@Annath па ајде нека не е лага, ама еве еден начин заблуда. Од раѓање мислиме како нашите си се еден на друг прва и најголема љубов, се земат, решиле дете и ете ве родиле вас. И ќе мислиме дека се е совршено додека не споделат со нас. @Biljarkata Ама ако не менува ништо зошто да не се каже? Еве јас за мене си кажав дека би сакала да знам за животот на моите. Од тоа како им минувале средношколските денови, патувања, постигнување на успеси но и борење со предизвици. Добивањето на дете е едно од најубавите искуство и би сакала да знам низ што се имаат поминато. Едноставно затоа што сум им дете и сакам да ми споделат такви битни делови од животот. п.с. Не сум остварена како родител, ама зборувам како би сакала моите да се однесуваат со мене, и се водам по тоа дека истото ќе го практикувам со мои деца.
Јас имам дете со ин витро и што ќе и смени ако и кажам како е зачната? Треба да и доловам колку малтретирање сме имале по болници,колку сме се измачиле да ја имаме иако не ја ни знаеме причината зошто не можевме природно да зачниме. Не знам како ќе го сфати ова,јас би и кажала ама кога ќе е повозрасна или ќе проценам според тоа каков карактер е. И не знам како ова или зачнување со дониран материјал го хендикепира моментот да со неа споделам како сме се запознале со татко и,колку време сме биле заедно и слично,ако ја интересира нормално.
Малку оф топик. Најмалото е 4г. кога се венчавме со мм најголемата беше 1г а јас веќе трудната со второто. Најмалово уште не може да ни прости што дома сме ја оставиле на свадбата и не била ниту гостин ниту во мешето кај мене. Солзи солзи и плачки. Толку од објаснувањето на мало дете
Премногу и беше апстрактно дека сеуште не била родена/зачната и секое гледање на сликите и е буквално трауматично, се чувствува оставена. Некои работи едноставно се преасптрактни за мали деца а потоа мислам дека никогаш го нема вистинскиот момент...
До одредена возраст неможеш да им објасниш убаво ни за тоа на кој начин се родени.Нив им е хорор дека бебето излегува од стомакот,дека Др не сечел,они го сфаќаат тоа како да не повредиле во болница.Е сега си замислувам како би им објаснила дека излегле преку вагина,барем на оваа возраст не би.
Добра поента. Кога ќе размисли човек себично е да си го олесниш себеси својот терет и да му кажеш дека е од донирани јајце клетки , а да му префрлиш на детето прашалници на кои никогаш нема да дознае одговор и што ке го мачат цел живот.
But...децата секако ги раѓаме од себични причини. Јас од себични причини имам едно. Некој од себични причини 4 оти така сака. Некој од најсебични причини 10 а нема доволно да ги храни. Себична е секоја одлука за своето тело. На овие години, нема да ме прави несреќна да знам дека сум се родила инвитро, посвоена или со царски. Битно сум се родила и живеам. Ко така, ич нека не усвојуваат некои, оти ќе му направат прашалници на детето и дилеми...нека го остават во дом.
Јас тргнувам од себеси и моите деца, и замислувам хипотетички како би било да беше ова случај со моите деца. Стојам на тоа дека не би им кажала, не сакам да ги оптоварувам со таа непотребна информација. Оти не сметам дека знаењето на таа информација менува нешто во нивното секојдневие, а од друга страна, можам да си направам проблем каде што го нема. Верувам дека на посвоено дете не е лесно да му кажеш дека е посвоено, исто и за ова, а може непотребно да му се комплицира животот и да му се создаде проблем, оти не знаеш како ќе го прифати тоа и како ќе реагира. Не сме сите исти, има психички стабилни и психички лабилни лица. На постариот син да му кажам такво нешто, познавајќи го, ќе се каам за навек што сум му кажала. Затоа не. Подобро да си живее во заблуда, не може на друг начин да дознае освен од родителот. Не е како кај посвоени деца, за кои секогаш ќе се најдат душегрижници да "излаат" нешто, ако родителите не кажале на време.
Мислам дека има голема разлика осознавање на некој ваков факт кога човек веќе се чувствува како оформена личност, ментално и емоционална способна да се носи со истата. Дете во развој, пубертет...за мене (што не мора да значи дека е пправилно) не е.Тогаш секако фали некое делче, дали од хормони, дали од фактот што сеуште се пронаоѓаме и градиме како личност...па лесно би се препишало се на овој момент, или со други зборови кривец за се.
