучето`. :lol: Моментално четиричлена, бидејќи секое зимо ни доаѓа баба ми и ситуацијата е урнебесна....Четири жени од четири различни генерации, богами имаме сноп траги комични ситуации...но воглавном сме среќни. :)
     
    На Calypso и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    И јас сум екстремно среќна како единец.
    Никогаш не паметам да сум пекала по брат или сестра.
    Дури накривено ги погледнував кога ми викаа - сакаш да си имаш братче или сестриче? :^)

    Да, кога бев малечка имав навика да си зборувам самата со себе и си викав убаво да спиеш М, лека ноќ, пред заспивање :D , дечко ми вика - ама е тажно тоа, јас викам секако не е потажно од две дечиња кои се тепаат секој ден ко луди и си кубат коси, па мораат да ги разделуваат, а после кога се присетуваат на таквите случки, демек тепачките меѓу мали деца се некој убав спомен.
    :^)

    Во секој случај си имав убаво детство, дали дека имам многу први братучеди, разгалена сум во граници на нормалата, немам проблем со запознавање нови луѓе, напротив, подружељубива сум од некои кои имаат и брат и сестра, одговорно тврдам дека сингл дечињата се поснаодливи, а не страшливи плачковци и единствено ми е криво... :P
    што на пример моето детуле ќе нема тетка или вујко...
    но, ќе се погрижам да најдам некој со sibling па ќе го решам така проблемот. :D
     
    На calliope, Calypso, Offspring и 4 други им се допаѓа ова.
  11. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    И јас сум ќерка единица. Како помала една баба секогаш ми викаше мајкати ќе ти роди братчте и јас многу плачев ич не сакав и постојано и викав на баба та ти да си родиш мама нема повеќе да раѓа.Ама сега кога пораснав многу сакам да си имам поголем брат едноставно ми фали таква љубов, не дека не сум задоволена од нешто напротив, се што ќе посакам добива али не тоа тоа кога нема со кој да го поделиш! :( :)
     
  12. unique.lady

    unique.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    69
    детето единче е многу разгалено јас сум единец неќев ни брат ни сестра да не ми земаат ништо само мое но како што поминува времето се повеќе и повеќе сакам сестра да си помогнеме ама ете..
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.312
    Допаѓања:
    101.485
    Пол:
    Женски
    И јас сум единица во фамилија. Ја прочитав цела тема пост до пост и едно не можам да сватам. Дали знаете што значи збор ЕГОИСТ и СЕБИЧНОСТ и колку тешки зборови се тоа за така лено да се расфрлате со нив. Со кое право кажувате дека децата кои се единки се ЕГОИСТИ?? По дефиниција ЕГОИСТ е личност со претерано чувство на важност (на пример, ги пренагласува достигнувањата , очекува неговите достигнувања да бидат признаети без да ги спореди со останатите итн.) Јас вакви личности имам најдено најмногу кај оние кои имаат браќа и сестри. А мене моите ме начиле секогач да бидам самостална, не ме рагалувале, иако секогач сум можела да имам се што ќе посакам, не сум го добивала по секоја цена, туку требало да го заслужам со нешто или кога ќе имало повод. Мајка ми од кога знам за себе помага на други, еве сега иста сум и јас. Кај единицте е различно тоа што се научени на поинаков начин на живот, и се многу посамостални. Зборувам за самосталност во смисла на тоа дека знаат дека немаат на кого да се обратат за помош и сами ги носат одлуките во животот и ги сносат последиците. Еве пример од мојот живот. Кога сакам да си купам нешто, сама решавам, одам и го купувам, а другарка која има сестра прво мора да ја праша сестра и дали да го купи тоа. Во многу ситуации сум одлучна, а другарки и другари кои имаат браќа и сестри не се.

    А најжално е кога гледам браќа и сестри кои со годините толку се одалечиле еден од одруг и останале пак сами. Зар не е тоа поболно, да знаеш дека имаш брат или сестра а не контактираш ??

    И да во некои ситуации посакувам да имам брат или сестра, но сепак не жалам што немам.
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Епа вака, јас сум единка, но бидејќи живеевме во иста куќа со мои две братучетки и цело детство поминав со нив, се чувствувам ко да не сум. И плус, не ми беше дозволено се што ќе посакам, прво сум морала да заслужам или едноставно неќеле некогаш да ми купат тоа што јас сум сакала, па неќеле. Се сеќавам на полно такви моменти.

