Детето - ЕДИНЧЕ

Дискусија во 'Дете' започната од Trendafilka, 6 јуни 2010.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.442
    Допаѓања:
    7.681
    Пол:
    Женски
    Јас не сум единка, имам сестра помала, за облека, купување и слично не не делеле никогаш, ама повеќе внимание и обрнуваа на сестра ми.Некоја средна разлика сме(5 год.) и пред таа да се роди се што ќе ми прднеше на памет ми купуваа, поготово баба ми и дедо ми, кај што сакав ме носеа, се што ќе посакав имав, е откога се роди сите по неа трчаа, за секоја домашна или што не и е јасно и се објаснувало додека јас се сама си учев и си пишував, за се што ќе се скараме јас сум крива, ама сега откога потпорасна ни неа не ја тинтраат волку. :D Ама сепак, никогаш не би сакала да сум сама иако на моменти неможам да ја трпам сестра ми, и живот би дала за неа.
    Никогаш не би имала едно дете, би сакала три, ама здравје боже тоа.
    А познавам повеќе единки, прво најдобрата другарка.
    Како мала беше многу разгалена, млеко од пиле да посакаше тоа ќе добиеше, и ептен скржава, ама сега е многу сменета, се` делиме, иако е во добра финансиска состојба не претерува да купува скапи работи и да ја пратиш во на ѓаволот дупката ќе се снајде, и ептен сме приврзани, дека живееме на два чекора како сестри сме.
    Братучедка ми пак, на пример иако е единка никогаш не се трескала од семја за ништо и тетин ми и тетка ми не и дозволувале се, а и растена е со нас, другиве братучеди и ептен добра душа има ни да не ти даде нешто ни да се лигави.
    Нема врска тоа дека си единец, ако од дома ти дозволуваат се и те чуваат како под ѕвоно таков и ќе бидеш, на пример имам другарка што не е сама, има сестра ама се мора што ќе види да купи, има доста предрасуди (како на пример за луѓе од село |( ) и ич не е самостојна, неможе ден без мајка и да издржи.
    Па сега видете.
     
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.667
    Допаѓања:
    10.826
    Пол:
    Женски
    Па јас сум приметила кај единците , малку себичност , во смисла дека не им текнува дека има и други , па да те понуди со нешто си купува сам си јаде и готово :D Ова од мое лично искуство ..

    Не може да се генерализира што и како , само знам дека доколку имам можност(мислам на здравје и финасии ) не би го лишила детето од брат или сестра .. Мислам дека тоа е најголемиот подарок за едно дете ,пријателите не секогаш ни мислат добро , партнерот не значи дека цел живот ќе биде тука за нас , но кога имаш брат или сестра никогаш не си сам. Секоја мака можеш да ја споделиш без да очекуваш осуда од другата страна , секогаш си помагаме ,а и секогаш ние 3 цата сме село весело за
    друштво :rofl:

    Јас можеби сум малку разгалена , растев со многу постари браќа , и јас бев принцезата во семејството :D искрено сите сеуште се обидуваат да ме заштитат и да ми помогнат ..
    Од страна на материјалното , сите сме добивале исто , екскурзии , курсеви , одмори , моите можеби и затоа толку покасно ме родиле мене поради тоа што сакале да бидат материјално обезбедени за трето дете ..
    Во детство не бев многу приврзана за нив поради разликата во години , а додека пак тие се најдобри другари , дури делат и исти хобија и дискутираат со часови заедно ,е јас малку завидувам на таа врска , затоа сметам дека децата не треба да бидат со голема разлика ..

    Но од друга страна секогаш се чуствував заштитено и тие ми беа пример во се .. Кога потпораснав и јас се вклучив во тајфата и можам слободно да кажам дека од нив сум добила непроценливи животни поуки , кога бев на студии , бате секогаш ми даваше денар плус , па дури и ме носеше на диско и не заспиваше додека не се јавам да ме земе .. Па кога си само девојче во туѓ град се наоѓа тоа и како ..

    А причина дека не е убаво да имаш брат или сестра бидејки треба да го делиш материјалното :^) Па за мене тоа се погрешни вредности искрено ..
    А љубовта на родителите кога има повеќе деца не се дели туку се помножува ...
     
