Па секогаш на вакви теми на пиедестал се ставаат чувствата на мајката. Ама она го родила, ама она го сака ама она ќе биде повредена. Детето шое битно. Еве бе, нека не му кажува. Ама нека биде спремна на сѐ еден ден ако дознае. Макар и очи да неќе да ѝ види. Оти ќе мисли дека е посвоен или од неверство и дека го лажеле и ако не му кажат ни тогаш, е тогаш ќе биде проблем.
Ако си свесна за тоа дека би ти било тешко и чудно како да кажеш, знак прашалник во иста ситуација како би постапила, зошто се расфрлаш со совети према оние кои буквално минуваат низ тоа и се осудени ако молчат. Си се запрашала како се почнуваат тие теми. Си се запрашала што е најправилно и најсоодветно да се каже, а притоа да нема последици. Си се запрашала дали макар еден збор погрешен изустила, ќе нанесеш траума. Дали знаеш на која возраст е најсоодветно да соопштиш, со каков тон, со каков речник, со кои зборови. Што се кажува воопшто. Реченицата, јас сметам дека треба да кажеш. Браво, штотуку реши 1% од целокупната проблематика. Лесно е да советуваш од страна, оди разговарај да те видам. И емоциите на родителот се исто така битни и не треба да се ставаат секогаш во втор план.
И верувам, сите овие во потрага по генетската вистина, утре на прв дејт генетски извештај ќе бараат, да не влагаат безвезе во врска со некого, и евентуално да имаат деца. Што е и логично, пошто својот генетски клиринг сертификат го имаат направено, и е идеален
Поголеми шанси има некој од улица да му каже, отколку вака да дознае. Ако не си учил медицина или не си се заинтересирал како ќе знаеш дека мајка со нулта кр.гр не може да роде дете со аб. И плус еве кога бирале јјајце клетка, најверојатно и за крвната група се заинтересирале, да биде иста како на еден од родителите. Мислам ептен ја тупете.
И ако е ваков случај. Ќе криеш интернет и книги од него да не дознае? Или у школо нема да го пуштиш. Пошто во средно на биологија се учат фактиве. @Biljarkata смејте се вие. И еве настрана од темава ама за мене е крајно себично да имаш дете ако ЗНАЕШ дека носиш голем ризик за болно потомство. Или ако добиеш едно болно дете да одиш на второ без испитувања. Зборам за прилично тешки аномалии. Или да скриеш од партнер. Не ми се убацувај и ти како членката дали треба да правиме испитувања до детал уште сега. Збориме ако знаеш на друг начин.
Родителите имаат куп документација за начинот како е зачнат,така да нема шо да мисли дали е плод на неверство или посвоен.
Па кога ке веќе ке дојде до таков момент секако дека ке кажат.Нема да глумат дека е посвоен или плод на неверство боже мили
Не да глумат бе џој. Ама од страв да речат дека не знаат за што се работи, дека он им е дете и нема друго да му кажат и он тогаш да се посомнева во работиве.
Ама ти пола реченица читаш? После тоа реков дека тоа не е изговор. Бидејќи се учи како најправилно да се каже. Ако нешто е непријатно за родителот не е оправдание за да се избегнува. Во многу мислења се напиша дека е најдобро со помош на детски психолог кој ќе насочи како треба. По не знам кој пат, траума се доживува кога ќе дознае случајно и ќе сфати дека цел живот го лажеле а не кога ќе биде седнато како дете да му се објасни.
@Lija.ska Дали знаеш дека додека он да дојде до 18 години оваа работа ќе биде најнормална. Исто како и ИВФ, донорски зачнати деца, деца од сурогат, деца во истополови бракови. Зашто се замараш? Кој ќе му каже? Ти по улица одеше и на сите им кажуваше : Одам да си купам јајце клетка да си родам дете? Дај не се оптоварувај со глупости. Уживај си во детето. Е сега да не ме сфатиш погрешно, ама дали ти имаш разговарано со психолог за ова "Да напоменам дека премногу го сакам и го гледам како свое, душата би си ја дала"? Имавте припрема со сопругот пред да се решите на ова? Зашто нагласуваш го сакам и го гледам како свое?? Чиво е?
3 години. Премало е за сега да мисли, ниту па има шанса од други да дознае. @Lija.ska ти си биолошка мајка на детето, без потреба се измачуваш и мислиш од сега како ќе биде во иднина. Ако дојде момент да му кажеш секако нема да е за брзо, ниту ќе те разбере, ниту има потреба толку мало да дознае. Гледај го како дел од себе, дел од сопругот, ти си го родила и ти го одгледуваш, нема друга мајка.
Проблемот е што она не се осеќа како биолошка мајка. Сфаќаш? Како да и е посвоено. Бар јас така имам впечаток.
А што е со човечињата што ги праќаш кога ми се обраќаш? Културно е да вратиш на соговорникот на ист начин како што тој разговара со тебе. Не е лага, ако никогаш не си пробал да ја кажеш вистината, толку е едноставно. Каде тоа се учи како најправилно да се каже? Кој тоа те учи? Каде тоа дека законски си обврзан да го информираш детето дали настанало природно или по пат на донори. Дали некаде постои морален и етички кодекс за наведениот прашалник. Ако нештото е оставено на родителите да одлучат, значи било што е правилно. А не јас што мислам, ти што мислиш.
Па и не е биолошка мајка. Знам дека можда брутално ви звучи вака, немам намера да омаловажам или навредам некој, ама не е биолошка мајка. Секако, тоа не значи дека не е мајка и дека тоа дете не е нејзино. Биолошкиот момент е незначаен за комплексноста на улогата родител, по мене. Ама кога додавате придавки, го менувате значењето на тоа што го зборувате.
Според закон и според природа е биолошка мајка. Жената е донор на јајце клетки, во никој случај нигде не се смета за биолошка мајка.
Според природа секако не е, не те разбирам на што мислиш. Што сфаќаш под биолошка мајка, таа што го носела? Според тоа сурогатите се биолошки мајки? Според закон не знам, може да е така дефинирано, не ги знам процедурите.