1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дете и приватни часови

Дискусија во 'Дете' започната од inimini, 5 септември 2011.

  1. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Здраво. Почна новата учебна година и нови главоболки на родителите. Но да размислуваме оптимистички. Јас лично се надевам дека ке биде се во ред. Планирам да земам наставник-професор кој држи приватни часови по наставни предмети, односно дали некој знае некој професор што држи часови по македонски и математика моето дете е трето оделение. Ако имате некој напишете ке бидеме благодарни. А сега можете да кажете и ваше искуство на оваа тема
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.751
    Да не зборувам пред време, ама ставот ми е дека никогаш не би земала приватни часови по некој предмет, а тука вклучувам и изучување на јазик кој се учи во училиште, на пример англиски.
    Децата се во училиште за да научат, и мора да го вложат потребното време ако сакаат да имаат успех. Мое е да ги научам дека без напор нема успех!
    No pain, no gain :D
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Ариел за јазиците не се слагам, затоа што часовите во приватно училиште и оние редовните се разликуваат многу. Има игри, песнички, дружење, ширење на познанства... никогаш не зажалив што сум одела. Сосем различно од досадните часови на училиште што сигурно немаше да ми го направат јазикот толку интересен (згора на се’, во мое време на редовна настава се учеше од оние мизерни учебници Basic English :D ).
    Точно е дека децата се на училиште за да научат, но ваму тој материјал се проширува и се прави поинтересен, плус веќе во средно се полагаат меѓународни тестови.

    И за математика не би се сложила затоа што таму каде што одев ми ја направија најинтересна работа на светот и едвај чекав да дојде најдосадниот час за мнозинството. Кој одел во ПиСи знае за што зборувам. ;)
     
    На drugarka и daylight им се допаѓа ова.
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Што да не? Кога почнував со францускиот некако слабо ми одеше, па моите ме пратија на приватни часови и само од трипати одење ми се разјаснија многу работи, па после си парле франсе пар екселанс :bow:
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Во средно земав математика приватни часови, навистина ми требаа, на цел клас ни требаа. Не е убаво вака да зборувам ама немавме баш саглам професор. :$
    На англиски одев 6 години и навистина се што научив ми е од курсот, а да не зборувам за дружењето, познанствата, социјализацијата... LivingGlam кажа се.
    Пред да се запишам на факултет скоро пола година земав приватни часови по еден од предметите што ми беа за приемен, бидејќи тоа што го учев во средно се рачуна како 2 годишно образование по предметот, а наставата на факултет е направена како за 4 годишно претходно изучување на предметот. Цели две години ми фалеа па морав да одам на часови.

    Ако детето не покажува напредок по некој предмет тоа може да е од различни причини, може му фали мотивација, може наставникот не знае сите 32 деца доволно да ги анимира и да им посвети внимание, некои дечиња имаат проблем со концентрација. Без разлика на причините јас мислам дека нема ништо лошо детето да зема приватни часови, подобро кога е мало да ги надмине проблемите отколку да поминат 2-3 години па како се зголемува метријалот да му биде се потешко и потешко.
     
    На Chocoholic.girl и Trendafilka им се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Исклучувајки ги јазиците, за кои сум за приватни часови, поточно за одење на курсеви, зашто од тие курсеви се добива далеку поквалитетно образование и јазикот е она што треба, секогаш ќе ни треба.
    Додека за другите предмети никогаш не сум гледала како потреба за одење приватни часови, освен ако не се навистина потребни зашто детето има многу слаби резултати и во училиште не добива знаење како што треба.

    Реално до пред некоја година одеше некој на физика, хемија, биологија часови? Ај за математика постоеле одамна часови, ама сега секој родител плаќа за децата дополнителни часови. Ние постарите генерации се сме си учеле во училиште, не сум можела да научам некоја лекција абе ќе седнам и ќе ја читам 100 пати додека не ми влезе во глава. А сега мамо неможам да научам. Ок сине. Ало утре слободни сте за час професорке? Еве 500 денари ајт научете го син ми за овој 1 час, он дома сам нема да учи туку ќе седи пред компјутер. |(
    Сега децава пред секоја писмена од оние од прво одделение до факултети пред секоја писмена/колоквиум/испит одат на часови. Некогаш треба часови не викам не, ама во последно време тренд е одењето на приватни часови, а не и потреба. Очигледно на часови во училиште се оди ради реда, ништо не се учи, зашто учителката што ја плаќам 5стотки ќе ме научи...
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Ако запне на некој предмет, не гледам ништо лошо.
    Дефинитивно сум за приватен курс по странски јазик.
    Училиштето не може да се мери на малото прсте, ниту некогаш да даде резултати како на курс.
    Или со асален професор по дома.