    Е сега се нервирам кога ќе слушнам/прочитам дека единците се разгалени, себични, егоисти бла, бла, а тие што имаат брат/сестра не се. Па јас цел мој живот со мои очи гледав дека не е така. Братучетките што ги споменав погоре, едната од нив е баш тоа што го опишавте за единците: себична, разгалена, егоиста, не сакаше да дели ништо со својата сестра, ама стварно ништо. Многу се караа за тоа. Со другава баш си се зближив и ја чувствував како сестра, башка и генерација сме, па нон-стоп сме заедно, се дружиме, се си кажуваме. Таа многу пати рекла дека јас сум и сестра, а не вистинската сестра што ја има.
    И уште еден пример, имам другарка што има брат разлика 1 година, би рекле супер, се дружат многу, ова-она, ама по тоа што јас го гледам не е така, едноставно имам чувство и дека не се познаваат и не знаат многу интимни работи еден за друг. Мислам дека јас знам повеќе работи за неа и нејзиниот живот/проблеми што ми има кажувано отколку брат и.

    Се е индивидуално, до воспитувањето е, нема врска дали имаш брат/сестра. Не велам дека единците не се себични и разгалени, има и такви. Но, има и такви и во семејствата со повеќе деца.
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Јас имам брат помал али секогаш ми било многу многу криво што немам уште една сестра или брат или и сестра и брат поголеми или небитно... Секогаш сум сакала повеќе деца да бидеме бидејки во животот родителите кога ке си отидат не сакам да останам сама..
    Мислам дека би било убаво секој да има брат или сестра бидејки тие работи што ке ги поминете заедно караници, бељи по дома, дружење и сите можни работи што ги носи животот се најубавите спомени. Затоа здравје боже јас сакам што поише деца да ми прават лом по дома :rofl:
     
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    целосно се согласувам со твоето мислење и мислењето на Ника, не се сите единици разгалени и себични, посебични се оние кои растеле со неколку браќа и сестри отколку единиците (не велам дека се сите ;) ), баш затоа што сум била сама и секогаш ми било потребно друштво, се што сум имала сум давала и ден денешен, но дека е досадно навистина е така, отсекогаш сум патела за брат или сестра, не ми е лошо се ми купуваат моите, несмеам да се пожалам, но подоборо е поголемко семејство, секогаш е поинтересно.

    постојано се прашувам какво е тоа чувство да имаш брат или сестра, овие прашања често им ги поставувам на моите другарки кои поотекнуат од бројно семејство, секогаш ме гледаат збунето без некаков одговор. :lol:
     
  17. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Eве неколку девојки ни докажаа дека не важи ако си единец дека си разгален.искрено јас сум имала такво мислење ,можеби зошто повеќето од луѓето кои ги познавам-единци, се превише разгалени,па така и ми доаѓаше логично....секоја чест на оние кои не се,т.е. браво за родителите што не допуштиле да биде разгалено,мислам поодвартно од лигаво разгалено дете нема,оди на живци :^)
     
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Незнам дали некој има право да дава карактерни особини глобално, или ако ги дава ... колку се тие блиски до вистината. Која вистина, чија вистина?
     
  19. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    и јас сум керка единица но никогаш не сум посакала брат или сестра ниту пак ми фалеле и никогаш не ми било досадно, и јас имам многу другарки кои имаат брат или сестра а се однесуваат многу поразгалено и сум ги гледала постојано како се тепаат :D со своите брака и сестри па може затоа ни јас не сум сакала да имам,мислам дека пред најважна улога има родителот дали ке го разгали детето или не :)
     
  20. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Имам сестра.. Мислам дека детето-единче нема на кого да ги каже работите кои му лежат на срце, проблемите(а секако сите работи не се кажуваат на родители :$ ) Мене лично многу ми е подобро кога се ке и раскажам на сестра ми, пошо нејзе можам да и верувам, знам дека нема да ја каже мојата тајна...
    Доколку бев дете единче(среќа не сум)ке се чуствував осмена,тажнаке немав со кого да си брбљам по цел ден и така..А тоа со разгалувањето нема врска имам другарка што нема ни брат ни сестра па е повлецена и упште не е разгалена, а имам другарки сестри што се разгалени, јас и сестра ми не сме разгалени и мисллам дури дека превише сме воспитани за ова време ама тоа е боље вакви него разгалени.
    Ова е мое мислење,а друго е ако мајката не може да има второ дете ;(