Леле човече леле Не ја прашав како се сексале кога ме правеле, бог да чува и да брани. Знам како сум се родила. И либе мој знае. Знае и дека за малце он немало да преживее кога се родил. За многу теми збориме, не само за тие што не се комплицирани за да кутрата јас не се истрауматизирам кога сум веќе краветина од 20+ години. Знам и моите како се запознале и баба ми што фамилија имала и слични работи. И да, ќе преживеев без инфово ама замисли, ме интересираше.
И сите тие прашања освен она првото за кое ни ти не разговараш, мајката ќе може да ги одговори. Дали се породила природно или со царски, какви симптоми имала во бременост, кога прв пат ги почуствувала ударите на плодот, во која недела се породила, што јадела за време на бременост, кај кој доктор одела, па дури и колку пари ја коштал пораѓајот. Доволно теми за разговор или?
Членкава не мора да ми одговори. Ама се испотресовте до немајкаде зашто некои тука сме дознале дали мајките нѐ родиле со царски или природно.
Само да знаеш оти наназад го верглаше глупиот муабет со крвната група- посвоена си. Жалам што дозна на форум и од мене квази медицински техничар.
Не бе, остај И на 40 години за пепа пиг ќе им правиме муабет на деца оти све друго е осетливо или не мора да се знае.
Сериозно, не знаеш веќе што пишуваш. Ако одговорот на нечиво барање за совет е да внесеш грижа на совест по пат на небитни информации, сарказам, нерелевантност, продолжи.
Јас знам КАДЕ сум направена..јер не било типично кревет во спална..не сум прашала, некако паднало на муабет , ама го запомнив оти интересно ми беше. И не, не ги замислував таму, и не се оптеретував со сексуалниот живот нивен. Јас исто знам точно каде ја направив ќерка ми, но не сум и кажала оти не ме прашала. За детали "како" ќе ја упатам на книги, емисии, наука. Го направивме ова ко врвен грев, тајна, или срам да е да се донира сперма или јајце клетка. Наместо фала за некој непознат да мислиме. Јас не би донирала ј.к. за ниедна пара, оти ќе го мислам детето после, ама ете некои не се себични како јас. Грда вистина е поубава од убава лага. За мене. Ама секако нема сите да се согласиме со тоа.
Па не е поинаку. Буквално никој освен ваквите ко тебе со слични мислења не рече дека членката не е мајка. Упорно и упорно пишуавте ама ја носела 9 месеци, целосно си мајка. А уствари муабетот врска си нема, џабе потенцирате
Која сум јас, шо велам јас? Кас само велам детето не би го оптеретувала со непотребно информации. Самата таа рече си го сакам како мое…. Па твое е… тоа е муабетот.
It so does not денешниве деца се толку невоспитани што пола добар ден и фала не кажуваат,дете ќе го учам да е емпатично,да почитува различности,да биде културно,да учи како со пари,какода се снаоѓа во овој суров и модерен свет,а не дека е чистокрвно македонче и има повеќе привилегии од албанче со кое се родиле под исто небо...пример,бидејќи и ова го има. Од кај знам јас баба ми дека не била со друг? Некои работи стварно не ги знаеме а и некои стварно треба да се премолчат,има тон други теми за кои би разговарала со детето.
Детето не би било твое да го мислиш. Не може ни дете да го наречеш, затоа што донираш јајце клетка. Ако подобро го погледнеш поимот јајце клетка, ништо не значи. Ја создаваш, ако не се оплоди, опрости се од неа. Не си го носела ти, не е зачнато од тебе и твојот партнер, уште помалку не си го одгледала, во случајот, би било само од твојот генетски материјал. Што знак прашање е чив доминира. Убаво пишаа погоре, се мешаат поими донирање на јајце клетка и посвојување. Јас би донирала за свои блиски, ако тоа им е последна дестинација, можеби ќе има мои физички карактеристики, ама никогаш не би рекла дека тоа е мое дете. Нека си се грижат родителите понатака. Затоа што поимот мајка има своја тежина и е далеку поголем од само моментот на оплодување на јајце клетка и сперматозоиди.
Баш без сперматозоид таа клетка не е ништо, секој месец исфрламе по една, па не ги мислиме и тажиме несудените ни деца.
Јас не реков дека би било МОЕ дете, туку дека едноставно ЌЕ помислувам на тоа дете, што се случило со него ако претпоставиме дека јајце клетката била одбрана, оплодена и бременоста успеала. Би била сурогат, ама не и донор. Значи, ЗА СЕБЕ зборувам, не треба некој на форум да ми каже што би било мое, а што не би било. Си има закони и психолози. Јас кажав ЈАС како би постапила и за случајов, што не те обврзува ни тебе, ни никој друг да мора да ти се допаѓа тоа. Секој за себе. Универзален е законот ваљда ама и тој се менува. И психологијата како наука се менува. И јас се менувам. И децата, мои, твои, се менуваат.
Сакаме де, за тоа и јас зборам, чувство на припадност. Многу е потребно , според моето искуство со едно мало дете, да знаеме каде припаѓаме и да знаеме дека припаѓаме таму безусловно. Мајката за мало дете е сиот негов свет, останатите, татко, баби, стрини, па се до концептот град, држава, нација, се надоградување. И сега, на 3 годишно дете ко ќе почнеш да му објаснуваш, ама ти си од јајце клетка од тунгузија, и може има такви кои тебе некаде низ планетава, што си направил?
Епа што е разликата од сурогат и донирана јајце клетка. Со едното го даваш својот генетски материјал, со другото го носиш 40 недели, јаде од тебе, живее од тебе, го гледаш на ехо, те клоца. Повеќе шанса има да се поврзеш со она што го носиш во тебе, отколку она што ќе го донираш.