1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детето - ЕДИНЧЕ

Дискусија во 'Дете' започната од Trendafilka, 6 јуни 2010.

  1. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Според мене не е добро да се има едно дете, па зашто да им ја скратувате детската игра и тоа да имаат некој близок во нивниот живот, а тоа да не се родителите.. Јас имам брат, кој многу често знае да ме изнервира, но верувајте животот не би ми бил ист да го немам.. Тука е секогаш за мене.. Го сакам премногу...
     
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Кој ќе каже дека е единец и не е разгален до некаде се лаже. Тоа само така си се стекнува и не е некој вроден рефлекс. Навикнат во животот се да добива и тоа само за себе, да не треба тоа нештото да го дели со братчето или сестричката. Па ете од сите претходни постови кои ги прочитав сфатив дека се работи за потсвесно разгалени личности по самото тоа што повеќето кажуваат дека не почувствувале потреба некогаш да имаат брат или сестра.
    Јас имам брат, не сум единица (како и да се вика :lol: ) па признавам дека сум разгалена. Имам речиси 21год. и дури скоро го забележав тоа кога се најдов во многу такви ситуации како мало дете за лизалче кога плаче. :lol: :lol:
     
  3. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    јас не сум (за среќа)........сакам мн детни семејства ;) ;) ;)
     
  4. SieIstDieSonne

    SieIstDieSonne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    72
    НЕМОЖАМ без сестра ми!! И сите што имаат некој толку близок знаат дека НИШТО се споредува со таа безусловна љубов!


    Having a sister is like having a best friend you can't get rid of :D
     
    На kankus му/ѝ се допаѓа ова.
  5. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    читајќи ги мислењата на децата единци,кои велат дека не им треба брат ,сестра да делат со нив нешто,бидејќи имаат многу пријатели ,решив и јас нешто да си напишам :P |( Па неможе да се спореди љубовта на пријателита со љубовта на брат-сестра...јас имам сестра,и кога ми е тешко и нејзе и е,кога плачам и таа со мене и искрено повеќе ми значи нејзиниот утешен збор,него на некоја пријателка за која може утре ќе ми сврти грб или незнам дали воопшто е искрена или и е стало до моите солзи...А да не зборам за убавите моменти...кога ќе ги делам со сетра ми моите успеси и кога знам дека искрено се радува,а и јас за неа...
    А и велите не сакате да делите со некого... :?: Јас пак баш го сакам тоа...сакам кога сестра ми ќе си купи нешто а и јас да го проносам :wasntme: ,исто и таа,си делиме ташни,накити,буквално се...ми се допаќа кога ми ја прави косата за искачање,а нејзе кога ја шминкам-најчесто за искачање така се средуваме-она мене косата,јас ја шминкам ,заедно избираме комбинации,...и тоа ми се толку убави моменти со некој кој е твоја крв и за кој се би дал....Јас бидејќи сум постара и работам а таа е студент,секогаш кога си одам дома за викенд и купувам нешто било гардероба,штикли,накит било што..таа потоа си се фали на френдиците,и сите и велат леле колку добра сестра си имаш :lol: премногу си ја сакам :inlove: Таа е толку мила и добра и секогаш ме слуша,особено кога треба да с е тргне до продавница :D
    И незнам кој ги спомна оние тепачките ,кога сме биле мали и сме си кубеле коси...тоа не биле крвнички тепачки :rofl: ,туку мали работи на кои денес со убаво кафенце,си се смееме на нив...Јас не би сакала брат,но ете гледам многу членки супер си се слагаат со братот,некако позаштитнички делува,па браво за нив :clap:
    значи постов не е некого да разубедувам нешто,само си го напишав моето мислење...
     
    На Hiii, rossonerka, Jojoba и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Семејството се планира пред сe' според можностите и условите. Доколку родителите немаат доволно можности за повеќе деца нека е единче, но ако постојат можности, апсолутно сум против тоа детето да го лишат од незаменливата братска/сестринска љубов. Колку и да сте блиски со братучедите или другар(к)ите, да се има брат или сестра е нешто сосема поразлично. Никој не може да ви ја надокнади личноста што секогаш ќе се грижи за вас без разлика колку сте се скарале претходниот ден.
    Многу сум среќна што имам постар брат и знам дека животот не би ми бил ист без него. Најпаметните одлуки во животот ги донесов благодарение на него и секогаш е тука кога ми треба било каков совет.
     
  7. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    Најлош случај е кога родителите имаат пари, а од "мода" имаат само едно дете. Со тоа му одземаат важен дел од детството, а што е најважно не е само детството туку и целиот живот. Секогаш ќе има да се потпре на негово рамо, да ја сподели веселбата или тагата.
     
    На maca99 и SieIstDieSonne им се допаѓа ова.
  8. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363

    Потполно се согласувам со тебе! Еве јас сум единче поради финансиската сосотојба на мајка ми и татко ми. Мајка ми одела на работа, но немала решение и земала 3000ден, татко ми во рудник за јаглен работел и таму кога земај плата кога не и со мајка ми решиле дека ќе имаат само 1дете на кое ќе можат да му овозможат барем да се прехрани.
    Иако сега фала богу сме во многу добра финансиска состоја мислам дека сега е касно да имам брат или сестра за кои ужасно многу копнејам да ги имам! Ова ми е исто како еден дел од моево тело да го немам, али тоа е што, ги сфаќам мајка ми и татко ми бидејќи и јас да бев на нивно место исто така би постапила!
     
