Неколку реченици од мене, гледано од различни аспекти: 1. Ако сум јас детето зачнато по ваков пат- зошто би сакала да знам за тоа? Што може да ми смени таа информација освен да ми го искомплицира животот повеќе? Јас сум секогаш за да се каже вистината ако е детето евентуално посвоено, бидејќи имав неколку случаи околу мене кај што познаници дознаваа од други луѓе дека се посвоени и навистина не е воопшто пријатно да ти каже некој непознат дека си посвоен. За жал во такво општество живееме кај што сите си го пикаат носот кај не треба, така што подобро би било да дознаам од моите дека сум посвоена отколку од некои небитни личности. Во овој случај членката НЕМА што да му каже на детето- нема информации како се вика донаторот, каде точно живее, што прави со себе на овој свет, така што ова е сосема неважно за да го сподели, само ќе се избуни детето непотребно, бидејќи тоа ќе има прашања (и тоа премногу!), а таа нема да ги има сите одговори. 2. Ако сум донатор на јајце клетка- сум го направила тоа, бидејќи сакам на друга личност да и помогнам да се оствари како мајка и со тоа не и давам право да кажува податоци за мене. Можеби не сакам да имам свои деца воопшто, можеби веќе си имам, можеби само едноставно сакам да направам добро дело за некого. Ако донирам јајце клетки, тоа не значи дека сакам да сум во контакт со тие деца. Јас донацијата на ваков материјал ја гледам како хуман чин со кој донатори им помагаат на луѓе кои сакаат да станат родители, но имаат потешкотии и сметам дека е навистина прекрасен гест. 3. За крај, сценарио ако сум мајката и ова е најтешко да го напишам и се извинувам ако звучи сурово за останатите- зошто да се одлучам воопшто на ваков чекор ако понатака ќе имам вакви дилеми? Ја разбирам желбата да се биде мајка, но вие сте мајка без разлика како ќе дојде детето на овој свет: дали ќе е со донор, посвоено, носено од сурогат итн., мајките сте вие кои мора тоа дете да го чувствувате ВАШЕ, бидејќи реално и тоа си е ваше. И навистина многу ми е неубаво кога ќе прочитам ‘за греота, ќе нема братче или сестриче’- ова е фокус од кој треба сите да излезиме. Значи имаш едно здраво право дете, си се измачила и си го добила, ако останеш само со 1 детенце нема ништо да ти стане. Во какво време живееме, среќни да сме ако воопшто успееме да имаме деца и како поради биолошка, така и поради финансиска природа. На членката имам само да и порачам да се фокусира на својата фамилија, растењето на нејзиното дете, да си се консултира со стручни лица, бидејќи ова е нејзин личен проблем и дилема со самата себеси. Времето е единствен показател кој ќе те води како да постапиш. Има поделени мислења прилично, само ти препорачувам да си го следиш своето срце, но внимавај на тој пат да не си го повредиш детенцето. Консулатција со стручни лица ти препорачувам што поскоро, за да ти помогнат да си ја смириш совеста.
@Biljarkata викаат искреност требало, секое дете се интересирало и морало да знае како се зачнало, како се родило. Абе ќерко со татко ти се запознавме во диско, се начукавме ко дрва, и се фукавме в кола, татко ти нејќел кондоми го стегале, и така се зачна ти, па татко ти нејќеше да ме земи, велеше од кај знам дали е мое, а и тој имаше женска тогаш, па ај бабите и дедовците се исподоговорија некако па се зедовме со татко ти, па така не завршив факултет се напрајв домаќинка… п**** матер, кај отидов на таа забава кај се запустив. Ќерко ако имаш 5 години, мораш да ја знаеш вистината, во нашата фамилија нема тајни Оти ако му речеш мама и тато се сакаа и така дојде ти на свет ќе бидеш најголем и најнеморален лажов и ќе го уништиш детето за цел живот, оти нели вистината!!!!
Аууу ама сте осетливи. Детето ќе.сконта секако ако 'тато' 'сосила' ја зел 'мама' оти останала трудна, и оти постарите го 'пееле'. Па уште дете да обвинуваш дека факултет не си завршил. Има многу што и со дете завршиле. И со 3 деца. Значи детето не мора да знае за мојот оргазам или колку сантиметри е пенисот на татко му, ама је.ем ли га, не се крие се' живо и диво, за да се 'разлепша' реалноста. Оти тајните 'истекуваат' на најинтересни начини. Ете има и членки тука кои пишале како реалноста ги гризнала. Не е крај на светот.
