1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дете и приватни часови

Дискусија во 'Дете' започната од inimini, 5 септември 2011.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Е, јас не сум од Ск. Знае а несака е тогаш води инат. Од нешто е револтирано, дали од учителката, училиштето, некое другарче (можеби додека е на час другарчето му го одзема вниманието целосно, играат игри, цртаат по листови)....за тоа можеш и со школски психолог да се консултираш ако има во училиштето мада знам дека тие ништо не раб. и не се замараат. За математика ако не му оди, треба многу труд, значи учителката слабо објаснува за да тие сватат. Пази да не му направиш фобија да не ја засака и да спие на уво дека не му оди зошто и потоа ќе си има проблем во школувањето. Натерј го да ја прашува учителката за се што не му е јасно а домашното заедно го пишувајте -решавајте.
    Разговарај со учителката или некој друг одделенски наставник ако може да ти посочи некој професор или наставник.
     
  2. UnA...-7

    UnA...-7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    17
    Детето знаело да пишува ама Ви треба некој да го натера!? Извинете ама Вие сте родителот тука ако Вие не му кажете како треба да се однесува на училиште 10 професори нема да го натерат ни на приватни ни на никакви часови.
    Инаку за приватните часови мислам дека е многу рано 3то одд ама ајде ако има потешкотии со математика/англиски оправдано...ама македонски,историја ова-она нема смисла.Од она што го имам видено 80% од родителите попрво ќе го пуштат детето да седи на компјутер да му се тргни од глата наместо да земат сат-два да поработат со него.Па после му е тешко...
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Una, делумно си во право, ама... :!: Не знам дали имате деца, но децата се многу чудни мали душички... Јас сум по професија професор, стотици деца имам убедено да читаат и да учат, најтешко ми оди со моето. Друг авторитет има наставник, друг има родителот. И кај мене родители доаѓале за да ги убедам децата во нешто што тие не можеле, иако станува збор за поголеми деца. Син ми сега е четврто одделение и знам што зборувам. И патем, не сум од тие родители детето нека седи на компјутер само јас да сум раат. Напротив, толку инсистирам на важноста на обврските и учењето, што веројатно и претерувам.
    НО, дете може да не сака да пишува од повеќе причини, не е секогаш инаетот одговор. На пример, не може да постигне исто темпо со другите деца и едноставно одлучува и да не се обидува. А тука многу грешат наставниците од прво до петто, кои често место да ги мотивираат дечињата кои допрва почнуваат со школување, ги караат, ги исмеваат или ги потценуваат оние кои од било која причина заостануваат на пр. во пишувањето. Па детето одлучува дека не вреди ни да се труди. Јас како педагог тврдам дека не постои дете кое не може да се мотивира, ама треба наставникот да се вложи сосема во својата работа, да му се посвети на тоа дете. Јас сум имала одлични резултати, ама со многу, многу вложен труд, разговори, убедувања, објаснувања, пред часови, после часови... И ако наставникот не го прави тоа, родителот не може или едноставно не знае како, зошто да не се ангажира наставник?
    А дека материјата е несоодветна... Не толку материјата, колку што е реализацијата. Син ми читаше лектира летово (на македонски) на која на секоја страна требаше да му преведувам што значат зборовите! Па срамота. Колку да ви доловам за што зборувам:
    „косата му прилегаше на дрма
    „излезе од густиот шамак
    „За да се војва напосоки по мочуриштето... “
    итн итн
    (колку да преведам, да се војва напосоки значи да се шетка без план)

    Па вие кажете колку дете на 8-9 години може самостално ова да го сработи, а нормално има родители кои не може да му помогнат...
     
  4. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    ЗДРАВО. НЕ НДЕТЕТО НЕ МИЕ СО ДАУНОВ СИНДРОМ ОНО СУПЕР ДЕТЕ КОЕ Е МАЛКУ МРЗЛИВО ДА УЧИ.

