Детето - ЕДИНЧЕ

Дискусија во 'Дете' започната од Trendafilka, 6 јуни 2010.

  1. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.970
    Пол:
    Женски
    Јас имам постар брат и можам да кажам дека се учев на неговите грешки ( кога беше мал ако направеше беља и добиеше карање јас знаев дека не треба да го правам тоа). Кога пораснавме ми беше другар, значи му беше мерак да излеземе заедно , иако почесто бевме со неговото друштво па и во тинејџерските години размислував позрело зошто слушав коментари од некој на кој хормоните им се подсмириле. Ден денес сме блиски колку е можно.
    Во однос на тоа дали ако некое дете е единче ќе биде разгалено, не мора да значи. Се зависи од домашното воспитување и околината во која че расте.
     
  2. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    56
    Jas imam brat koj zivot zivot mi znaci
    No, Od zdravstveni pricini moeto dete nema da dobie bratce ili sestrice :/ mnogu mi e tesko toa, i znam deka ke mi bide uste potesko koga toa ke porasne i ke pocne da si bara bato ili dada :(
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    13.702
    Допаѓања:
    135.791
    Јас не сум единица, ама сум разгалена, себична и безобразна.

    Имам една ќерка, ја учам да биде како мене, ама не е :(
    За цел свет се грижи, сите ги почитува, дели се' што има со другарките, кога ќе ја навредат не знае да врати итн. Од такт ме вади!
     
    На Alisa22, Mr. Right, makedonkamak и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.233
    Допаѓања:
    17.947
    Пол:
    Женски
    Единица сум, знам да бидам доста себична.Разгалена ич не сум, не ме тинтраат дома како пердув.
     
  5. Peperutce1115

    Peperutce1115 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    1.654
    Допаѓања:
    17.420
    И јас сум единица. Разгалена може сум, ама во граници на нормала. Стварно не претерувам и имам сенс за другите луѓе. Многу сум емотивна и силно поврзана со моите. Инаку од секогаш сум сакала да имам брат или сестра. Животот би бил многу поубав.
     
    На Alishan30, mal.ecka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. RedRevolution

    RedRevolution Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    3.187
    Пол:
    Женски
    Интересна дискусија се развивала на темава пред повеќе години, љубов, емпатија, себичност, размазеност, од се по нешто.

    Јас сум една и сопругот мој е единец, најинтересно во нашата приказна е што и сите мои и негови први братучеди се единци, каква случајност но вистина е. :rofl::rofl::rofl:

    А многу ми е жал што е така и не сакам нашето дете да остане без сестра или брат, па тој нема ни прв братучед да има во животот, колку ли е тоа осамен и сиромав живот. :(

    Тешко ми е да помислам дека можеби ќе се изнамачиме за второ дете, ако и воопшто успее, зошто пак треба ИВФ, пак мачилиште, ама мислам дека се ќе направам да не го оставиме сам, тажна ми е помислата дека моето дете всушност речиси и да нема фамилија. ;(

    А што се однесува до себичноста и разгаленоста, тоа нема врска со бројот на деца во семејството, има со воспитанието и фрустрациите на родителите и самите деца.

    Јас и маж ми не само што не сме себични, дури глупаво се однесуваме на моменти од што сакаме на сите да им угодиме.

    Мојот син уште сега го учам да споделува се со другите и тоа не само со деца, туку и со возрасни, на пример чоколатце јаде кога јадеме и ние од истото, гледам се да делиме пред него, кога отварам бисквити или животинско царство, или што и да е, му давам и му кажувам да подаде на сите, и кога ќе чујам ''нее негово си е, нека не ми дава'' мене од кожа ме вади тој менталитет, зошто да не ми даде, што сум па јас ако сум возрасна, не сакам да биде себичен едноставно.
     
    Последна измена: 23 март 2019
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FVP

    FVP Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    821
    Пол:
    Женски
    Единка сум и никогаш не сум сакала да имам ниту брат ниту сестра. Моите родители и баба дефинитивно ми имаат понудено релативно доста внимание и не можам да кажам дека сум растена во тешки финанскиски или семесјни услови. Но никогаш не сум се сметала за разгалена, ниту пак моите да се тресат над мене. Напротив, сум била казнувана, ми имаат кажувано не за многу работи, дури мислам дека од мала ми имаат кажувано дека не барам помош, ниту пак плачам за нешто материјално. Израснав со многу многу бартучеди на моја возраст и другарчиња со кои што бев цело време, иако не одев во градинка, така да не сметам дека доколку некои деца имаат брат или сестра дека се посоцијализирани, бидејќи често знаат да се ослонат еден на друг и немаат потреба од друга социјализација.
    Една разлика што ја имам забележано кај повеќе блиски пријатели веќе возрасни а единци е дека имаат посилно чувство за собственост, пример си ги чував играчките многу уредно (мајка ми ме тераше од мала да си ги редам уредно после играње, брешење на прашина во соба и слично) и се уште ми стојат во одлична состојба некаде дома, но секогаш кога ќе дојдеа гости, посебно другарчиња со браќа или сестри тие се тепаа за играчките и воопшто не беше тепачката за играчката туку кој ќе ја има, макар не била нивна. Исто така, имам забележано два типа на единци: таквите кои сакаат да имаат приватен простор и потреба од време да поминуваат сами, и оние кои се единци но мораат да го поминуваат времето со други личности. Така да се согласувам дека е до тоа како родителите ќе го воспитаат детето. Кога би можела да бирам или ќе имам едно дете, или многу (3...5...7).