Не, не сум единче. Имам две другарки кои се сами. И не, не е до тоа дали си сам или не- се е до родителите, како тие те воспитале. Едната од нив е себична, сама си кажува дека ако има брат или сестра не би било исто и дека ќе треба да дели со некој а се до сега е научена се да е за нејзе. Таа не е навикната да дели, тоа за неа е научна фантастика . Кај неа важи правилото што е твое е и мое, што е мое си е само мое. Е другата е чиста спротивност, како да е растена со 100 браќа и сестри. Ма се би дала за тебе. Таа нема да јаде за ти да јадеш. До ден денес збори дека сака да си има со неа братче или сестриче, иако е свесна дека е невозможно од ХХ причини. Како и да е начинот на воспитување од страна на родителите е најбитен за детето единче.
jas sum dete edinec bez brat sestra majka i tatko baba i dedo me galea no vo zivotot sama se borev tesko e da se boris so site problemi bez sovet ili ramo za placenje poradi razlicni svakanja so moite dedo i baba mnogu retko im se otvarav i barav sovet posakuvam da imam postar brat da pocustvuvam zastita ili sestra so koja ke spodelam pregratka i bolka [mod-kirilica:2smnwl7e][/mod-kirilica:2smnwl7e]
Ретко кој единец останува со едно дете. Кога си дете прекрасно е да си единец.Целото внимание е посветено на тебе.Ама кога ке станеш возрасен и целиот товар останува на тебе ...е тек тогаш е тешко.
И јас сум дете единче... Кога бев помала супер ми беше: се добивав јас, се имав, бев галена, бев миленичка... Не сакав брат или сестра, убаво ми беше. И сега сум миленичка на моите и на најблиските бидејки сум најмала во семејството и сега добивам се и сега имам се што сакам, ама мислам дека ако имав брат или сестра ПОГОЛЕМ/А ќе ми беше поубаво. Сепак не сакам помал/а лигуш/ка по која ќе морам да трчам и да се расправам.
И јас сум единка на мама и на тате,убава таа Обично кога ќе се спомне дете-единче се помислува на разгален,егоистичен слабак,тоа е одма по автоматизам реакција на повеќето...Е сега,разгалена не сум,знам за доста, знам за немој, знам за граница. Никогаш не сум цмиздрела нешто по секоја цена да го имам-сега,одма и веднаш.Кога мајка ми ме носеше во продавница како мала,секогаш кога ќе ме прашаше што сакаш да ти купам,одговарав што ќе ми купиш,тоа.Дури можам да кажам дека мала бев многу поразумна,отколку повозрасна,кога побарувачките мои не можеа да чекаат некогаш Всушност,кога бев дете не се ни чувствував осамено,зашто пораснавме заедно со уште неколкумина братучеди,така да не бев единка која беше затворена во стаклено ѕвоно дома и никој не даваше прашинка да падне на неа,па евентуално да ја скрши или оштети. Според мене се е во воспитанието и самата личност нормално.Их бре,какви разгалени деца познавам а не се единци,какви испади имаат,па јас за нив сум цвеќе за мирисање И се е до навика..Оние кои имаат брат или сестра убаво им е така,мене ми е убаво вака..Можеби затоа што не знам за поинаку..не велам дека некој ден нема да ми фали присуство на некој со мојата крв,ама па некогаш кога ќе видам какви братско-сестрински односи има,си велам подобро една,отколку со брат или сестра а исто ко без нив.
Поголемиот број што ги знам а што се единствени деца биле разгалени. Отсекогаш ме нервирале такви деца - од типот кога се разлигавува и плаче (читај: со сила) на сред супер маркет, нема почит кон никој возрасен, пцуе уште од 3 години а неговите родители се смешкаат и викаат: леле колку е паметен, толку мало а знае да пцуе, ја мава мајка му кога нема да му купи ништо... итн. Но има исклучоци - секоја им чест. Не мора да значи дека ако е единче мора да е разгалено. Колку културни и воспитани дечиња и луѓе сум сретнала, а единчиња се, или пак не се единчиња а некултурни се. Јас не би сакала да имам едно дете, мислам дека ќе се чувствува осамено.
И јас сум дете единец... и признавам дека сум разлигавена но сепак си имам свои границии. Знам дека не можам секогаш да го добијам тоа што ќе го посакам. А отсекогаш сум сакала да имам брат или сестра.. да почувствувам како е.. да имаш некој што нон стоп ќе те замара.. но и да знае да ти помогне во тешки моменти, да ти даде совет..заедно да споделувате тага и радост. Знам дека не е убаво да си единец но сепак ние не сме за тоа криви.. единствената кривица ја давам на нашите родители кој поради х причини не можеле да си дозволат да имат 2ро дете. И да напоменам дека не мора да значи дека сме скржави.. И како што напомена Трендафилка за случајот со чипсот.. иста сум и јас. .немам навика да нудам.. ако сакаш земи си.. исто како што правам јас - ДА ЖИВЕАТ ЕДИНЦИТЕ
Јас сум дете единче и не ми е баш најубаво. Одсекогаш сум сакала да имам брат или сестра, но ете .. Не е вистина дека сите се разгалени, себични .. Зависи во каква околина растело. Јас лично не сум разгалена, но сум себична, несакам да ги делам луѓето со некого, кога ќе видам некои сестри, браќа или брат и сестра како добро се сложуваат, комуницираат и се среќни ми се насолзуваат очите. Кога ќе одлучите да имате деца, не бидете себични, имајте најмалку две, се разбира ако не сте спречени во тоа .. Никогаш не би си признала дека сум таква, но еве на тука се отворив .. Не се жалам сепак, благодарна сум на прекрасните родители ..