    еве го одговорот зашто непишува на час седи до дете кое исто така не е заинтересирано за пишување, а и наставничката лани ги премести и двајцата во последна клупа заради тоа непишување.
     
    Последна измена од модератор: 28 декември 2017
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    inimini искрено ќе ти одговрам на твојов проблем: Кое дете на 7-8-9 годишна воздраст сакало да учи?? Никое! Ни јас кога имав толку не ми се учеше, радо ќе гледав касандра(кога бев прво одделени се појави таа фамозна серија што на сите ни го зема умот :lol: ) и ќе играв нинтендо. Ама не! Мајка ми , како и секогаш се постави мн строго кон мене, за разлика од мн др мајка. ми помагаше окулу се: математика, ликовно редовно ми ги доцртуваше цртежите зашто немав ич талент, имав мн лош ракопис и ми текнува дека ми ја имаше искинато скоро цела тетратка, само за да ми помогне да го поправам ракописот :P И да имаше ефект, како не.Имав и мн строга учителка ама до ден денес сум и благодарана за тоа, ме навикна да учам и сега и на факултет, си поминувам како од песна.
    Мајка ми имаше став дека за нешто што може она да ми покаже и да ми помогне, да не земаме професор. сега не ти се гледаат како мн пари но зошто да му дадеш на некој 500 денари од час за да му покаже колку се 5+5? така е зборот нели ;)
    Исклучок се јазиците. НА англиски одам од 3 одделение, и сум немала никакви проблеми, и баш си го научив јазикот перфектно.
    И во мое време имаше деца што им земаа часови по се и сешто, бидејќи беа малку помрзливи и не можеа да учат.

    P.s разговарај со таа учителка нека го премести одма од тоа дете, на прва клупа нека го стави ако треба, сам и биди упорна. согурна сум дека учителката ќе ти помогне, ако не раговарај со директор психолог. Сигурно ќе наидеш на разбирање. обедува го некако, мотивирај го, нема зашто да не седне и сега да биде редовен и да учи.
    Ќе му го исклучиш копјутерот, ќе ги скриеш игрите и на 3 часа ќе го седнеш да пишува, чита, решава задачи. Мислам дека тоа го умееш ама лесно. биди построга верувај ми еден ден ќе ти се заблагодари за тоа :)
     
  6. MELISSA-69

    MELISSA-69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    Јас од прваче сакав да учам и сум немала проблеми. Приватни часови земав од петто одделение натака, ама само по математика (не ми одеше) и само пред тестови (не нон-стоп). :)
    Мислам дека е рано детенце до 10-11 години да се носи на приватни часови, кога му треба време да се навикни на основните часови во училиште. :)
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.338
    Не. Не секогаш.
    Јас никогаш не сум одела на курсеви. Во основно имав ужасна наставничка, имаше дипломирано руски, па не знам како се преквалификувала за англиски :D
    Кога почнав средно не знаев да бекнам. СИТЕ други 34 ученици во мојот клас одеа на курсеви, и наставниот јазик беше англиски, а јас НИШТО не разбирав. Не можев да си го дозволам тоа, и земав да учам. Во втора година знаењето ми беше просечно, како да речеме 70% од класот - имаше да речеме 15% подобри и 15% полоши. Станував се подобра и подобра, и решив да студирам англиски. Се запишав во ненормална конкуренција. На факултет исто така СИТЕ посетувале курсеви од деца, а пак бев подобра од да речеме 80%, иако имаше и подобри, а тоа беа оние кои учеле барем една година во Англија или Америка.

    Не е до часови. До мотивација е. Само тажно е тоа што ако не бараме квалитет од редовното образование, нема ни да го добиеме. А ни следува, го плаќаме.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Ариел, браво за тебе, но факт е дека ти си една од ретките кои успеале да го научат јазикот сама, без ничија помош. Но, испушташ една работа. Наставниот јазик ти бил англиски, значи сите предмети ги учеше на англиски, така ? Ако и ние на школо ги учиме сите предмети на англиски, сакале нејќеле, ќе прозборуваат сите, од мака. Не дека ти го оспорувам трудот, не ме сфаќај погрешно. :) Но, од обичен школски час, три пати неделно по 45 минути до пет дена неделно по шест часа на англиски, има гооолема разлика.

