Само да кажам не може да споредувате љубов кон сестра/брат со онаа на пријатели или братучеди. Ко јас сега да кажам како ќе го сакам своето дете, кое го немам, ни можам да замислам, само да претпоставам ама споредби не се прават, ај со кучето да го споредувам Јас сум среќна што не сум единче, имам сестра за која се во животов би направила, еднаш правевме муабет со другарки дел беа единки и баш го реков тоа посакувам да имате почуствувано љубов кон сестра/брат, непроценливо е. Непроценлива е таа подршка, таа вечна поврзаност. А им завидувам на близначките и нивните поврзаности со сестрите посебно ако се еднојајчани. Во средно бев во клас каде имавме 10тина деца единци. Интересно беше што повеќето си се пронаѓаа и си се дружеа меѓусебно многу. Сите до еден имаа една карактеристика инаетот, мора да е се по нивно и повеќето беа посебични, иако за ова може и да си 10ти дете па да си себичен Еден ден дај боже да имам деца секако дека нема да имам едно, не сакам да му ја скратам таа братска/сестринска љубов. А и позабавно е поголемо семејство.
Не мора да значи дека ако детето е единче дека ќе биде инаетливо и себично, се зависи од тоа како родителите ќе го воспитаат. Јас имам брат кој е 6 години постар од мене, и ние никогаш не сме биле посебно блиски. Прво живеевме на ралични релации тој пубертетлија јас детиште од 8-9 години, потоа јас во пубертет а тој веќе возрасна особа. И постојано имаше некој конфликт, но еве како минува времето се поблиски станавме, но морам да кажам дека не сме којзнае колку приврзани. А во однос на себичност и инаетливоста и тоа дали децата ќе бидат разгалени ако се единци, јас сум премногу разгалена а не сум единка. Мене дома сите ме рагалуваа освен мајка ми, јас не прифаќав НЕ за одговор. Татко ми почина кога имав 9 години, а тој најмногу ме разгалуваше бев татина маза и тоа беше шок за мене. Јас веќе бев доволно разгалена, инаетлива и себична па и брат ми и мајка ми продолжија да ме доразгалуваат и така си пораснав, мислејки дека секоја моја желба мора да биде остварена. Кога го запознав мојот вереник кој е инаку единец, тој ми велеше дека некогаш сум неподнослива кога ќе се заинатам нешто, па мораше постепено да ми докажува дека неможе се да биде како што јас сакам. Се каравме за банални работи, зашто и двајцата сме тврдоглави се додека не сфатив дека понекогаш треба да се попушти, и еве сега ни е супер. Јас сакам три деца но мислам дека најдобро би било разликата во години да не биде поголема од 4 години, зашто како што погоре објаснив за мене и брат ми до 18 години помеѓу децата тешко ќе се оствари блискост поготово ако се од раличен пол. Кога би биле на приближна возраст сепак ќе бидат поблиски, и повеќе ќе се дружат.
во мојот круг има 2единки и 1 единец двете се себични(братучедка ми, и другарка ми) и по малку разгалени а единецот е и разгален и размазен-еден на мајка и на татко-татко ми ко мала можеби малку посакував да сум сама, но моите не мислеле така па си имам братче што мноооогууу си го сакам, и убаво што не сум сама
имам братучет живееме во иста кука а он е единец...значи нема нешто што му е пало на памет а не е добијал...плус прави собракајка а после месец дена му купуват нова кола ама не е себичен уопште баш напротив сака се да подели и да помогне колку сака...се секавам кога бевме мали секогаш плачеше кога јас ке му кажев; тебе О не ти е сестра мене ми е...а он жалниот само ке каже; епа јас сум ви брат бе хахаах никако не сакаше да се помири со фактото дека е сам и секогаш велеше дека сестра ми му е сестра... сега е цело типќе 20 и некоја години и сеуште ја преставува мојата сестра како негова...и за нова година вели; јас на моите не им опростувам со ме оставиле сам...моето дете ке нема ни тетка ни чичко....а сето тоа сеа му е уште по тешко бидејки очекува дете
Јас сум единче и мило ми е што е така...Да не викам не добивам се што сакам,разгалена сум ама тоа се случува во домен на семејството не во средината каде што се движам и дружам...Себична сум за тоа што моите родители несакам да ги делам со никој и тие работи што ми се прираснити кон срце инаку се друго сакам да помогнам кога можам и тоа го правам несебично...И не сме криви ние единчињата што најчесто ги добиваме работите кои ги сакаме и нашите се тресат над нас,не сме криви ние што сме единчиња... ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА СМЕ ЛОШИ ЛИЧНОСТИ !!! ( Нормално дека има исклучоци) Ама можам да кажам дека сум задоволна што сум сама,изгледа така сум навикната Како и да е и да си единче и да имаш браќа и сестри се си има свои слабости и предности
Маж ми е единец....понеразгалено, понесебично створење од него не познавам...на цел свет да угоди, за сите да има, па после за него... Од 15 години сам заработува, си чувал се, не аздисувал, иако и од дома е добро ситуиран....од 15 години на сметка си чува пари Имал можност и средства да стане и разгален, и распрден и со толку пари да тргне по лоши патишта...ама тој е спортист, што не мириснал алкохол...камоли нешто друго... Стално си викам...како успеаа луѓето вака да го воспитаат...секоја чест...или па до детето е??????не ми е јасно... Единствено, дома се што има ќе си изеде, не мисли дали треба за гости, или за утре...ако е со мене или некој, нормално дели, му текнува...ама од домче си е изгледа навикнат...што ќе се најде низ куќа за јадење, за него е купено значи...