Јас не сум единче,но во некои моменти посакувам да бев бидеќи се треба да делам со братми,но со самите години како што растиш сваќаш дека да си сам е многу тешко друго е кога имаш некој кој знаеш дека е секогаш тука за тебе освен родителите
Јас сум единка, убаво ми е сама...ама некогаш си викам оти да си немав една сестричка, и воопшто не сум разгалена...на пример кога сум била помала кога ќе ми речеле не тоа и јас сум сум знаела да се разберам од збор... не сум себична....кога имам јас имаат и тие околу мене, на пример другарките што сме.... кога сме на одмор ги здружуваме парите и се се троши заеднички, или пак јас ако има пари за во дискотека одиме сите три или обратно.....
Јас имам другарка која е единче. Ич не е разгалена или лигава. Отсекогаш е сакала да има брат или сестра, понекогаш знае да каже ’ Ај дај ми го на мене брат ти, нека ја на тебе сестра ти’, оти ние сме 3 деца дома. Секогаш кога си купе нешто на неа и на мене купе или поделеме си го јадењето. Таа ми е како сестра. Дури ни сестра ми нема направено толку многу за мене како неа. Еднаш и се налутив за нешто,ама не можев да издржам ни еден ден без да и’ кажам што ми се случува,да се пожалам и одма наредниот ден се простивме. И јас сум и‘ на неа како сестра која никогаш ја немала. Единствено нешто што ни пречи е далечината, таа е од друг град и едвај чекаме да се видеме.
Единци- како и сите луѓе на планетата ги има со различни карактери. Јас познавам и разгалени и супер карактери. Се’ си зависи од домашното воспитување и од свеста на родителите. Колку повеќе го разгалуваш детето- толку полигав карактер ќе има. Навистина разбирам дека кога имаш едно дете, целото внимание го посветуваш на него, но тоа не е причина да замижиш пред сите негови киксови и гршки. Треба да му се покажат границите, па понекогаш и заби- наместо да го чуваат во “стаклено ѕвоно“, бидејќи утре, реалниот свет ќе го прегази- нема да го тапша по рамо.
Токму така ФИБИ, потполно се согласувам. Еве моево дете е единица, дека е галена и мазена е, си признавам... ама од бабите и дедовците. Нас ни е прво дете, на нашите родители прво и сега за сега единствено внуче и нормално за нив е да ја чучкаат (по старински речено ), мазат и сите желби да и ги исполнуваат. Дури и моите ми рекле-кога е кај нас, оставете ја што сака нека прави (макар тоа значело да збеснува и да аздисува ), ја галиме само денеска, оставете ја...(Да, да Ви се качи на глава , а после и на мене..како не ) Јас и маж ми сме и секогаш сме биле тие кои поставувале кочници. Сега ќе прави 5 год. и разбира кога ќе кажеме НЕ.....НЕ значи НЕ и готово. Никогаш не ни се случило да влеземе на пр. во некоја продавница со играчки и да запне да ја добие по секоја цена, има случаи кога деца пиштат и рикаат, дури и се ваљаат по земја ...е тоа никогаш не сум можела да го сфатам, како родителите дозволиле детето да им стане такво распрдено и лигаво. Уште кога почна да разбира, почнавме и ние да и` ускратуваме некои работи кои сметаме дека не треба да и` се дозволат. Не дека не сакаме да и` ги купиме или не можеме да си дозволиме, едноставно сметаме дека не и` се на пр. потребни. Секогаш сум искрена со неа, ако рече на пр. мамо ќе ми купиш исто фустанче како девојчено? Колку и да ме прашува со искри во очињата и целата ваква не ја лажам, туку и велам НЕ и и `објаснувам зошто. Не сакам да мисли дека се` што ќе посака секогаш и ќе добие, макар и да се работи за банална работа. Сето тоа е со една цел....да сфати дека нема секогаш да биде по нејзино, дека животот нема да и` биде послужен на тацна и да научи до каде се границите на нејзините желби. Токму така..не сакам утре реалниот свет да ја згази. Кој ќе биде крив? Јас Јас затоа што не сум дозволила да излезе од стакленото ѕвоно и да соочи со светот.