    Јас зборувам од моето искуство. Од тоа што го гледав, слушав и учев 15 години на курс, штета сигурно немам. Ако бидам реална, јас повеќе англиски научив од Дискавери и од Картон Нетворк, отколку од школо. Јазик се учи од мал, а кое мало дете е мотивирано да седне и самостојно да учи, зборчиња, граматики... Затоа овде доаѓаат курсевите по странски јазици. ;)
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.338
    Не, македонски си учев, имав англиски 3 часа неделно.
    Штета од учење секако нема, таман работа. Не дека нема корист, туку според мене нема потреба. За моја среќа не мислат сите како мене, па има потреба од мојава струка :D
    Сосема друго сакав да кажам, дека се претерува со секакви дополнителни часови, а работите треба во училиште да се учат. Ова со јазициве го земав само како пример од мое искуство, а истовремено и како најчесто застапен облик на дополнителни часови.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    За некои работи мислењата ги менуваме со тек на времето.
    Додека студирав редовно давав часови по математика, македонски, биологија, хемија...и сето тоа ми беше нормално ( и супер, секако), се до еден ден кога ме побараа да работам со дете од прво одделение. Толку многу се збунив и дури помислив дека луѓето побудалеле. Што ли ќе правам со прваче??? Ми рекоа - се. Домашна да напише, песничка да научи ....
    Не ги разбирав луѓево, ама со оглед на тоа што имав обврска да одам секој ден по 2 часа (кои беа поштено платени), несакав ни да се трудам да мислам на тоа зошто имаат потреба од мене.
    Денес знам зошто им требав!
    Секој кој може да си дозволи и има потреба од тоа би го советувала да му овозможи на детето приватни часови.
    Зошто?
    Кога после 10-12 саати поминати на работа,ќе се вратите дома, секако дека немате ни сила ни живци да смирено објаснувате некои лекции кои и те како не се соодветни за возраста на вашето дете, па е повеќе од јасно зошто тоа неможе само да ги совлада.
    И наместо исцрпени да се доведете во ситуација да го повишите тонот на вашето дете, најдете некое девојче кое ќе работи со него, а вие исцрпеноста и нервозата од надворешниот свет која си ја носиме дома, сакале или не, заборавете ја гушкајки се со своето :sun:

    п.с. Дози јас би те ангажирала за англиски :)
     
    На nesa и Doozy им се допаѓа ова.
  11. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    значи ги подржувам приватните часови по било кој предмет.
    Да почнам со јазиците,јас како мала сум одела на приватни часови и многу ми помогнаа,јас од нив ги научив 8 јазици сега што ги знам да ги зборувам доста добро.Кога си помислам со желба одев на приватен час по англиски,а едвај чекав да заврши оној во училиште.За математика одев само за тестовите,за да ми се разјаснат некои работи ако има нејасно,и кога си сам,само на тее кога ти објансуваат полесно стаќаш.Но сепак се зависи и од наставникот,и наставникот во училиштето може да го направи часот интересен(како мојата наставничка во 4)
     
  12. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Приватни часови признавам само за Јазици, бидеќи јазик како јазик не може да се научи од два часа по 45 минути неделно. Е сега во врска со ангажирање на наставници за другите предмети како што велиш ти македонски, не се сложувам. Дете ако учи и ако е интелигентно ќе научи и во училиште, а ако е глупаво и 10 наставници да му донесеш џабе е. Пример комшијата, до 8одд родителите нон стоп му плаќаа дома да доаѓа учителка и што кога пак ништо незнае?!
     