    Во основно имав приватни часови математика и се покажа разлика веднаш после првиот час.

    Да имам можности уште утре би си земала приватни часови по албански јазик.
    Еден на еден - нема бегање, мора да се научи.

    Убава работа.
    :)
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    За јазици навистина нема поубаво од приватни часови без разлика дали на курс или по дома, ама часови по математика во трето одделение :o ми е малку претерано.Математиката во трето е толку едноставна, што и секој родител може да ја објасни, а плус ако се научи така детето од мало ќе бара после за се да има приватни часови и нема да обрнува внимание во школо, зашто нели мама и тато ќе платат после друг.

    Е сега, многу мои другарки, да не речам магарици веќе на факултет :D одат на приватни часови буквално за секој предмет.Пет предмети во семестар, пет професори, не знам како имаат време да се влечат од еден до друг крај на градов, а за парите што ги даваат да не коментирам.И така се научени со години веќе и сами не се ни обудваат да разберат, да сфатат, мислиш научна фантастика им предаваат.Ама тоа е, некој не сака да загрее столче и да го вклучи мозокот, па сака на готово се да му се сервира.За еден до два предмета ќе разберам ако имаш навистина потешкотии, ама се друго ми е баш аздис :)
     
  9. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    незнам драги мои феминки колку сте запознаени за сегачниот материјал во основните училишта. Обемен и тежок материјал. Некои од вас немаат сеуште деца па може и затоа така размислуваат. Не викам не за странски јазици сто повеке тоа поубаво но за предметните и побитните ми е муабетот. Некогаш се случува детето да не ги слуша родителите кога му објаснуваат а некогаш и самите родители неанаат што и како да му објаснат.
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    И да знаеш. Имам роднини кои се жалат на материјалот. Не дека е многу тежок туку несфатливо напишан и според нив не одговара на годините на детето. Прво родителот треба да седне и да го соџвака материјалот и да најде начин како да му објасни на детето за да тоа разбере. Уште во второ и трето одд. им ставиле по 5-6 часа што и не ме буни зошто децата не слушаат на часови, бидејќи е многу мала веројатност да после трети час му ја одржиш концентрацијата на детето како и да седи на столче.
    Денес се судруваме со реалност кога родителите во трка со времето и пари немаат многу време да посветат внимание на детето.
    Ако се јави потреба или родител како родител утврди дека детето е слабо по математика на пр. зошто да не. Уште од основно училиште се дава основа од знаење за во средно. Да ги оставиме јазиците на страна кои сами по себе се наметнуваат на децата и стануваат потреба. Денес уште на 3-4 год. се на интернет и се разбираат :) .
    Јас повеќе би играла на карта на самосталност на детето, во најмала рака проверка, но ако увидам потреба дека некаде треба да се реагира а јас незнам како, зошто да не.
    Бар во мојот роден крај сите професори -математика, англиски, физика, хемија...држат приватни часови. Доволно е да прашаш во училиштето и ќе ти кажат
     
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    доколку детето покажува слаби резултати по одредени предмети треба да се земат приватни часови. Не дека родителот нема време или незнае, сепак има стручни лица кој тоа ќе му го објаснат. И секако тоа чини но пред се битно ни е воспитувањето на детето. Часовите се движат од 150ден-350 зависно кој предмет и која возраст. Кога бирате наставник за приватни часови пред се гледајте тоа да е повозрасна личност и пред се некоја особа која има работено со деца, во просвета или е искусна со ваквите часови. Денес се нудат и голем број студенти кој искрено незнам и колкаво внимание би му посветиле на детето. Значи бар нека има завршено а не да студира и да има одредено минимално искуство. Распрашајте се и кај наставникој по одредениот предмет може и ќе ви посочи одредена личност а може и ќе се понуди да ви доаѓа и да му помага во совладувањето на материјалот, па понекогаш не се срамете да го прашате истиот.
     
  12. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Јазиците се подразбира.Јас одев на англиски и лани кај мене дома идеше професорка да ми објаснува германскисзаштоимав кец и ми се разјасни многу.Може и математика и физика зашто имаатзадачи за објаснување а некои професори/наставници стварно незнаат да објаснат ништо бараат многу.
    Е сеа биологија, историја ..тоа ми е смешно малку , ќе си научи и толку нема тука нешто посебно :)
     
