Аман се фаќате за конкретни прашања. Треба сите прашања едно по едно да ги набројам изгледа. Зборувам за комуникација, споделување искуство. Така се создава блискост. Сакам да сум толку блиска со мое дете што би можела се да кажам, па во иднина и тоа да може да сподели со мене се. И добро и лошо. И зошто тогаш да не споделам дека жена ни донирала јк за да добиеме дете, зошто јас сум имала проблем. Што е толку страшно? Стварно не ми е јасно.
Јас не го сфаќам моментот дека детето ќе живее во лага ако мајка му не му каже дека го родила од донирана јајна клетка. Уште не сфатив ни што ќе му смени во животот ако знае дека јајната клетка не припаѓала на мајка му. Освен ако родителите детално не ја објасниле инвитро постапката и ги објавиле деталите во весник или на социјални мрежи, со име и презиме, со сѐ, не знам како детето од друг би дознало дека е од донирана клетка. Не прочитав ниеден валиден аргумент зошто мора да знае таква информација. Буквално не ми е валидно ни тоа за болестите, ни тоа за роднините. Искреност? 99% не сте искрени со децата за многу работи, ама за ова морало транспарентност. Ок, важи.
Освен делот дека си добиена по пат на донор на јајце клетка и сперматозоиди од татко ти, што друго не може да одговори? Кое прашање би била хендикепирана да го одговори? Еве наброј, оставам на фантазија. Со самото тоа што сметаш дека не би била способна да одговори, ја дистанцираш од нејзината улога како мајка, која ем го носела, ем го родила, ем го изгледала. Зошто тогаш советувате да разговара со психолози, ако не е страшно.
Симптоматично во темава е дека токму оние што немаат никаква допирна точка со донирани јк или посвојување се најгласни колку не би му кажале на детето, со многу мнооогу изговори зошто не би го направиле тоа. При тоа постои една иста реторика што се повторува низ страниците и повеќе личи на себе убедување колку се во право. Несигурноста и стравот околу истото не знам од кај им доаѓа, не сум стручна да давам такви претпоставки, можеби самите треба да поработат на истото. Меѓутоа токму она што стои како факт е, токму оние што веќе имаат искуство со дјк или посвоиле, секогаш се прашуваат себе си, или бар најмалку еднаш во животот ќе се запрашаат дали може е правилно да ја кажат вистината на своето дете. И додека првите се најгласни колку не би го направиле тоа, оние што всушност ги растат тие деца размислуваат околу се. Па претпоставувам, да сме на нивно место сите така ќе размислуваме. Никаде не пишав како би постапила оти не знам, токму поради тоа што не сум во таа ситуација и не можам да знам какви чувства би преовладувале, затоа пишувам како според мене би требало да се постапи од оваа перспектива и искуство што го имам. Скроз ја разбирам членката што ја отвори темава. Таа секако размислува како да остане коректна кон своето дете, и нормално дека истовремено се плаши како тоа би реагирало. Верувам дека внатрешната борба што ја водат тие родители дали да се каже или не, е многу потешка од она што ние можеме да претпоставиме. Посебно во општество како македонското. Затворено и полно предрасуди. Но, исто така ако сакаме да изградиме здраво општество за нашите деца, каде овие работи би биле прифатени и нормализирани и те како е потребно е да се збори за се. Пошто - шо ќе му е тоа да го знае е скроз ирелевантно.
Ај пошто и онака се отиде оф топик, ќе кажам што ми беше мене зборот и не некои овде. Значи пак да повторам, не мислам овде конкретно на посвоени, биолошки, вакви такви деца него општо. Некоја кажа па не е убаво на детето да му се каже дека е со ивф или дека е со царски или природно или дека нема што да прашуваш семејна историја зашто немало да ти смени ништо. Затоа реков, па за што онда треба да праиме муабет во живот кога без многу инфо би преживеале и не би ни смениле. Испаѓа дете ништо не треба да го интересира, имало 5, 15 или 25 години, треба никогаш прашање да не постави за минатото на фамилијата. И побогу и мајко мила не мислев на оргазмите и позите у кои се сексале кога го правеле. Него од типот кај живееле некогаш, кај се запознале, ете и дали природно се родиле. Зашто да, да кажеш еј јас тебе те родив со царски не е делење интима, најнормален факт е. Не, не ми менува дали ме родила со царски или природно ама шокур е толку срамно и приватно ако прашам? Не ми менува и дали баба ми била шивачка или докторка ама исто што е толку лошо ако прашам? На либе роднина ми раскажувала за нејзино минато и леле замисли да, не ми смени ама таква си е жената, си отвора рандом теми и си зборува и онака интересно ми било да ја слушам. Ќе преживеев и да не дознаев тие работи дап. Ама интересно ми е да слушам ете некогаш нечии приказни за тоа кои биле, од каде дошле, што работеле итн. Просто интересно и ми отвора љубопитност, а не дека ја прашав со маж ѝ што правеле у кревет.
