1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дете од донор на јајце клетки

Дискусија во 'Дете' започната од Lija.ska, 25 мај 2022.

  1. AnnaLichtbloom

    AnnaLichtbloom Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Дентина, психолозите точно препорачуваат да се почне од 3 години, да се спомне, како приказна па потоа кај 7 да се раговара на темата, кога се посвесни децата. Некои пак, велат од кај 7 години да се почне и да се одбегне моментот дека е табу или мистично или таинствено со фактот дека околината не е информирана или треба да се скрие. Ова нели, доколку родители сакаат да ја обелоденат веста.

    Штета е што не секогаш има советување или психолошки тренинг пред или во текот на процесот. Во Америка, зборам за САД, тоа е практика.

    А да Ве прашам еве, зошто тогаш пишувате и дебатирате, кога се оградувате од фактот дека сте стручно лице и овде не е место? Шала на страна, на форумот се собрани најстручните од секоја област, било да е Ковид, војна, па и разводот на Деп и Хард. Не се однесува ова на Вам само, да не ме разберете погрешно. Мислам дека, т.е. сум сигурна дека @Lija.ska сака да собере размислувања и искуства од тие што се на форумот, а поминале низ слична ситуација. Ние останатите може да си дробиме до сабајле, ама не е фер да ја осудуваме за било каква одлука, па и тоа дека овде не е место за ваква дискусија.
     
    На Dentina, theowndemon, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.186
    Допаѓања:
    124.333
    Пол:
    Женски
    Бидејки си ме цитирала те замолувам да прочиташ јас што и имам дадено совет.
     
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.577
    Пол:
    Женски
    Никој ли од вас никогаш не открил или му било откриена некоја семејна тајна?
    Моето дознавање немаше врска со темава ама има врска со тоа како се чувствував. Имав 23, татко ми идолот на мојот живот беше скоро починат. Тогаш дознав дека пред мајка ми бил веќе еднаш женет. Немам проблем со разводи или преженувања, ама таа информација за него ме шокира. Како цел живот да сум живеела во лага. Зошто воопшто криеле такво нешто од мене, кога нели таа информација лично ништо не ми менува?! Значи, цела поблиска и подалечна фамилија знаеле, со тоа и моите братучеди, сите пријатели и комшии знаеле со тоа и моите другарки, јас не знаев. Зошто? Зошто информацијата ништо нема да ми смени? Ете сега се прашувам што уште не знам. По некое време почина мајка на другарка која е посвоена а не знаеше дека е. Татко и одамна починат, друга фамилија немаше, сем нас другарките. Ги собрав еднаш и им кажав дека треба да и кажеме оти кај и да е ќе дознае од некој небитен. Ме надгласаа да не сме се мешале и така и би. Оставивме. За околу 2 недели не собра таа нас оти некој и поткажал и не праша дали знаеме и нормално не и беше воопшто сеедно оти сме криеле.


    Секој има право да знае како и од каде дошол на светов. Макар и дали било инсеминации или инвитро, или природно или царски или во када или на бокс. Сите заслужуваме и треба да знаеме од каде и како сме стасале на овој свет.
    Овие работи мора да се нормализирани исто како што е нормално Марија да има двајца татковци, а Тоше две мајки. Како што е нормално да не има бели и црни и жути и црвени и мешани. Како што не има со синдроми и инвалидитети и истите мора да се прифатени еднакво, така мора да не правиме табу од посвојување и донирање јк. Кога децата растат во здрава заедница каде се е нормално и прифатено, така и тие ќе се однесуваат.
    Не може да гледаме на вистината како “комплицирање на животот на детето”. Туку мора да го раснеме со неа и со сите останати вистини на светов. Оти на овој или оној начин, никогаш ништо не останало скриено.
     
    На BelataMasai, MeowMeow, Cherry79 и 17 други им се допаѓа ова.
  4. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.009
    И јас би кажала.
    Не би можела да живеам ако ја чувам таа информација во себе.
     