Според мене дете единче е најубаво и кога би имала сакам само едно и тоа машко и ке си го викам Анхел или ЛукаЛуис
мислам дека е подобрто да се биде повеќе деца во семејството две или три единец или единица на мама и тато не ми се допаѓа по што еден ден кога ке порасне и кога ќе се омажи ќе и фалат роднини како сестра брат знам случаи кои се сами на мама и тато и си велат дека им е глупо сами.........како што ќе бидеш ближен со брат и сестра неможеш со никој друг........е сега ако е од оправдани причини да неможе да се роди второ дете тоа е веќе друго
Јас сум сама и секако дека не ми е убаво.Како помала сакав да имам постар брат за да ме заштитува,а сега сакам постара сестра Нити сум разгалена,нити себична,скржава.....Никогаш не сум добила се што ќе посакам,прво сум требала убаво да се потрудам за да добијам нешто. Сепак мислам дека тоа е се до домашното воспитувањето Ако некогаш ќе посакам да имам деца,ќе имам две и тоа ќе бидат блиску со возрастот
Единче сум. Галено, но во никој случај разгалено има многу голема разлика. Е сега за себична сум малку кога ќе ме прашаа како помала сакаш братче или сестриче јас велев не не не никако не можам да замислам мама и тато да сакаат некој друг исто колку што ме сакаат мене Само во тој поглед бев и останав себична поради љубовта на моите родители која не сакав и не сакам да ја делам со никој А тоа што напиша некој погоре за јадењето нема никаква врска И повеќето од работите кои сте ги напишале овде зависат од ВОСПИТУВАЊЕТО, а не од тоа дали некој има брат или сестра. Јас познавам многу луѓе кои се разгалени и посебични од мене и поинаетливи итн, а не се единици
Офф топик: Коса ми се крева кога ќе прочитам некое име ко второво. Ко бензинска звучи. На темава, јас сум единка. Дур бев мала и зелена, ми беше најубаво. Не разбирав каква е таа сестринска љубов, а како и на секое мало дете ми годеше што бев центар на вниманието. Никогаш не бев разгалена, срам ми беше да барам пари од моите, дури и за сладолед. Имам многу поразгалени другарки што не се единки, се` зависи од воспитувањето. Последниве 7-8 години всуштност сфаќам каков благослов е да имаш брат/сестра. Многу е полесно кога имаш личност плус што ја дели твојата крв, што те сака безусловно исто како твоите родители. Полесно е и кога лошите семејни моменти можеш да ги поделиш со некој за кој знаеш дека поминува низ истата ситуација како и ти. Ах мамо, мамо, зошто не ми направи братче/сестриче.
Немам ни брат , ни сестра за жал...И лута сум на моите заради нивните глупави изговори зад кои се вадат, што ме оставиле сама...Ние децата едници сме стварно специфични, секој на свој начин, се сложувам со некои претходни коментари дека одма ќе забележиш дека некој е единец Мојот живот не бил некоја ептен убава бајка , па јас сум разгалената принцеза, која има целосно внимание и се' што ќе посака...Имам многу внимание од моите кои ми пречи, значи толку се опседнати со мене што како стареат се повеќе се затвораат во кругот само тие и јас...Сепак сите домашни караници, болестите, немање пари се' то тоа сум го носела сама на грб Сметам дека ќе беше поинаку дома да не сме тројца, ќе беше повесело и секој проблем ќе беше полесен..Многу тоа сум протргала сама, и можам се' сама, секој успех е само мој, секој неусепх исто така, сите одлуки се мои и не сум се советувала со никого...Моите ме сакаат , многу многу но, не ме разбираат иако сум доволно созреана...Е сега да не бидат ептен трагична , имам јас многу другарки, една посебно ми е важна, имам и прекрасен дечко кој ми е најнајблизок човек на светот и секако дека спеделувам со нив но, во детството и некои најинтимни моменти од семејството тоа останува да го голтеш сам... Би сакала да имам голема фамилија и дечиња...И би се советувала , ако нема некоја силна причина раѓајте повеќе деца, љубовта е едниственото нешто што се множи доколку се дели , повеќе деца повеќе радости....
Имам 5 годишен син и веќе сум 5 години и во брак. Имам 31 година и читајќи ги вашите мисли навистина се замислив за второ дете. Имав многу проблеми низ кои што поминав во овие 5 години брак и бев решена дека второ дете нема да родам. Живеам во заедница со свекрва која е многу себична моето дете беше сведок на некои неубави работи и сакајќи да го заштитам некако решив дека нема место за второ дете. Работите полека почнаа да се средуваат иако сеуште живеам во заедница и веќе научив како да водам политика. Голема желба ми се јавува да родам второ дете, но се плашам да не ги преживувам истите проблеми повторно. Мислам дека најубав период на жената е тој кога е бремена. Навистина штета, многу жени се обидуваат со триста маки да забременат, а ние остануваме со по едно дете. Што мислите вие?