  9. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Една моја позната реченица гласи вака "Без разлика на финансиската состојба подобро да имам две деца отколку едно ЗАТОА ШТО наместо милка чоколадо што ќе му ја купам на едното дете ќе му купам на двете по една АГРОПЛОД затоа што по неколку години можеби ќе имам многу пари а нема да можам да родам второ дете од икс причини "
    Тоа е моја филозофија можеби сум во право можеби не можеби се сложувате со мене можеби не ама мислам на секој му треба братска или сестринска љубов која е незаменлива.
     
    На Serafima, SieIstDieSonne и Jojoba им се допаѓа ова.
  10. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Мене искрено не ми е јасно како може така да не сака некој да има брат или сестра :^) Не можам да сфатам поради што? Инаку единците не се сите исти тоа е факт, можеби некои се поразмазени ама не ги прави тоа лоши личности. Имам другарка единка која е стварно размазена ама е многууу добра душа. Од друга страна имав дечко единец многу самостален, воопшто неразмазен ама беше лош и себичен до бескрај. Јас имам брат постар од мене скоро 9 години, баш и поради таа разлика не сме биле нешто екстремно блиски, ама сепак се согласувам дека братска/сестринска љубов не може со ништо да се замени. Кога бевме помали секогаш го закачав, мн бев лошка како мала (ок де и сега :wasntme: ) никогаш не ми вратил, нормално доволно беше да ме допре па да ме онесвести :lol: , 3 глави повисок од мене и тогаш, а и сега до душа уште сум си ситна јас :$ Поентата ми е, најголема заштита ми бил он. Што и да му кажам нема да издаде, за моите дечковци иако не му зборам многу баш, сепак знае повеќе он отколку мајка ми. Иако не го гледам многу често, работеше едно време во странство, а и не живее во истиот стан со нас, над нас е, кога не е тука осеќам некој страв, не можам да опишам. Еве и сега не е овде на месец дена и мене ми е некако празно. Мн сакав да имам и помало братче за да имам со кој да си играм, ама постариов брат не би го менувала за ништо :)
     
  11. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Јас за среќа не сум единче и не би можела да си го замислам животот без брат ми! :)
    Разгалени се, научени дека сите ќе им угодуваат, дека ќе одат по нив... уффф во клас имам едно дете, единче е и незнае за зборот ДЕЛБА или ДОГОВОР. Не бре брате, како ќе каже он така треба да биде, епа неможе :) Многу се разгалени, и уште сега знам дека јас ќе имам најмалку 2 деца :$ Нема да чувам дома разгалено дете.. не не :D
     
  12. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Уште сум единче и се би дала да остане цел живот така, ама ете дури сега ке имам нешто уште не знам дали ке е брат или сестра ама у главном не можам да го смислам. и уште немам чувство дека ке има уште некој во кукава. баш и не го сакам :devil: . не знам како ке се привикнам :@
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Леле Мартинушка како можеш да мислиш така? :worried: Па тоа ќе има крв како твојата. Знаеш ли што значи да имаш брат или сестра покрај себе и колку е убаво чувството?
     
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    да точно се е до тоа како ке го воспитаат..
     
  15. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Не знам што значи...Сама сум...Единче. Не можам да знам. Се надевам дека е убаво чувството, многу поубаво од ова моментално што го имам ;( . И сама си викам дека сум лоша и злобна ама тоа е...Разочараноста си го прави своето.Ама да сме живи и здрави па ке видиме што ке биде за некој месец
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.324
    Допаѓања:
    101.545
    Пол:
    Женски
    Martinuska и јас сум единица, ама се би дала да не е така. Кога ќе ти дојде приновата во семејството, верувај дека ќе го/ја сакаш најмногу на свет и нема да ти се испушта од рака. Не биди толку размазена, отвори си го срцето. Па голема си 18 години, зар така да размислуваш. Ајде само позитивно и радувај се на бебчето. :)
     
  17. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    До родителите е , како ке го воспитаат детето.
    И јас сум единче но се нервирам кога некој ке рече сите единчиња се разгалени.А не е така, јас не сум воопшто разгалена.Ако згрешам нешто ме казнуваат, не добивам се што сакам (веројатно и не заслужувам) но тоа е тоа.
     
  18. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Лелеее искрено децата кои немаат сестра или брат ги жалам...родители некогаш нема да ги има..и тоа само ќе остани..незнам мојот живот без сестрами не би бил ист ми се чини...секогаш кога ми е тешко таа е тука до мене...можеш да има милион другарки ама сепак како шо ќе ти се најди сестрата или братот во животот нема никој да ти се најди
     
    На SieIstDieSonne му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Имам пишувано на оваа тема, и еве сега пак ќе пишам. Но, сега малце поинаку.
    Јас сум една. Многу ми е тешко сама. Мојот дечко е исто така еден. Моите деца нема да имаат 1ви братучеди, оние најблиските. И замислете уште да го оставам детето единче.
     
  20. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Прво да кажам дека не би се сложила со тоа што повеќето луѓе го тврдат. Дека единците МОРА да бидат разгалени или себични итн. Прво, познавам деца единци и не, не се ниту себични ниту разгалени. Прво се си зависи од начинот на воспитување. Се подразбира дека кога си единец сета љубов родителите тебе ти ја посветуваат, меѓутоа и не мора да значи дека подоцна истите деца ќе бидат размазени. Како што реков, се си зависи од начинот на воспитување.
    Јас не сум единка, имам сестра и покрај тоа што ми е и сестра, она ми е и најдобра другарка иако е помала од мене и понекогаш знаеме да се скараме. :)
    Поздрав до неа :* :hug: