1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детето - ЕДИНЧЕ

Дискусија во 'Дете' започната од Trendafilka, 6 јуни 2010.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Јас сум единка и верувај дека сум далеку од разгалена за што сум многу благодарна. Воспитувањето пред се зависи од родителите, а не колку ве има во семејството. Сепак, се би дала да имам брат или сестра. Затоа јас ќе имам најмалку две деца, здравје :D
     
  2. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Епа повеќето деца единци што ги знам се лигави и размазена....ама не верувам дека е до тоа колку деца се, туку до воспитувањето и грижата од родителите....
    Ете едно девојче што учеше со мене не беше воопшто себично, позајмуваше секогаш пари, ти даваше нешто ако немаш, значи стварно делеше се, ама затоа беше ненормално размазено...По дома се дереше ако не и дадат да си купи нешто ( а мислам дека секој втор ден си купуваше и тоа скапи работи ) и после тоа родителите ќе и кажат само добро и ќе и дадат пари...
    Се дереше ако ја тераат нешто да јаде што нејќе ( т.е не ја ни тераа само ќе и спомнеа), или ако и кажат да оди негде кај што нејќе....да не збориме за тоа како се однесуваше ако негде не ја пуштат...мислам дека нема врска со тоа што е единка туку до родителите е....знам и уште едно девојче што е научена да биде во центар на внимание и се однесува мнооогу лошо кон родителите и ја трпат....од друга страна пак знам девојче што има брат и се однесува исто како овие две..значи се е до родителите,нивната заинтересираност за своите деца и нивната храброст и авторитет
     
  3. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    бев и планирав да бидам, се додека пред 2 години не ми се смени животот. :(
     
  4. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Немаам ни брат ни сестра но никогаш не побарав од родителите нешто да ми купат затоа што мислев ако им побарам нешто да ми купат можеби нема да можат да ми купат.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    На LaraSolare, calliope, SmilerGirl и 15 други им се допаѓа ова.
  6. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    И јас сум единствено дете на мама и тато :) Искрено никогаш не сум посакала брат или сестра,да им викам на моите сакам и точка :^) Себичњак :lol:
    Имам и сум имала се што сум посакала но,никогаш не сум била размазено створење да се дере,да се треска за да му купат нешто.
    Јас сакам да имам две деца.Не дека мене нешто ми фалеше сама,па затоа туку чисто онака повеќе дечиња,поубаво, да си се имаат едно со друго :)
     
  7. Calypso

    Calypso Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Kaко дете единче на самохрана мајка и со вереник кој е исто така единец потврдувам дека единците се мирисаат меѓу себе, но контрадикторно е што најблиските другарки ми доаѓаат од големо семејство, односно имаат браќа и сестри.

    Да се биде единец не значи да си размазен. Затоа што родители размазуваат со материјални работи, а за тоа требаат примања и пропуст да искараш сопствено дете кога ќе направи белја.
    Ако си единец не значи дека штом посакаш пц од 500 евра утре ќе ти е испорачан на врата со машна. Напротив од мое искуство за се што сум сакала да имам, сум работела да го добијам или сум штедела односно не сум јадела на факс за да си го купам. Ваква ситуација постои и кај деца со браќа и сестри. Ништо ново.

    Предноста на единец е во момент на неделење кога се работи за облека, седење на пц, шминка, подоцна станови, коли или фамилијарен бизнис. Кога ќе заврши предноста кај материјални работи и ќе премине во неделење на чувства, таа предност се конкретизира и преминува во маана, бидејќи немаш со кого да споделиш убави и лоши ситуации. Да споделиш мислење, став или да имаш друштво во 3 сабајле кога ти е тешко. Немаш бре кого да малтретираш. :rofl:

    Децата со браќа и сестри уживаат во несебично споделување на емоциите. Секако ова важи ако потекнуваат од хармонично семејство каде односите се градени на здрав начин т.е се научени меѓусебно да се почитуваат. За жал тоа е ретко. Поназад прочитав навреди спрема единците кои не по сопствена волја се скратени да уживаат во братско/сестринска љубов. Би замолила во изразување на ставови да се воздржат од навреди кои без конректни ситуации и аргументи водат до генерализација.
    Сите единци можеме едногласно да потврдиме како контра аргумент на такви навреди дека голем дел од браќа и сестри очи си копаат за 20 квадрати или смртно се скаруваат за спрат од куќа. Дека по комшии оговараат сопствена сестра или дека внучињата кои треба неизмерно да ги сакаат, не можат да ги удостојат со една чоколада макар од 30 денари.