Тие што немаат брат/сестра и викаат дека не посакале, не знаат како е да имаш некој свој(освен родителите, се разбира). Со сестра ми сум поминала многу работи од тага, среќа, плачки, радосни вести, лоши/добри отцени и сл. Ти е потребен некој до тебе каде ке можеш во СЕКОЕ време да му се довериш, а да не треба да знаат родителите или било кој. Секогаш родителите не учеле на делење работи, почитување на нејзиниот став, чекање додека едната не се искаже... Имаше таков случај што мојата другарка беше единче, од причина што нејзините родители биле разведен уште кога била мала, мајка и сега на триесет и кусур години се омажи и жената си е среќна, арно ама керка и‘ не беше нешто најрадосна заради ‘свадбата‘ на мајка. Од причина што оттогаш па навака требаше мајка и да ја дели со уште некој. Значи беше себична во таа смисла, затоа што беше учена мајка и само неа да и обрнува внимание, само неа да ја сослуша, но тука е и исклучокот во материјалната состојба. Не ја имаа таа потпора многу, многу. Во секој случај дојдов до некој заклучок Дека на форумов, единчињата ги пишуваат најпаметните, најискрените и најинтересните за читање - мислења.
Јас сум дете единче и сакав брат и сестра но, ете така ми било пишано. Не сум разгалена, моите ми го пружиле она најпотребното...но, не и повеќе. Не сум себична воопшто сакам се да делам со блиски личности (освен дечкото) , само сум тврдоглава и инат!
За почеток и јас сум единка..и тоа посвоена ама не е тоа муабетот.. Во детството и младоста не можев да замислам да имам брат или сестра,тоа што сум сама ми беше така нормално,и не велам дека немаше позитивни страни..но.. ...како минува животот поинаку гледаш на работите, а кога ќе стигне и првиот удар во животот за кој си свесен е тогаш сваќаш дека нема со кого да ја поделиш тагата,а уште помалку и радоста.. ...а денеска гледам дека на родендените на моите деца и немам мои гости ,не дека роднините на мажот ми не ми се мили,едноставно немам кого да поканам..има многу такви прилики кога сум се сретнала баш со тоа чувство..или слободно да отидам на гости а да се осеќам како дома (мислам како што има сестра кај сестра)... ...има случаи како и мојот што е,кога мора да се остане на едно дете,но ако се имаат сите услови а да се ускратува нешто што се вика братска или сестринска љубов е за мое мислење надвор од паметот ..затоа имајте најмалку 2 (ова како да сум од рекламен спот на владејачката партија ),и не дозволувајте детето да ви се чувствува осамено..
Ова како јас да сум го пишувала. Се уште немам деца, но од кога почнувам да размислувам на таа тема секогаш сум сакала да имам близнаци или 3 деца. Се осеќам како ограбена за сестринска или братска љубов.
до 4 годнини , немав ни брат ни сестра сега имам 18 и имама брат 4 години помал од мене. имама многу другарки кои се единки,и секако има голема разлика меѓу мене и нив благодарение на тоа што имам брат.децата кои се едници/единци се посебични, по егоцентрични, секогаш сакаат да се во центарот на вниманието, преамбициозни, не знаат многу да споделуваат и да сочуствуваат, а исто така се многу понеодговорни. од самата гледна точка , брат ми што е помал е поразгален, родителите се поопуштени со него, ама па дечко ми кој е единец, на моменти дури е и полош од него, во однесувањето. нема поубаво од тоа да се има брат или сестра или двете, тие не прават подобри луѓе, но условите во државата се такви што тешко е да прехраниш и да израснеш едно дете и да му пружиш се па дури и повеќе од тоа што ти гу пружиле твоите родители,па камоли две. но, доколку имам услови ,да сум здрава и жива би имала две деца баш од причините кои ги наброив погоре, а и од лично искуство.
И јас кога бев мала,сакав да сум единче,се за мене Но како растев, дури посакав покрај брат ми и сестра да имам. Семејството е богатство
Јас не сум една, две сме ама сестра ми е мажена па сега сум сама. И многу ми е глупаво, сакам да имам друштво, да можам да бирам, никогаш не би избрала да бидам сама во семејството. И за мене си кажувам уште сега дека здравје кога ке дојде време сакам да имам две деца. Ке си прават друштво еден на друг, ке знаат да се заигруваат, и ке научат да делат, да не бидат себични. Дечко ми е единец и не му е јасно како кај мене во семејството кога станува на пример збор за наследство, моите ке делат на двете еднакво. Нему не му е јасно зошто и таа треба да добие, мажена била немала потреба итн. Не му замерувам некои работи единците неможат да ги сватат во семејствата во кои има повеке деца.