  13. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Jas sum profesor po matematika i porano drzev casovi. Mozam da kazam deka najdobro se svaka na privatni casovi bidejki profesorot direkno uviduva sto mu fali na deteto i go objasnuva dodeka deteto ne svati. Na nekoe dete mu e potrebno ednas a na nekoe 30 pati da go objasnis. Jas licno za kerka mi plakam casovi po angliski bidejki jas neznam dovolno gramatika da i objasnam, a na kurs ucat drug materijal od skolo. Na skolo zemaa gramaticki vreminja mnogu ponapred od kursot i nemoze da se usoglasis pa smetav deka e podobro privatni casovi. Mojata kerka nejke da uci, se mislev da da zemam nekoj da i pomaga, no se premisliv svativ deka i pravam losa usluga, mora sama da se nauci da uci, nemoze nekoj so nejze da sedi i da uci lekcija istorija ili biologija.
    So mene bre nikoj ne ucel, neznam gi napravivme nasive deca paraziti, ama i jas napraviv greska koga trgna so skolo ucev so nea, trebase sama da ja pustam.
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Прво, кај ретко кој човек се подеднакво развиени и левата и десната хемисфера на мозокот и да биде одличен и во математичко-логички и во уметнички правец, значи го има, ама поредок е совршениот баланс и не сум против тоа да се побара помош во вид на приватни часови. Само не треба да се претерува мене искрено кај луѓе кои од пр. 11 предмети ги праќаат децата на приватни часови по 10 тоа ми е повеќе ко демонстрација на моќ или сталеж во стилот јас можам да платам врвно образование на моите деца, што долгорочно гледано донекаде и го онеспособува детето за самостојно учење и решавање проблеми, бидејќи се‘ во врска со учењето е поткрепено со припомош од страна.

    Не ја оспорувам тежината на материјалот, ама ќе напоменам нешто вишата математика која е материјал за четврта год. во математичките гимназии и понатаму на електро, на економските и на др. факултети каде има математика се рачуна за најсложена математика, па некои од нас без помош од страна ја совладале.

    Секогаш решенијата се некаде насредина умерена помош не е на одмет, претерана не дава по дифолт најдобри резултати секогаш сите сме имале другарчиња кои киснеле по приватните школи и пак меѓу нив имало што едвај успевале да извадат тројче пр. по англиски или математика, а околу тежината пак ќе напоменам нема некои револуционерно нови равенки или драматични промени на полето на физиката или др. науки кои ги немало претходно. Сега колку што имам увид има често поглупави домашни задачи што навистина е потешкотија ко состави со разговори на ученикот со бисти на јунаци по македонски јазик и сл.

    И на крај затоа и постојат неколку оценки, со сиот вложен труд и пари во образование, не секој е во крајниот епилог достоен за врвните оценки.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Со исклучок на јазиците, јас сум против приватни часови по други предмети. Работната навика која ќе му се создаде на детето доколку само учи и се труди не може да се замени со ниту оцена. Не сум против родителот да му помага некогаш, проверува и секако мора да го следи како напредува, ама сум против тоа да му се наметнува навика на детето дека секогаш некој друг може да ја заврши пола работа место него. Повеќе сум за некогаш да добие и 3 и 4, па самото да се труди да ја поправи отколку да биде дел од новава практика речиси сите основци да завршуваат скроз одлични.
    Знам дека секое дете не може да постигне се' и на некои деца им треба повеќе внимание, ама познавам деца кои по враќање од школо не сакаат ни да ја разгледаат лекцијата само затоа што знаат дека имаат закажано приватен час и од тој час очекуваат повторно да се предава истото, а не да се објасни тоа што е нејасно. На крајот на краиштата, нека учи детето самостојно цела тема, па пред тест нека има некој приватен час да му се објаснат ситниците кои се нејасни од целата тема, а не тие часови да му станат рутина, затоа што не може некој да ме убеди дека постои дете кое не може да сфати ниту една од лекциите, па мора редовно да ги посетува тие часови. Па уште во трето одделение, тоа ми е стварно претерано. Колку и да е тежок материјалот, не верувам дека во 3то одд учат нешто со кое не би можел да помогне родителот доколку му посвети внимание. За македонски јазик па, немам ни идеја што би можело да помогне приватен час во 3одд. Не сум запознаена со материјалот по македонски јазик до 4 одд, ама зарем имаат многу посложени нешта за учење освен раскажување текстови и основни граматички правила? Патем, зарем постојат и приватни професори по македонски јазик? :o (со исклучок на оние кои пишуваат писмени работи)
     