17 страници, на сите те има во неколку поста со скроз ист коментар. Тебе и уше 2-3 го дрвите тоа па тоа, истото па истото, па уше и се потсмевате, па додавате приказнички за да создадете некаков аргумент, па ќе си се потапшате по раме и на следната страна истото та истото. Сериозни ли сте? Дај оладете малку, нема смисла, ви го разбирам стравот и фрустрациите, ама го претеравте. Ах да, ене ја темата за донирање јајни клетки, цело време по некоја девојка бара, оти вака сите силни сме на пишување, и пошо не ви е гајле месечно за јајните клетки што ги исфрлате, одете слободно покажете се на дело. Или не е толку лесно да дадеш дел од себе? Oh well…
За балканска држава каде родителите нормално им плескаат во лице на децата "ради тебе останав у брак и се упропастив" и каде ќотекот е за памет, ептен некако загрижени сте како ќе се осетело детето ако замисли дознае дека мајка му го родила со царски. Ќотек? Може, за памет боли. Да му кажеш дека мама и тато се запознале на свадба на другар? Абе не биди будала, стресови му прајш на дете, шоќемуе да знае. Едит Или замислувам ситуација. Шетаме со мајка ми и се поздравува она со некој човек, ме поздравува и мене ама нема време да каже човекот кој е што е. Ја прашувам неа после: Кој е овој? Она - еден мој братучед, одамна не сме се виделе. Јас - аха, преку баба или дедо сте братучеди? Она- ќерко, ај не поставувај вакви прашања. Што те интересира? Ќе ти смени нешто ако ти кажам? Нема да преживееш ако не ти кажам? Да не сакаш да знаеш и со татко ти како се сексаме? Е вака ве замислувам, најсериозно.
Па ако си бараат, јас сум за донорство, супер си е тоа. Муабетот е дека мораш на детево да му кажеш дека друга му била мајка, што не е ни апсолутно точно. Јас сум за донирање, и после да се има нормален живот кај сите страни, што е толку проблематично во тоа?
Пишав дека би го направила тоа за мои блиски ако е побарано тоа од мене. Инаку одамна се размислував на оваа тема и сакав, секогаш бев со помислата зошто да не. Знаеш што ме врати назад? Целокупната процедура на донирање и на што би го изложила телото за непознат. Не е само, дојдов, дадов, си заминав. Делот со генетски материјал ни малку не ми пројде низ глава. Извини ако сум себична што своите потреби и своето тело го ставам пред туѓото непознато.
Да дополнам кај оние со швалери од дедовци и комшии: знаеш ли Аце наш во Индија колку семе има остаено? Па тоа пола Индија ти се братучеди. А тек колку Цвети османлиите украдоа. Затоа Турците се толку згодни денеска, све е тоа наше семе, наша крв! Изговориве се толку pointless & ridiculous. Ние немаме одговорност што другите направиле и тоа што другите го направиле апсолутно не е оправдување за нашите постапки. Нашата одговорност почнува и завршува со нашите деца.
Според се она што го напиша, сакаш да кажеш дека децата добиени по пат на донирање генетски материјал не заслужуваат да ги наречат роднините на родителите како што доликува според колено или што. Бабата и дедото од моменталните родители се негови баба и дедо, братучедите исто. Имам во опкружување, посвоено дете, кое освен тој податок, располага, пази со привилегијата некого да нарече тетка, братучед, баба. Размисли пред да напишеш нешто. Нормално дека ќе му кажеш која му е фамилија. Фамилија е таа во која моментално живееш, те сака, те расте.
Ќе си умрам од бисериве твои еј Не душо. Туку дека така се однесувате према децата за прашања за роднини зашто нели непотребни информации се и ќе преживеат без да знаат кој е тој братучед. Дека децата не смеат ништо да знаат за семејна историја и да прашуваат за да не се стресуваат и затоа и вие ништо не им кажувате зашто пак, непотребно инфо се тоа и осетлива тема.
Дали нешто поглупо сум прочитала еве не знам. Ај што нема врска со темата, него толку простачки напишано...