    На ku4ence, Giovanna, SimonaTino и 3 други им се допаѓа ова.
  3. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.084
    Допаѓања:
    1.270
    Пол:
    Женски
    Немора да значи дека ако некој ти е брат ти мисли одма добро...
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.100
    Допаѓања:
    74.426
    Пол:
    Женски
    А ако брат ти како најблизок не ти мисли добро, тогаш кој, комшијата? :^)
    Не, не ми беше ниту ироничен ниту подбивачки коментаров, но зарем има некој кој на сопствениот брат или сестра би му посакувал лошо !?
    Има исклучоци секако, но ретки се и не може да се генерализира на ваков начин. :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    2.743
    ЕДНА СУМ И НЕМОЈТЕ ДА МИСЛИТЕ ДЕКА ТОА МЕ ПРАВИ СРЕЌНА :!:
    НАПРОТИВ МЕ БОЛИ.....
    ДА ИМАШ СЕСТРА ИЛИ БРАТ ЗНАЧИ ДА ИМАШ ПРИЈАТЕЛ ДО ГРОБ :fubar:
     
    На SimonaTino, WarriorAngel и nesa им се допаѓа ова.
  6. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    2.236
    Пол:
    Женски
    Не знам дали така се погодило, ама јас во блиска околина имам еден мал милион примери кога сестра љубомори на брат или пак обратно. Според мене, тоа дека ти е близок род, потполно се согласувам дека не е никаква гаранција дека секогаш ќе имаш рамо за плачење, потпора, помош, поддршка. Некогаш дури оние кои ги сметаме за најблиски ни ги поставуваат најголемите стапици во животот. Жално е, но такво време дојде.. како викаат, брат со брат да се мрази.
    Јас сум единка, мене тоа едноставно ми е недостаток во животот. Честопати (посебно како помала) посакував да имам брат/сестра, посебно затоа што имам другарки кои се многудетни семејства и секогаш кога ќе отидев кај нив буквално немав желба за да се вратам дома. Имаш со кој да си играш, да создаваш спомени кои ќе траат до старост, да делиш.
    Кај нив владееше галама, неретко гужва кога ќе се делеа бонбони, слатки, кога ќе се отстапи место на компјутер настапуваа кавги, а кај мене дома владееше тишина, немав потреба да делам нешто со некого, знаев дека тоа е само мое и дека нема потреба од поделба, па честопати не ни имав желба и мерак за некои работи.
    Сепак, зборот себичност кај мене не постои. Иако сум единствено дете во фамилија, секогаш бев опкружена со други деца и многу луѓе, па така и научив да делам. Делев буквално се`, од јадење, до играчки, облека и таква сум до ден денес. (Океј делов со облеката не баш, ама од здравствени причини :D ).
    Јас сум можеби лишена од „доживотен пријател“, но знам дека утре кога ќе дојде ред да оформам свое семејство дефинитивно доколку имам услови и финансии секако, ќе му подарам еден таков на своето дете. И никогаш не би ги двоела, сакала едното повеќе од другото или што ти јас знам, зошто мислам дека тоа е катастрофалната грешка која многу родители ја прават и затоа се создава таа љубомора, завист, јазол меѓу нив. Домашниот амбиент, воспитување и всадена култура се многу важни сегменти во секој ваков однос.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.938
    Допаѓања:
    45.531
    Пол:
    Женски
    Не дека да имаш брат или сестра ќе ти мисли лошо,ама секогаш потајно ке гледаш како некоја пречка во него некоја конкуренција,кој сака нека речи не е така! Немам уште свои деца,ама кога би се омажила и би имала прилика да родам,си ветувам години наназад дека ќе правам што ќе правам ама едно дете ќе имам, знам некој ке речи разгалено е самото дете,го галат сите,па да не е поубаво да има кавги и поделби да ти вели брат ми го сакаш повеќе и обратно,не бе луѓе едно детенце само да е здраво и право и да си ја има цела љубов и грижа од тебе ко родител,не да се чудиш да немаш и што да им оставиш натаму,треба подеднакво и куќи и коли а не само на душа да ги земиш ;)
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.100
    Допаѓања:
    74.426
    Пол:
    Женски
    За тоа дали детето ќе го смета братчето или сестричето за конкуренција, виновно е само домашното воспитание. Не се трудете да негирате, посебно не оние кои навистина не го искусиле тоа.
    Како ќе си ги воспиташ децата, така ќе си се развиваат - или ќе си останат безусловна поддршка цел живот или ќе си гаат љубомора и ќе се р'чкаат.
    Јас никогаш не би можела да му љубоморам на брат ми - едноставно не ми е во крвта, не познавам такво чувство, посебно не спрема него. Мило ми е и горда сум на секој негов напредок, а гледам дека е така и од негова страна. Дури и некогаш да бидам во ситуација да имам повеќе од него, а тој да има потреба од помош - финансиска, каква и да е - без размислување би му помогнала и не би очекувала ништо материјално за возврат, а сигурна сум дека ќе биде така и ако ситуацијата е обратна.
    Нашите никогаш не нè делеле, па ниту ние не би дозволиле да си ги растуриме односите заради банални ситуации како на пример делба на имот, покуќнина и што и да е.