  16. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    До 5то -6 то мајка ми работеше со мене, после ни она не знаеше да ми помогне околу материјалот.
    Треба малку родителот да помогне околу основните работи, не дека ќе му го соџвака материјалот, туку да му укаже на некои работи што детското мозоче не може да ги разглоби.
    Мислам дека во основно не треба да се остави детето да носи слаби оценки. Друго е средно, веќе е стекната одговорноста и навиката за учење. Кој од нас не добил ниска оценка, па седел цел викенд учел да ја поправи, па мислиш крај на светот е што седиш дома и учиш, а не си излегол.
    Но барем во основно треба да му се помогне на детето да стекне некои навики, да си го пишува домашното, да си ги учи лекциите. Ако детето наиде на проблем , тоа не знае да се справи, да праша, едноставно ќе ја фрли тетратката и ќе мисли дека никогаш нема да научи.
    Некои родители имаат време и нерви да работат секој ден со детето, ама некои немаат ниту време, ниту нерви , ниту знаење. Во секој случај не треба да се остви детето само да се снаоѓа, каде има проблем треба да се интервенира, дали со приватни часови, дали чичко му е математичар па ќе му објасни, дали комшиката завршила македонски па ќе му ја објасни граматиката...сеедно.
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.751
    Ми се чини дека некои од вас погрешно ме сфатија за странските јазици.
    Не мислам дека не треба да се учат странски јазици, напртив, велат колку јазика знаеш - за толку луѓе вредиш.
    Само ако веќе ги праќам моите на курсеви, не би ги пратила на оние кои ги учат во училиште. Го гледам како трошење дупло време и пари за иста работа - исто како и за другите предмети.
    И верувам дека ако се праша предметниот професор за дообјаснување - со задоволство ќе дообјасни. А ако некој професор навистина не го бива - може да се смени.

    Според мене малку се претерува со часовите, и уште пострашно, се намалуваат очекувањата од редовното образование, а тоа носи ред други проблеми.
     
  18. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    ДАЛИ МОЖЕШ ДА ПРАШАШ НЕКОЈ НАСТАВНИК ПО МАКЕДОНСКИ И МАТЕМАТИКА МОЕТО Е 3 ТО ОДЕЛЕНИЕ ПО МАКЕДОНСКИ ЕДНОСТАВНО ДА РЕЧАМ ТРЕБА ДА СЕ НАВИКНЕ ДА ПИЧУВА ОДНОСНО ДА ГО НАТЕРА НЕКОЈ ДА ПИШУВА НА ЧАС ЗАТОА ШТО ЗНАЕ ДА ПИШУВА НО НЕСАКА А МАТЕМАТИКА Е СЛАБ ЈА СУМ ОД СКОПЈЕ ЖИВЕАМ ВО ЦЕНТАР
     
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Немам некој посебен став за ова. Но, за јазиците едно големо да, за приватните курсеви. Во школо ништо не учат. Барем оние на кои јас им држев по некој приватен час. Во 8 одд...основни работи...Хај, мај нејм ис..абе глупости. А јас со курс, во 8 одд веќе течно зборев англиски. На факултет исто така, ништо посебно не научивме, повеќето е само повторување...Но, ај можеби затоа што јас предходно сите курсеви ги завршив.
    Е сега за другите предмети. Математика, многу е подобро кога некој ќе ти се посвети само тебе, и само тебе кога ќе ти објасни, во школо не е возможно на сите поединечно да им се објаснува. А се што е теорија, треба да се седне и да се учи, тука помош нема.
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Часовите по јазик на школо и во приватни школи, не можат никако, ама никако да се споредат. Секогаш тие што оделе на курс се понапредни од тие што учеле само на школо. Зошто е ова вака, не знам. Дека не треба да биде така, многу јасно и нормално. Да споменам дека одев на курс по англиски од 3 години, па се додека не завршив средно. Резултатите се повеќе од добри. Е зависи и од ученикот, многу нормално, ама јас читав комотно книги на англиски уште од мои 15 години. Тие што не одеа на курс, да речеме, дека знаат англиски, но не тој англиски како мојот.

    Инимини, сестра ми е сега трето одделение, а братучед ми сега четврто. И со двајцата јас работам кога треба. Јесте дека книгиве не се нај, наједноставни, но нема ни некоја голема филозофија. Во трето ќе ги работат текстуалните задачи, од типот, Марко има 3 круши, Јане има 4 повеќе од него, а Весна 2. Колку имаат заедно ?!. Можеби треба да се распрашаш за психолог или некое друго стручно лице, за да поработите на концентрацијата кај твоето дете. Те имам прочитано дека е со Даунов Синдром ( ако се работи за истото дете ) и те сфаќам дека си фрустрирана.

    А за тоа дека студентите не се компететни, не знам. Повеќето можда и не. Еве јас планирав да дадам оглас дека работам со деца, било англиски, македонски.... Ма што сакаат. :D Не сум дипломиран наставник, ама не гледам некоја голема филозофија за некои работи. Да бидам реална, добро би ми дошол некој денар плус. Пристапот е далеку, далеку побитен. Можам да се снајдам со деца. :D
     
    На Sunshine88 и LivingGlam им се допаѓа ова.