  13. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Не се сложувам баш. не така како што мислиш. Има деца сто поспоро побавно свакаат а има деца што одма ке сватат. Незнам колку години имаш и дали имаш деца, да го видиш материјалот колку е натрупан.
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Приватни часови - поштувам, одобрувам, ма потпишувам со двете раце.
    За било кој предмет.
    Во основно имав лоша професорка по македонски јазик, пристара женичка, не сакаше да се замара со нас, па имав многу пропусти и морав да надокнадам - резултатите денеска се повеќе од очигледни, а не знаев еден обичен состав да напишам.
    Посетував курсеви по англиски и германски јазик, годинава планирам да се потсетам и да му се посветам на италијанскиот, чисто како за промена.
    На часови по математика одам од 6то одделение, не затоа што ме мрзи да слушам на час и да го вклучам мозокот, ниту пак дека сум тупава, едноставно сакам да се надoградувам и да вежбам колку што е можно повеќе, а сигурно дека ако решавам сама и запнам некаде, нема да има кој да ми помогне, барем не со материјалот за 4та година, конкретно.
    Лани за натпреварот по физика запнав и ми притребаа часови.
    Бев, видов, научив.
    Големо ДА за приватните часови, кога се во прашање деца кои сакаат да учат и да се надоградуваат. :)
     
  15. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Јас како мајка мислам дека има потреба од дополнителни часови. Јас за мојата керка плакам приватни часови по англиски(место курс) и курс германски.
    Математика јас и покажувам бидејки јас сум професор по математика и гледајки го материјалот тешко дека децата сами ке го совладаат.Во седмо одд. нон стоп ми се јавуваат родители на другарки на керка ми и ме прашуваат за задачите кои незнаат сами да ги покажат.
    Зошто детето да го осакатиш цел живот да не ја сака математиката кога може некој да му го објасни и да ја свати-според мене нема полесна наука од математиката.
    Јас незнам убаво англиски имам завршено 5 степена курс и никогаш не ми лежеле јазиците. Од почеток јас и покажував но многу се фустрирав па како беше,па листај по книги. Решив неможам да се замарам со нешто што не го знам убаво и полесно ми е да си работи со професорката, на курсот многу заостануваат во однос на училиште и неможев дупло да плакам.
    И не мислам дека е фрлање пари кога инвестираш во знаењето на твоето дете.
    Здравје за моите деца планирам убаво да научат јазик за да може да студираат во странство бидејки во нашава држава нема леб.
     
  16. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Доколку има некој заинтересиран за неговите дечиња до осмо одделение за англиски јазик нека ми пише лп.
     
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    Поддржувам приватни часови и курсеви со цело срце.Впрочем и јас самата со години имам идено на Англиски и Италијански и деф можам да кажам дека јазик конкретно многу повеке се учи на курс отколку на училиште.Факт е дека професор во средно неможе да им обрне внимание на сите 35 деца и да им објасни нешто ако не им е јасно како што може професор на курс во група од 5-10 ученици.На страна од учењето ,на курс се дружиш запознаваш луге а истовремено се образуваш.Во школо да бидеме реални професорот гледа само да ја предаде материјата и после што Господ ке им даде на тие деца.А и реално зашто да се мачи детето само дома кога може некој тоа да му го објасни не за џабе постојат тие луге.Јас можам дома да учам сама јазик колку сакам ( како што почнав сама да учам руски јазик) ама се додека некој не ми објасни поготово граматика и не ми укаже на некои работи џабе дома да листам книга на руски кога не знам што со тоа. Така да Ариел со должна почит јас воопшто не се сложувам со тебе ,дека е подобро детето дома да го оставам само да се мачи, да се труди за да научи.Да, би го терала да учи само, историја,биологија,географија и некои такви предмети но не и јазик.