Простачки звучи да кажиш дека мајката е жената што донирала јајце клетка, и детето мора да знае оти на очен преглед ќе научи дека е производ на јајце клетка од Русија.
За жал има многу такви родители. Шо обвинват деца за свои неуспеси, или пак пробват да живеат преку нив. Ама сигурно добра мисла имат ( мајтап, очигледно, последната реченица другото така си е). И интересно ми е дека кога сакаат да збораат за зачнување на дете и како то дете дојде на светов, пак памет му оди во шо по апсурдни детали, чак и грозни, и тажни ( да обвиниш дете дека факултет не заврши ради него лмао, фрустрации, фрустрации насекаде). Мислам ако дирек памет ти скокни на то, жал ми е. Се согласувам со тебе ама на делот шо цитирав сакав да се надоврзам. П.С. родител е тој шо те расти и сака. Донор на ЈК е то - донор на ЈК. Колку пати и да велите "полу мајка", "не вистинска мајка" - е само зборање на стравот. Вие сте родители на вашите деца. Како и да се добиени. Не донорот/ родилката. И кога и да мислите на вакви теми то нека ви е прва мисла оти ако се наречете "полу мајка" сфаќам како звучи страшно и створа аверзија кон се шо збораме тука. Ама ти си 100% целосна мајка и да ти е со донор ЈК детето, и да ти е биолошки твое и да ти е посвоено. То не менва факт дека детето има право да знај за свое потекло. Не за "друга мајка". Туку за донор, жена која го родила и слично. Поќе како биолошка историја. Не како "не ти сум мајка". Зошто то не би било вистина.
Психолог ќе го советувал детето аха.. Вие во лага живејте 10 /20 години па психологот ќе ви помогне вас и на детето . Тешко на децата, страшна работа..
Јасно е дека сите сме различни, ама навистина ме интересира дали стварно не сте се запрашале вашите како се запознале, колку долго биле заедно пред да се земат, дали имале други и најразлични прашања за нивниот живот. Епа мене ме интересира се за животот на моите, и сум ги прашувала, за жал често не добивав одговори и се откажав, очигледно и тие со ставот, не е тоа толку важно, што ќе смени таа информација. За покасно на 25 години да кажат дека пред брак биле заедно само 5-6 месеци ама не го сметале тоа за океј, па затоа не споделувале, да не дадат лош пример. Не, не се во право. Што и да кажат дека направиле во животот, па колку и да било лошо, за мене би било океј. Јас ги гледам сега какви се, гледам колку љубов добивам и тоа ми е сосема доволно. Затоа и мислам дека родителите не разговараат отворено со децата, да не бидат осудени, или мислат дека љубовта на детето спрема нив ќе се намали. Не, нема, нема потреба од страв. И баш оти ништо не менува таа информација треба да се каже. Како што некој веќе спомна ако го дознаам тоа на мои 20+ години, посебно од други, ќе ми изгледа дека цел живот во лага сум живеела. Нема да престанам да ги сакам, ниту ќе мислам дека помалку ме сакат оти сум од донирана јк, баш затоа оти ништо не менува, сакам да знам/би кажала. А што е тоа што би се искомплицирало во животот на детето со таа информација? Баш ме интересира.
За мене го вика оти на сестра ми и и открија болест на очи што мора да е наследно, ама е кукавица и не ме цитира. Џабе им е ќе дознае кога тогаш тоа дете, ама на потешок начин.
Зошто не би била способна членката да одговори на тие прашања? Со ова само кажувате колку повеќе е мајка таа што донирала, а не таа што моментално го има детето. Ќе си одговори како се запознала со татко и, ќе одговори и кои му се роднини, ќе одговори низа прашања исто како и секоја друга мајка што го добила детето по природен пат. Сте се фатиле за тоа пусто потекло. Што ќе дознаеш ако ти каже дека донаторот е од Украина и има син. Слика сигурно не им даваат да чуваат, туку им покажуваат само како изгледа. И ќе отвориш цел океан со прашања, кои и да сакаш немаш одговор. Ама разбирам, сакаме да создаваме проблеми онаму каде се непотребни. Јас ја исклучувам можноста да мора да крие, ама не ја ни судам ако се одлучи на таков чекор.