    Криво ми е што моите деца од моја страна, а како што тргнала и од машка страна нема да имаат први братучеди. Но за сметка на тоа ќе бидат ситуирани доколку би биле две или три, а јас и мојот иден маж ( ако биде сегашниот ) феномално ќе се разбираме и подржуваме, како што сме правеле до сега, бидејќи знаеме како е да се биде единец и осамен кога е во прашање споделување на емоции.
     
    На JoxyTheFreak, Phyramide, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Rosewood

    Rosewood Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    60
    Се сложувам со мислењата на повеќето феминки дека да си единец не мора директно да значи дека си и размазен, неблагодарен, себичен... итн.Се зависи(ќе се повторам и јас)од воспитувањето на родителите.Јас сум била мазена и галена и се, но сепак поставиле некои граници и тука нема дискутирање веќе Не навистина значи Не.Сепак не е и се сјајно кај децата кои растат со браќа и сестри.Јас имам 2 поголеми братучетки кои се 2 години разлика меѓу себе и заедно го поминаа пубертетот.Страшно со еден збор е премалку да се опише.Тоа беше општ хаос кога и да бевме кај нив.Карање, дерење, лудница.И ден денес е така ете, поголемата има повеќе права (односно некако се чувствува дека била повеќе сакана и на неа и повеќе се троши) помалата е позанемарена.Како што реков, се зависи од начиниот на кој ќе се воспита детето.Тоа единствено и го замерувам на тетка ми.
     
  9. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    И јас сум единка можам искрено да кажам дека воопшто не сум размазена,секако за тоа допринеле моите и Фала им!!! Не се сложувам со тоа дека единките се размазени познавам многу пријатели каде што се брат и сетра,две сестри итн. и се претерано размазени дали ради негриза од страна на родителите или од преголема љубов додека биле мали незнам :x Секако многу сум сакала да имам поголем брат и сум се восхитувала на моите другарки што ги имале. Сега имам ќеркичка и некако нема да ја оставам сама да нема со кој да се скара,да се степа :rofl: Се шалам! Множете се луѓе децата се благослов и најубав подарок што можете да го имате! :* :* :*
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Мене во принцип најголем проблем ми е тоа што снаодливоста и самоиздржливоста на децата единци често се меша со себичност.
    Јас не се сметам за себична, ниту скржава особа.

    Ама работам и живеам по принципот - секој за себе.
    Тргнувам од најпрости работи, во смисла, одам да си земам нешто од фрижидер и - не прашувам никого околу мене - а да не сакаш и ти?
    :^)
    Мислам човече, незамисливо ми е тоа, секого да го нудам и потканувам; има, стани, земи си.
    Ниту барам од некого, ниту нудам.

    А тоа очигледно им паѓа тешко на луѓето.
    Што знам, можеби не треба да е така, ама барем знам дека можам секогаш да се потпрам сама на себе. Да не чекам од други, ниту да се надевам.
    А како што дојде такво времето, оваа особина ми е од голема полза.
     
    На M.a.r.i.l.y.n и Hipster им се допаѓа ова.
  11. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Јас имам братче така да неможам да кажам конкретно за единците ништо.
    Ама најдобриот пријател кој ми е комшија е единец и можам да кажам дека дури и ние двајцата со брат ми сме поразгалени од него, а не не подгалуваат.

    Не е во прашање финансиска состојба,напротив одлично стојат финансиски.
    Се што сакал морал да го заслужи па макар тоа било и ситница.
    Само ако некој родител сака да има одговорни деца научени на животни вредности,морали и принципи ќе го третира така без разлика дали е детето единче или не.
    И затоа некако му завидувам.
    Што брзо научи како функционира светот и што се ќе му биде потребно за да просперира. Научи да цени се што добивал и да го чува па макар било и нешто незначајно и ситно.


    Па,кратко и јасно,не единците не секогаш се разгалени детишта кои се траќаат од земја додека не добијат нешто.
    Тоа е ептен генерализиран став.
     
    На tinkerbelll и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Бев единче за 10 години, втора година ми е со братче.
    Интересно е да си единче. Незнам дали е до мене, но како што одеа годините, се јас внимание добивав, се јас бев прва, само мене ме фалеа и ти е глупости. По некое време, ти дознаваш постепено дека не си доволно самостојна и помалку разгалена. Почнаа да ме нервираат сите со фалење и тие работи, па јас почнав да си терам сама. Е сега за мои години, тогаш станував сама, си правев сендвич и право во школо.
    Домашните само јас им берев гајле, никој да не ми помогнел. Е сега ова се случуваше откако сватив колку е глупаво што цело семејство те галат... И ЗА ШТО? дека си најмала :?:
    По самојстојниот период, си сакаш некој. Барем така со мене, си сакав мало братче.
    Татко ми и жена ми се венчаа, па и тоа возбудливо. Ми кажаа дека е бремена по една недела, дека ќе имам братче! ЖИВИ РАДОСТИ!
    Ова го спомнав бидејќи да си единче не е најдобро. Отако имаш некој, се чувствуваш сигурно и задоволно. Сега ти имаш некој за да се грижиш. Секако имав проблеми со вниманието позветено кон него. Не бев многу расположена на почеток, но тоа беше преголем контраст до мојот претходен начин на живот.

    Животот за крај е прекрасон, да си делиш задоволство со некој друг :D Сите животни морали ќе це научат вака. Одговорност и и да бидеш пример.
    Значи за крај, убаво е да си единче на почетокот, за малку, но потоа многу е подобро за развојот на детето да си имаш братче или сестриче, да научиш.


    Се надевам дека се изјаснив ]:) :rofl:
     
  13. angel95

    angel95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    76
    Единка сум.
    Можеби на моменти ми недостигале братче или пак сестричка,но секогаш успешно го прикривав тоа.
    Не се сметам себе за разгалена,отсекогаш се трудев тоа што го добивав од моите да ми е заслужено.
    Сега како моите се на пат,некогаш и со недели ми доаѓа желба да гушнам некое мало детенце и да му читам.Да имам дел од мама и тато дури и кога нема да бидат тука.
    Но тоа е тоа.Веројатно така требало да биде. :)
     
  14. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Незнам, али според мене таквите се и најлигави, се сакат да биде по нивно, бидејќи се им е дозволено..знаете едно дете и сега ајдеее.. што сака нека праи.. :) Али има исклучоци...
     
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    My oh my, какви тоа габори, себичњаци и лигуши сме биле ние во туѓи очи.
    Да ви каже дада вас. И јас сум единче, па еве ме.
    Сум требала да имам помал/а брат или сестра, ама мајка ми имала спонтан, а после се развеле и мојава не сакала да брка мажи само за да ја оплодат за јас да не бидам сама.
    Е сега, ме исчувале мајка ми и баба ми, и сум била чувана онолку колку што сметале дека треба и колку што можеле да ми пружат. И благодарна сум што не ме направиле препичњак.
    Јасно и гласно знаеле да ми кажат „Не!“, да ме скараат и неретко да ми удрат ќотек. По заслуга.
    Јас секогаш сум сакала да имам и брат и сестра, и тоа сакав да имам најстар брат, па сестра, па јас, па уште една сестра, чисто да не сум најмала. Детска работа. :D
    Ама нема. Но затоа никогаш во живот не сум била сама. Израснав со деца кои се и единчиња и со братчиња и сестричиња. Љубовта не е таа, ама не сум самувала ко себичњак.
    Не сум имала премногу, ни сум имала своја соба, ни компјутери, ниту секакви најнови технологии.
    Јас сама од 3 години си научив да си снимам цртани на ВХС касети, и искрено, тоа ми беше најголемиот луксуз - нова празна касета за снимање цртани. Размазено, м?
    А да кажам дека и јадев ќотек поради други деца? Оти знаеа да ми укажат кога не сум била во право и кога сум морала да сфатам дека не се’ во животот ќе е по мое.
    А надвор делев се’, т.е. сеуште делам и несебично помагам кај можам. Побогу, ако сум единка дома, не сум единка во светов, свесна сум дека треба и за други околу да се грижам.
    Дури и повеќе се грижам за други бре. Јас не би да јадам, ќе дадам на друг.
    Зошто? Зошто така ме воспитале и сум човек ебаго. Па не гледам кај има посебен прирачник за воспитување деца-единци и комбинации у стил „Како да ја воспитате помалата ќерка.“
    Сега имам се’ што споменав погоре дека сум немала, ама еве, пак сум истата. Дури и повеќе ценам она што имам, оти е добиено со заслуга и макотрпно, не со треп-треп солзички и лигавења.