Точно така lolyta777 .... се со еден разговор се решава..... оти јас мислам дека самите родители го градат карактерот на едно дете...во овие 5 дена видов едно тотално грешно понашање на родители..... никаков разговор со детето туку ќотек и тоа страшен....детето по земја се прпелаше ако не е на неговото....или пак плука вришти мислеш дека го коли некој,....страшно...а пак додека фамилијата каде што живеам децата се скоро 2 години ама потполно се се разбираат.... знаат што не а што да.....ама родителите многу разговараат со нив....а не само диво со детето а и се да му се дозволува......
Јас имам другарка и таа е единче , секогаш ме сака како сестра , сака да и помогнам така да многу ми е мило што може да се потпре на мене , како сестри се чувствуваме . Не е разгалена но сепак и недостига брат/сестра .
Кога бев многу мала сакав да сум единица, од таа причина што мислев дека таткоми ќе се смени, дека тој кон мене се однесува така ради мојот постар брат... Сега поминаја многу години и мислам дека сепак сум благословена што имам брат, се караме и ден денес, ама брат си е брат. И си викам мајка ми имаше право кога ми велеше тешко е да растиш сама. Таа е единица. А тоа дека единиците се разгалени, немора да значи дека во сите случаи е така. Разгаленоста и ред други работи доаѓаат од страна на тоа како родителите ги воспитале тие деца ;]
Единица веќе 21 и една година, ниту пак има теротеска шанса да имам брат, сестра. И тврдам дека стереотипот дека сите единици се разгалени и неточен. Не сите има некои номалано, но јас знам многу што се двајца или тројца и едниот од неодредени причини го разгалиле до максимум, па им се качува на глава на сите други. Убаво е да и единец во оние моменти кога сите ти обрнуваат внимание на тебе, се е за тебе, буквално, и да не гледам од правен аспект, се единствен наследник така не учеа на факултет На моменти сакам да имам било што брат сестра, на моменти не, сепак сум научена да бидам една, такви ми се и навиките и дома, и општо. Не сум била галена до таа мера, да не ми се викало не. Мило ми е за едно, бидејќи благодарение на тоа што сум една, ми приуштиле СЕ во животот, многу патувања, искурзии, по два-три одмори, зимувања, и никогаш не штеделе на мене.Неможам да се пожалам дека ми ускратиле било кое задоволство. И од емоцинален аспект, секогаш биле свртени околу мене, сите, за секој проблем за се, сум имала безусловна љубов и подршка.
Па и јас сум си единка и многу сакам да имам братче но тоа не им го признавам на луѓето по друга страна па си ја обожавам самоќат добивам тоа што сакам и не ми треба да си делам со други многу луѓе викаат дека сме себични но се е во тоа како родителите те воспитоа...
Добро знам како е да растеш сам а како со брат или сестра со оглед на тоа дека 9 години, близу 10 бев една на мајка и татко а сега имам брат.Детството го поминав сама и не можам да се пожалам од тој период но на моменти тешко ми беше кога сите околу мене имаа со кој да гледаат цртан филм, да менаваат облека, да се гушкаат, да плачат заедно...Немав некоја огромна желба за брат или сестра од причина што бев навикната да бидам сама но кога ми рекоа дека имам братче се затворив во соба и плачев.Плачев од среќа, плачев бидејки не можев да си го замислам животот понатаму, чудно ми беше.Сега пак денот не можам да го замислам без брат ми.Ете се е навика. Што се однесува до воспитувањето на детето единиче не мора да значи дека е разгалено.Сите што не познаваат мене и брат ми велат дека тој е многу разгален а јас сум била мирно дете.Јас за тоа ќе речам се зависи од карактерот на детето. За себичноста исто не се согласувам дека децата што растат сами се посебични и не знаат да делат.Јас немав никаков проблем со тоа дека бев навикната се да е мое па наеднаш требаше да ги делам нештата.Баш напротив дека е многу помал од мене мојот последен залак нему му го давам, столчето кое сум го чувала 16 години ете тој седи на него па и го скрши.Ме боли, се лутам и ми поминува.А ако бев себична немаше ништо мое да чепне. Мислам дека баш напротив децата кои растат сами се многу по чувствителни, страмежливи и повлечени.Обично оние кои не се први веќе имаат пример пред нив и со тоа си земаат за право повеќе слобода, похрабри се па и по поразгалени. Кога почнав да излегувам, јас имав повеќе проблеми од колку моите другарки кои по некоја случајност се втори деца.Моите не беа навикнати да пуштаат дете само ноќно време а јас не знаев како да соберам храброст и да ѓи прашам да излезам до доцна.Родителите на другараките беа веќе навикнати на тоа па и добиваа поголема дозвола од мене. Нивната сестра/брат бараат нешто, бараат и тие.Јас навикната бев на тоа што ќе му купат тие останува само на тоа.И до ден денес тато трча по мене да ми даде пари за храна или излегување бидејки јас не знам да побарам.Брат ми пак сосема спротивно од мене. Кога јас бев на негови години легнував во 9 часот а него едвај во 11/12 го легнуваме.Даде седи до касно, сакам и јас.И ете што ќе му правиш. Затоа уште еднаш ќе речам прво се е до карактеро на детето па потоа воспитувањето од родителите.