Тебе ќе те цитирам, дека последна во низата, инаку не единствена со идејата. И некој ако може да одговори на обратното прашање- што добива детето со споделување на таа информација. Како одговор на твоето/вашето прашање, што ми е мене лично и некако полуинтивно страшно- е поткопување на чувството на припаѓање. Првиот гугл вика вака- да знаеш каде и со кого припаѓаш е интегрален сегмент на човековата егзистенција. Кога децата имаат чувство на припаѓање, развиваат доверба и сопствен идентитет. .. Чувството на припаѓање потврдено ги штити децата од ментални проблеми...итн https://childwatch.com/blog/2019/12/10/creating-a-sense-of-belonging-for-children/
Ова нема никаква врска со темата и апсолутно никој не рече дека за ова децата не треба да прашуваат и да знаат! Кој не би одговорил на овие прашања? Мајката може сѐ да каже на детето од ова само може да го прескокне моментот дека не биле нејзини јк. Ако веќе кажува некогаш тоа според мене би било подоцна, кога детето ќе биде оформена личност, што ако каже на 6-7-8год, што ќе разбере тоа дете? Имам внука 7год и си замислувам да треба да и кажат сега нешто, ќе ги гледа како теле, ама баш ништо не би сватила.
Па поназад имаше, да не цитирам сега. Демек зашто да прашуваш како си родела, што ќе ти смени? Или да не му кажуваш дека е со ивф. Сами си ги табуизираат темиве и после се чудат зашто се табу.
Мојот е 6 и пол години и знае дека од меше го извадиле, ама не знае детално што е царски што е природен пораѓај. А камоли па за јајце клетки да треба да се објаснува на дете од таа возраст. Друго е посвојување, а многу на темава мешаат донирана јајце клетка со посвојување. Не знам за каква вистина станува збор, кога жената му е мајка, го носела, го родила, го одгледува, нејзино и на сопругот е целосно. За донирани јајце клетки може да разговара ко ќе може детето да ја разбере целосно, сега само ќе е збунето и ништо нема да постигне.
Твојот го земав за пример, оти цело време се провлекува муабетот 'Која е мајка?'. Мајка е таа што ќе те одгледа.
Ако цел живот крие од тебе нешто па и не е некоја мајка. Не треба да има лаги и превара. Не е само да го раниш детето
Цитирај слободно. Упорно си се фатила за тоа царски или природно. Она што јас го напишав е дека нема потреба на рана возраст да навлегуваш во такви детали. Што му вреди таа информација на дете, објасни ако знаеш. Ќе му кажеш дека со царски е родено. Знаеш на детски јазик да го објасниш што е тоа царски па и природно пораѓање. Во ред, ќе кажеш, мама и тато се сакаа, мама те носеше во мешето и кога беше доволно голема, излезе од мешето. После мама ти даваше млекце да пораснеш голема. Што повеќе од тоа имаш потреба на дете да му објаснуваш. Не лажеш, туку се ориентираш според возраста и наоѓаш соодветно решение да одговориш. Ај те молам уште еднаш напиши го тоа и прочитај ми го мислењето, за да знаеш што точно пишувам.
То е дел од мајчинството. Кога ќе одгледуваш дете, ќе направиш грешки. Како што сакам да велам: “Секој ќе си го заеби детето, на свој начин“ Повеќето за ништо суштинско не разговараат со децата. Ги третираат како своина. “Оти јас така реков!“ - и на то се завршува објаснувањето
@WildMk Оти кога се решаваат на оваа процедура службите не ги советуваат како понатаму ? Не е само дете да имам, желба да си исполнат па после тоа не сакам да му кажам. Рибата смрди од главата
Која сум јас да кажам, на кое дете-како ќе влијае таква лага? Не знам. Ама знам дека јас би сакала да ја знам вистината за себе.
Не би кажала. Што може човек да направи со една информација? Во овој случај ништо позитивно, едноставно еден прашалник кој детето цел живот ќе си го шета со себе на рамења. Личност која што не само што сака да е анонимна туку и со триста закони е заштитена и правото на анонимност и е загарантирано, некаде усвет, па и евентуални брат и сестра распрснати низ светот.... Ако ставам на вага дали јас да сум преќутувач на некакво инфо или детето цел живот да си поставува прашања на кои нема одговори....свесно ќе одлучам да е првото. п.с Повеќе би ме загрижило за сопствените гени и што носиме во себе одколку донирани и поминати низ некаква контрола.
Ќе сакам да знам од кај потекнувам. И нема да ми го смени односот со родителите, оти напредната технологија, е само тоа: Напредна технологија.