    А гадно се лажете ако мислите дека на единци се’ им е послужено на тацна.
    Богатство е да имаш браќа/сестри. За разлика од вас што имате потпора и на кого да се обратите за било што, ние немаме. Ние низ се’ проаѓаме сами и извлекуваме поуки од истото.
    Ние сме немале дома со кого да се караме и тепаме, но затоа сме се карале и тепале на улица без да истрча поголем бато/дада и да не одбрани. Но тоа не зајакнало да не се ослонуваме на други.
    Ние ја немаме таа сигурност во пријателите, да им се довериме за се’ и да знаеме дека утре ќе се пак тука со нас и нема да не издадат и да си заминат, но и од тоа сме научиле лекции да внимаваме кому и што зборуваме, како и да не веруваме секому.
    Е таа затвореност и самосвест дека мораме сами, не прават да изгледаме себични.
    А колку сме, ние си знаеме.
    Ебати и играчките и облеката и јадењето и родителската љубов само за себе, кога и тагата, болката, маките, радоста, пак треба само за себе да си ги чуваш, оти ретко/тешко дека Стојна од друга населба ќе ти се радува искрено на успехот или ќе плаче со тебе оти ја боли и неа.
     
    На Hisha, Izaabella, lepadama и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Maxymous

    Maxymous Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    70
    Вие не знаете колку е убаво да си единче :)

    Сите ќе ви удоволуваат и размазуваат, и ќе биде се по твое. Искерено јас никогаш не сум побарал нитѕ брат ниту сетра а и моите не сакале. Татко ми вели дека му било доволно едно дете и тоа требале најдобро да го воститаат. А мајка ми секога вели дека најдобро е кога се има едно дете и може да му се обрне повеќе внимание :D

    Мене детството ми помина прекрасно. Додека кај другарите војна се водешекој што ќе има, кај мене никој ништо не ми земаш на сила. :rofl:
     
  17. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Јас од секогаш посакував да бидам сама ама не дека го нејкам братот ГО САКАМ НАЈМНОГУ НА СВЕТ..но понекогаш моиве претеруваат..Не делат мене и брат ми пр. на мене пр 1 сладолед а на брат ми 2 ЗОШТО!?
    БИДЕЈКИ БИЛ МАШКО НЗ ШО ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖЕЛ ЛОЗАТА.. ама кога ке се сетам 6 год кралицаа..МИ ФАЛАТ ТИЕ ВРЕМИЊА.. ама шо да се прави..Се тресеа над мене ии влакно да ми фалеше, цел свет ке го урнеа..А сега е обртно..:/ врз брат ми се тресат..иако е лош у школо, секаде прави проблеми, мајка ми нз со колку жени се скарала заради него..Татко ми..Незнам со колку луѓе се има спречкано ради него..А за мене ништо да ми фали..ОК sm1zlo ти си голема..А најлошо е шо брат ми незнае да цени..АМА ТОТАЛНО НИШТО..Со секој се кара, ги понижува сите, понекогаш на неговите 8 год. се има ДЕРАНО на МАЈКА МИ И ТАТКО МИ..И овие па ништо..Аа јас малце да го повишам тонот одма ке ми се деерат ко којзнае шо сум направила..:/
     
  18. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Бев три години сама.И ми беше преубаво.Моите родители цело внимание ми го посветуваа мене.Се додека не се роди брат ми.
    А мислам дека не толку убаво да си единаче,бидејќи немаш друштво.А кога се повеќе деца е поубаво,повесело е дома.
    Инаку имам многу другари кои се единеци.И се сложувам со тоа што се премногу разгалени деца. :lol: :rofl: :rofl:
     
  19. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    107
    Јас сум си дете единче :$ и секогаш сум сакала да имам братче или сестриче, али ете немам.
    Кога ќе ми каже некоја другарка или другар колку им идат на живци браќата и сестрите па ми иде да им кажам бидете среќни што имате брат или сестра, многу значат.
    Какви односи имаат некои браќа, сестри, неможам да опишам. Си имаат поддршка.
    Како дете единче не сум разгалена ич. Многу погрешно мислење имате за нас. Секогаш сум се задоволувала со тоа што ми го купувале моите. И да сум посакала нешто моите знаеле да кажат "Не"!
    И никогаш не сум сакала се да трошат на мене. Трошеле и на нив двајцата. Сите знаеме да си купиме по нешто.
    - Единствена позитивна работа што сум единче според мене, ми е тоа што имам преубав однос со моите родители, кој за жал некои деца не го имаат. Многу мои познаници што имаат или брат или сестра, се поблиски со нив, отколку со своите родители.
     
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Не мислам дека по дифолт дете-единче е лигаво и размазено.
    Има повеќе примери каде помали деца кои имаат брат/сестра се поразмазени одколку дете-единче. :drunk:

    Воспитувањето е тоа,без разлика дали е едно или се три деца.
    Јас имам помал брат од мене една година и можам да кажам дека сум најсреќна што го имам,бидејќи тој е мојата најголема подршка и потпора во животот. :D
     
    На lepadama му/ѝ се допаѓа ова.