    На Lady D ❤️, nextredstyle, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски
    Утре тоа дете на еден обичен преглед на пр за наследни болести на очи ќе дознае. Секако дека ќе биде шокирано од сознанието. Може да се повлече во себе. Тешок проблем е ова што ни психолог ни психијатар ќе го реши. Може само да се ублажи проблемот. Ќе ме осудите ама сум против правење дете со туѓ донор.На крај краева сите си знаат што е најдобро за нив,ја не би.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.179
    Допаѓања:
    175.579
    Пол:
    Женски
    Точно. 3/4 години најрано, постојат сликовници шо му се читат ( пример има едно со мечок и мечка шо сакале мече и си посвоиле и се е детски објаснето како приказна, прекрасна сликовница да се фамилијаризираат со процесот, да му е нешто шо се случва и да нема аверзија), и то се повторва, постојано се чита. Се нагласва дека ние сме родители, иако друга е жена која го родила ( многу важно избегнување "мајка" за жената која го роди). И не е нешто шо се кажва еднаш туку се кажва поќе пати. И од 7/8 години веќе можи да разбери и му се кажва пак, му се одговара секое прашање шо ќе го има. И клучно тука е да сте спремни секое прашање да одговорите оти можи да има секакви. Ова е добро оти и остава "отворена врата" за искреност и од негова страна, отворено зборање чувства и нема да интернализира дилеми и стравој оти ќе осеќа дека можи да ги искомуницира. Мислам замисли нешто осеќаш и си прајш претпоставки и од мравка прајш слон, и замисли да можиш со родител да искомуницираш и да ти олесни и да сфатиш дека сепак мравка е, не слон.
     
    На Dentina, AnnaLichtbloom и Yowannty им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.163
    Допаѓања:
    20.569
    Пол:
    Женски
    Како дознавате се за вашето семејно дрво од преглед на очи, да ми е, не знам!!! И операции на очи сум правела, цел живот со наочари, леќи, прегледи.... како правите прегледи кај што учите секакви информации, еве не знам. Изгледа мене не ме прегледуваат ко што треба.
     
    На kukla21, Lija.ska, fana и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски

    На сестра ми очните доктори и најдоа болест што само може од родител да се пренесе.

    Нареден пат цитирајме. Ако толку се разбираш ќе знаеш дека преку очни болести мнолгу деца дознаваат Не правиме муабет за наочари
    Тоа беше само пример, а не дека преку тоа ќе дознае.Факт е дека кога тогаш ќе дознае.
     
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.179
    Допаѓања:
    175.579
    Пол:
    Женски
    Те цитирам само да кажам дека ова се едни од поубајте реченици шо сум прочитала денес. :inlove:
     
    На mal.ecka, buba4e89, violetblue и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    THIS!
    Колку е ова точно!
    Никогаш не би му кажала на дете ако е од донирани јк или сперматозоиди,а многу често сестри си донираат една на друга,нема потреба да знае дека тетка му е ете мајка,а генетиката ете е тука пошо запнавте со неа и со болести....
    Ако е посвоено е друга приказна веќе. Во принцип секогаш сум за отворени карти and nothing but the truth,но не секогаш и по секоја цена.
     
    На Lija.ska, didi1982, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.163
    Допаѓања:
    20.569
    Пол:
    Женски
    Од шо мака сите со ред да ве цитирам, кажувам општо мислење. ОК и мене ми рекле нешто некогаш наследно е, на доктор... имате во фамилија пример... и што ми сменало мене тоа? Ни сум копала по минатото од каде е, од кој е.... Девер ми беше роден со зајачка уста, никој ни во потесна ни во поширока фамилија немаат, само тој - којзнае од кај го влече генот, и којзнае каде во иднина може да се појави кај неговите потомци... ниту па копаа по минатото, ниту бараа од кај е што е, тоа е што е, го има генот, и што сега.... Ниту се истрауматизираа дали мајка му му е мајка, ниту татко му му е татко.
    Не знам што правите кога одите на доктор по Богу... Докторе, шо ми е? Имате тоа и тоа, ништо страшно, се наследува генетски, сигурно некој во фамилија кај вас имал..... А мајка ми нема, татко ми нема... гарант кријат нешто, тоа е... ужас!!!
     