    Така е и со децата единци - како се воспитани така и си тераат низ животот, а јас во никој случај не се сложувам дека сите се себични и егоистични, баш поради таа причина.
    Нормално, ако некој е навикнат постојано да му се попушта, да добива внимание и постојано да му се замижува и прогледува низ прсти и неговиот збор да биде последен без оглед на сè, сигурно дека туѓите желби би му биле мислена именка и воопшто не би му било гајле за другите сè додека си ги исполнува своите и не се обѕрнува да види дали можеби некој повредил со таквото однесување.
     
    На kravce, bittersweet и Hipica им се допаѓа ова.
  9. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Јас сум една,а многу сакам да имам брат или сестра...Неможам да ги разберам оние што ми викаат подобро ти е што немаш.... :^) :^)
     
  10. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    6.609
    Пол:
    Женски
    Јас сум единче и до пред година две ми беше особено драго . Од секогаш за мене имаше посебен третман , како мала пошто не сум јадела многу многу мајка ми ми сервираше храна со некои цртежи , декорирана , се под конец , за играчки и такви ствари не се секавам дека нешто не ми купиле , имаше едни коцки за кои тактички плачев и во сон у присуство на татко ми и тој растревожен пустиот детето мое за коцки ли да плаче (ако керка му не знаела колку има дома ) и и тие ми ги купиле . Ама морам да кажам дека сум била воспитано разгалена , значи на туѓа територија(на гости , во продавници, супермаркети) не сум смеела на пипнам нешто , можам да и цркам на мајка ми до утре дека сакам нешто ама да го пипкам , влечам , растурам во никој случај . Моите и тогаш и сега слабо ме ограничувале , не се секавам на нешто толку што сум го посакувала а не сум го добила , се треселе над мене и за најмала кашлица , што за мене е разбирливо , моите толку многу сакале повеке деца , односно најмногу сакале 3 , но мајка ми има 2 спонтани абортуси , а после 2риот докторот и рече да ме гледа мене и да биде благодарна што ме има зошто ако проба уште еднаш да роди за неа може да биде фатално . Значи ми било и ми е дозволено се што е во нивни можности , бидејки финансиски никогаш не сме биле нешто загрозени можам да кажам дека ми пружиле и премногу , но според мене се е до човекот , јас при такво внимание сум можела да пораснам и со саможива личност која не почитува ништо други , а сепак гледам да си поставувам граници , да се погрижам да не ги повредам најблиските , да не изреагирам себично некогаш , што не е по моја вина реакција туку махинална и по навика . Сум слушнала од многу луѓе дека сум размазена , дека премногу ми дозволуваат , до некаде не можам да кажам дека не е точно , ама тоа не засега никој друг туку мене и моите , значи тоа колку тие ке ми купат , удоволат или дадат пари не значи дека ми го нарушува односот со другите луѓе . Плус можам слободно да кажам дека единците некои поемотивни и интимни работи мораат да ги поминат сами , конкретно после некои работи што ми се случиле силно сум посакала да имам нешто , посбно сестра , зошто некои работи едноставно не можеш никому да ги кажеш , посебно семејни или длабоко интимни , а друго е кога ке имаш некого што сте иста крв. И не можам да сфатам луѓе кога со родените брат или сестра не контактираат , па има ли поголема срека од тоа да мажиш сестра , да жениш брат , па крштевки , па случки ... Моите деца нема да имаат први братучеди и ако маж ми е единец воопшто нема да имаат , па така планирам здравје 2 деца да имам за да не се сами :)
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  11. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Имам сестра и како помала ми сметаше тој факт и често знаев да си се запрашам зошто не сум единствена зар морало да е и таа,секое нешто ни го делат на пола кога ке нема за двете вака ке беше само мое.Уште кога ке ми речеа таа е помала ајде остај ја ми се ежеше кожата.Ама како што растевме и секоја фаќаше свој правец ретко се исповедувавме една на друга.Попрво ке кажев на другарките него нејзе и таа исто така.Но откако се омажив првин јас после некоја година и таа ми замина во друг град,поретко се гледаме ама да е жив ВИП се слушаме секој ден по 10 минути.Сега сваќам што значи да имаш сестра или брат.Единачињата се разгалени,нормално бидејќи е едно дете целото внимание му е посветено нему,но според мое мислење чест е да си им пријател те осеќаат толку блиску и мислам никогаш нема да добиеш нож во грб од таква личност мое лично искуство го докажа ова.Кога не е во прашање некој здравствен проблем не се двоумете за второ дете.
     