    Исто надвор од курсевите имам идено на приватни часови по физика и математика во средно.
    На тие часови идев пред се бидејки моите дома не беа толку спретни да ми ги објаснат да речеме задачите по математика а и конкретно на татко ми му беше страв да не ме подучи погрешно па после да ми направи само проблеми.Ете конкретно математиката ја спомнав.Не можам да се сложам со
    Responsible дека дете ако е паметно само ке научи.Едноставно некои деца не се логачари како некои други па да можат од час да научат математика.Еве одма ке ти дадам пример -Другарка ми математика тата мата беше во средно.Се учеше на час и сама решаваше задачи.Ама затоа англиски јазик со грдни маки .Едвај сум ја подучувала и на тестирање сум и ги решавала тестовите.А ете кај мене обратно ,математика можам да научам само ако некој предходно убаво ми ја објасни процедутата на според која треба да се реши задачата,после тоа лесно е. Но ако некој не ми објасни убаво можам 5 дена да седам пред задачата и пак нема да ја решам.Од друга страна јазик кога учам ми е многу полесно.На испити вадев исти резултати без учење со тие што дома се дупнале од учење за тестот.Едноставно на некои деца и луге некои работи и науки им идат полесно некои потешко и тука нема ништо срамно или страшно ако се обратат за помош на страна.
    Исто и физика идев на часови во средно бидејки моите дома не знаеа да ми ги објаснат задачите што ни е се пагаа на тест,а јас нормално исто ко со математика не можев сама да ги сфатам па си платив часови и со тие часово од 1ца за месец дена рипнав на 5ка во оцената.
    Така да thumb up за курсеви и приватни часови.
    Што вика мама тие пари што сум ги дала за тоа да научиш нешто ич не ги жалам.
     
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.338
    Да не се разбереме погрешно, јас не викам децата дека не треба да одат на курсеви по јазици, напротив „колку јазици знаеш, за толку луѓе вредиш“. Само според мене не би требало да одат на јазик којшто го имаат во училиште, туку некој друг. И јас имам одено на многу курсеви, иако само италијански во осмо мислам дека беше, за другите веќе бев голема, веќе работев. Јас сум жив пример дека може да се научи во училиште, и нормално, со вложен напор дома, конкретно зборувам за англиски јазик, и другите предмети кои сум ги учела во школо.

    Јас лично би избрала парите што би ги дала за курс да ги искористам за некој летен камп во некоја земја каде што се зборува англиски, или летна математичка школа наместо часови по математика, и слично.

    Поентата ми беше друга. Приватните часови по се и сешто се земаат уште од првите одделенија, и децата веќе ни ни се трудат да научат нешто во школо. Уште потрагично, наставниците не се ни трудат да ги научат децата, а тоа од родителите и самото училиште се прифаќа како сосема нормално. Дупло вложено време, а и пари, за иста работа. А децата се се' помалку самостојни и подготвени да загреат столче.

    Се согласувам дека некои од лекциите не се соодветни за возраста, можеби не како содржина, туку терминологијата не им е соодветна, и тоа би требало да се исправи, или во најмала рака наставникот да го објасни. Ама и децата треба да прашуваат ако имаат нешто нејасно. Секому нешто му лежи повеќе, а нешто друго помалку, ама јас сум убедена дека со малку повеќе напор тоа се надминува.

    Секој со своите ставови, не мора никој да се согласи со мене. Секој за своето дете го прави она што мисли дека е најдобро. Јас сум среќна со своите одлуки поврзани со децата, барем сега за сега.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Ги поддржувам приватните часови и тоа како.Само се нервирам што некои ученици одат на приватни часови,кај професор само за оценка а не за да научат нешто.Ги поддружувам исто така и курсевите.
    Јас минатата година само еднаш појдов на приватен час по матетика,но за жал од се тоа што ми кажуваше професорката ништо не сфатив.Ама не е таа крива јас сум си. Кога ич мозоков мој,несака да се замара за матетика нема што да правиме,тоа е.Судбина.
    Инаку сум посетувала и курсеви.Односно курс по англиски посетував од трето одделение,и така.Сакав годинава да одам на курс по италјански,ама од немање време не се запишав. :rofl: :rofl:
     
  20. Pepi17

    Pepi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Ако на некој му се потребни приватни часови по македонски јазик или подготовка за матура може да ми пише за подетални инфо во порака:D:D