    На kukla21, Lija.ska, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски
    Детето да ви живее во лага оти вие немате храброст да се справите проблемот. Сте се фанале за орото без да размислите на последицит и сеа кукате. Себични сте.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    23.518
    Абе има и недајбоже ситуации кои може да се случат и мора некако да му се соопштат на детето.
    И за секс е непријатно да збориш со дете и може да наидеш на отпор ама мораш да пројдеш низ тој муабет.
    А зошто па да се каже за посвоено?
    Разлика меѓу донор и посвоено е бременоста која "мајка" ја износела.
     
    На Angie1432 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  14. AnnaLichtbloom

    AnnaLichtbloom Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    @nena2010 генерално се сложувам со твоите мислења, освен цитираното. Колку и да не сакаш да звучи така, оно му дојде као иронија, шо мајка овде прашуваш, ама ние сепак ќе ти дадеме совет.

    Со должна почит, ама ова е жива глупост, веројатно си и сам/а свесна! Зошто не читате мислења кои имаат содржина и факти, а се држите до своето оскудно размислување и пред се "знаење"?
     
    На Lija.ska му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    13.051
    Пол:
    Женски
    @Lija.ska а најубаво да си побараш мислење и совет од психолог? Разговор само со стручно лице за твојава ситуација, затоа што овде секогаш завршува со навреди и осуди.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    23.518
    A што погрешно кажав?
    Кај посвоени генетската мајка го износила. Кај донор, генетската мајка не го носи.
    Затоа велам зашто посвоено треба да знае, а од донор не?
     
    На Angie1432, Lady D ❤️ и Серотин им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.263
    Допаѓања:
    189.610
    Знаеш дека ми ги отвори очите:o
    Само јас со очила од дете, од цело семејство:wasntme:. Мислам дека баба ми и дедо ми, ми се родители уствари (само они носеа очила)... татко ми ми е брат:worried:...мајка ми, ми е снаа:drunk: (lalala)

    Шпанска серија од желба да бидеме посебни|(
     
    На Lija.ska, buba4e89, Kate Rina 93 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.163
    Допаѓања:
    20.569
    Пол:
    Женски
    Ќе ти ги отворам јас, ко не ти ги отвора докторот да ти каже дека баба ти ти е мајка. Каков доктор е тој!!!
     
    На Lija.ska и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.263
    Допаѓања:
    189.610
    :rofl:

    Знаеш што. Најсмешното е и најтрагично истовремено. Се расфрлање се детска психологија и генетика мислиш сите со искуства и докторати од темите. Јас на темава зборувам искуствено, без докторат. Ама имам дете, па малку као сум спознала психологија на МОЕТО дете.
    Во првиот коментар на темава, реков би кажала, хипотетички, кога би проценила дека е време. Ама сега тупење за искреност и транспарентност од 3 години, оти така моментално вика трендот, е ту мач. Оти ако не му ја кажеш сета и комплетната вистина, аха, што ли уште криеш|(. Мислам исто треба да им кажеме дека дедото умрел и ќе го јадат црви, не да му кажеш бела лага дека отишол на небото. Јер познато е дека децата од 3 години имаат полн ментален капацитет, да разберат се и да се носат со секакви информации. Јас, пошто глупа, па премислувам, ко ќе видевме мртво пиле или бубамара, ја лажев дека спие. Ај сега пријавете ме на службите.
    Исто сосем е во ред, да се почне на таа возраст да се објаснува за гестациски, биолошки и не знам какви родители, јер е тоа многу битно за детскиот раст и развој. Уште од најмало да има каша во главата, и никакво силно чувство за припаѓање кон семејството во кое расте. На 5 години евентуално, ко ќе се налути за играчката, ќе тргне да ја бара ,,мајка му,, во Русија.

    За генетските болести и девијации сигурно ќе се најде некој експерт да објасни, како таква состојба може да се појави од ,,ништо никаде,, без семејна историја на таква генетика.
    И тоа би било.
     
    На Kate Rina 93, IRBBB, An-na и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Затоа што барем едниот родител е негов и голема е веројатноста ако е посвоено да разбере од други.
     
    На Annath и joy1 им се допаѓа ова.