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    10.889
    Би дала ако треба и една година од животот, само брат ми да ми е жив и здрав. Постара сум 8 години од него, и нема ни еден човек на светот што ми е поблизок. Ни маж ми, ни мајка ми, никој! Јас си го барав, јас си го добив. Ужасно ми беше 8 години сама, памтам како сите другарчиња дома продолжуваа да си играат со браќата/сестрите, а јас со старци само и со кучето. Го обожавам, ако не го чујам еден ден болна ќе паднам. Сега сум бремена со прво, и не ми е гајле како ќе поминам на пороѓај, сакам второ. И тоа одма ако се може. Не порекнувам ни кудам никого, тоа е само моето фала му на Господ позитивно искуство. Кај мм дома, чиста супротност, очи си вадат со золва ми, блискост 0. Секоја куќа си е различна! ;)
     
    На glosipgirl, mimiiiii и kravce им се допаѓа ова.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.138
    Не би се сложила со оваа реченица. Знам многу случаеви каде што има 2-3 деца па се разгалени до бесвест затоа што мама и тато ,,немаат време,, да ги воспитаат односно да им посветат време па баба,дедо и остала родбина си го прави своето. А има и случаеви каде што самите родители си ги разгалуваат децата па потоа друг им е крив. И ако е единец, не значи дека е единстевно дете на свет.
    Нема правила туку се е до воспитувањето.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Се сложувам потполно со тебе за се што кажа и го почитувам твоето мислење до збор,но друго е кога вниманието го поделуваш на две еднакви половини,јас имам две дечина и се на разлика скоро 5 години,додека беше само едно имав повеќе време да му посветам за све,но кога дојде другото тоа време требаше да се расподели на две еднакви половини за да не се почувствува првото позапоставено,а јас подеднакво да можам да ги исполнувам обврските кон новиеот член,а бебе ко бебе си има повеќе обвеза околу него,а во тој период детето сознава дека не е више само тоа во центарот на моето внимание и на сите околу него и дека сето тоа што некогаш беше само негово ке треба да го дели со некого.Тие што се единачиња го имаат вниманието од родителите само за нив и можеби не се единствени деца на свет сепак тие се единствени за своите родители.
     
    На BellaS му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    882
    Пол:
    Женски
    Јас сум единица... и секако поразгалени сме но сепак не сме по наша волја сами, јас ептен сакав брат или сестра ама ете :$
     
    На aleks26 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.484
    Единец дефинитивно асоцира на разгалено лигаво дете ,се што му е допуштено во животот итн .Но сигурен сум дека не е причината тоа за разгалените деца .Секој како родител се труди да овозможи мах добро за своето дете (има и деца со братче -сестричка по разгалени :!: ) бидејки се финансиски повеќе моќни.Единчето дете е поинаку воспитано ! Според мене главен факор е како пораснало и какво детство имало тоа дете.Доколку функционирало во градинки -забавишта без баба и дедо (каде ) ке биде со деца и ке му биде објаснето дека не треба да се гледа на се себично,да биде друштвен,да знае да прифати пораз (да го искараат ако е крив ,а не мама-тато-баба- дедо и се останато да го брани ако направи беља )нормално дека ке биде детенце убаво воспитано а не идиот уште од мало.Родители вие сте тие што правите своите деца да бодат во туѓите очи,да ве ставаат во непријатни ситуации и да не знаете да се справите со младешкиот живот бидејки сте им го скратиле на некој начин детството (по ваш терк ) па сега изнаоѓате оправдувања единче ,кинесче и незнам ти што :emo: .Не велам да му се тренираат нервите на детето со нема(ш ) ,(неможе) и понатака но едноставно знаат да ценат кога НЕпланираат а да им се направи некаков кеив и на нив .Не разбирам зошто ги тепаат ако детето ја скрши играчката пример ,а бе секое дете ако не деморлира своја играчка не е интересна :lol: .Доколку бараме да се однесуват децата како нас ,можат да си набават играчка па нека си ја шетаат и нека и прават што сакаат.Сепак сум за толеранција и разбирање према децата ,така и они ке ни возвратат .
     
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.122
    Допаѓања:
    20.643
    Пол:
    Женски
    Не се сложувам дека децата единци по дефолт се разгалени деца. Имам пример кај наши пријатели две деца се па разгалени распрдени до безкрај. Значи мајката не работи ги исчува двете, разлика се 4 години, не ги праќаше во градинка да не морале да се мачат таму |( седиме надвор, што ќе му прдне му се пријало нешто со трчање му купува. Со образложение *неможам да го слушам ако почне да плаче, немам нерви* Гардероба мора да биде скапа некоја марка. Исто и за двете се однесуваше. И сега знаете што се случува. Сега е скоро па за во бардовци мајката. Значи сега сакаат скапи патики, скапи мобилни, и се повеќе да имаат од другарчињата, нејзе и враќаат на секој кажан збор, неможе да ги натера ништо.
    Мое мислење е дека се зависи од родителот, а не колкава бројка на деца се. Па што ако се е за него, ако родителот каже НЕ за нешто и остане на тоа, не попушта, детето ќе си знае ред.
    Инаку јас имам сестра, со која делев соба додека растевме и секогаш си викав блазеси им на они што не мора да делат што се едни. Ама одкако сестра ми се омажи тек тогаш сфатив колку уствари си се имаме за добро и лошо да си споделиме и помогнеме.
     
    На kjukli и Daydream им се допаѓа ова.
  18. mace4545

    mace4545 Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3
    Најдобро е да се има повеќе деца.Ако само едно дете родите тоа ќе ве моли да родите повеќе
     
  19. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.102
    Пол:
    Женски
    Jas sum edinka.Mozhebi od prichinite za povekje vnimanie e tocno amaa ubavo e da se ima brat ili sestra zosto utre den koga roditelite kje gji nema poshto ne se vecni da dade gospod da ni se na site zhivi i zdravi ama koga kje gji nema osven mazh i decinja kje ti treba ushte nekoj brat sestra
    nesakam da bidam pogresno svatena pozdrav :)
     
    На <3 pleza4e <3, iki26, MilaP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.650
    Допаѓања:
    24.305
    Некои разглаени, некои помалку разглаени... Мислам дека нема правило, се зависи од домашната средина, од родителите кои ги воспитувале. Познавам единци кои се разглаени и помалце себични, но сум имала и другарка единка која воопшто не се разлукуваше од нас другите кои имамвме брат или сестра.
    Јас искрено сум среќна што не сум сама и не планирам моето дете да го оставам да расте без брат или сестра. И за лошо и за добро најбилскиот кој може да ти се најде е брат или сестра. Но и овде има ислучоци!
    Предвреме не можам да знам колку ќе се сакаат и како ќе растат но јас како родител ќе направам се за да изградат нормален однос и за да се почитуваат. Останатото не може да се предвиди.