Не можам ова да го карактеризирам како непотребна информација, тука како вистината. Реториката од двете страни е ок, со исклучок на неколку мислења, иако не прочитав се. Не знам што би сменила оваа информација и дали е воопшто важно дали нешто менува. Поентата ми е повеќе релацијата на доверба родител-дете. Ако се премолчи, може и никогаш да не дознае. Ако се случи нешто да дознае, иако минимални шанси, верувам дека ќе биде урнат свет, поради молчењето. Како јас би постапила, не знам. Најискрено не знам. Скоро сум сигурна дека би ги имала скроз истите прашања како и членката и би ми "тежело" можеби на сличен начин. Не затоа што не би се сметала како мајка на тоа дете, туку затоа што се тоа прашања кои неминовно се јавуваат како дел од мајчинството. Исто, ќе ме мачи мислата дали таа информација ќе му тежи на моето дете. Што и да одлучи мајката, не е за осуда, бидејќи ќе го направи тоа во корист на своето дете. Ако одлучи да каже, возраста и објаснувањето секако дека треба да се земат во предвид. Ако е на помала возраст, консултација со стручни лица, со цел совети и насоки. Има многу начини како да се објаснат комплицирани теми. И луѓе, не правете табу од нормални теми за разговор. Тоа најмногу се провлекува во темава некако. Приказната за штркот што носи бебиња е одамна во минатото и таму треба да остане. Терминологиите како јајце клетка, сперматозоид, месечен циклус итн. веќе се вклучени во книги за деца. Карактеристични за период кога и почнуваат прашањата, од наједноставни до покомплицирани, како и прашања за сексуалноста. Кај моите беше вака: мама, од каде дојде топката? Од што е направена масата? А како дојде тревата? Зошто има дрва? И на крајот бум: од каде дојдов јас? Од што сум направена јас? "Леле тебе штркот те донесе и најубаво беше од сите бебиња, затоа јас и татко ти те одбравме тебе." Можеме многу лесно да си помогнеме, бар во денешно време, да го објасниме процесот зачеток, со едукативен материјал за истото, соодветен на возраста
Се сложувам. Иако не можам да се правам светица. И јас кријам некои работи од некои луге. Зашто ги знам лугето , и се знам себе си. Чак и од детето иако е веќе во преадолесценција. Ама кога сум и кажала за нешто што сум криела кога била помала ми рекла : ахаа..сега сфаќам зошто тогаш и тогаш така постапи со тој и тој ..тогаш ти се лутев и те сметав за лоша... Сфаќаат децата повеќе од што мислиме. Но добро да се одбере момент. Најважната борба да ја кријам од најважниот човек? Ова така ми делува...можеби грешам дека од трибини гледам а не ин медиас рес.
Ние не добивме мединска историја,каде да ја барам? Плус да додадеме се хранеше со мое млеко 2 години Јас не можам на 3 години да му објаснам дека треба да кака во нокшир не во пелена, а не па за јајце клетки да му објаснувам
Доколку посвојам дете, во определен момент, ни ја знам кога точно, ваљда треба да почувствувам кога е дојден вистинскиот, без двоумење би му споделила. Од причина што постоењето на таа жена што го родила или тој татко што го зачнал би било изводливо(иако далку од лесно) да ги види, да добие некаков одговор и да се ослободи од евентуален терет или прашалници. Во овој случај јас свесно би живеела со прашалници, со тежина и болка, но оно да биде безгрижно. Оти ниту ќе може да ги види и запознае тие луѓе ниту некогаш ќе дознае дали има други деца со кои е во крвно сродство итн. Информацијата ќе му донесе тежина, не и олеснување кое се очекува кога ќе се соопшти ``големата вистина``.
Дени, мене ова со банките на дна ми мати мисли. Многу луге се 'испронајдоа'. Не мора 'особата' да е во банка. Дете нејзино или внуче да дало днк ради забава, и оп "match".
Епа еве на членката што објави нивните браќа сестри не знаат,така да возможно е некој да не каже ни на сестри и браќа.Ја не би можела да издржам да скријам.
И јас навистина не прочитав низ целава тема добра причина зошто да му се каже на детето. Преовеличувате за наследните болести, за изгубени братчиња и сестри да не зборувам.
Добра причина? Оти тоа е вистината. Не, не мора да се каже ако мисли дека ќе следат проблеми. Таа си одлучува. И таткото, ваљда и тој има некое мислење..
Мене брат ми ми е во најблиските на свет. И сега брат ми ќе знае, детето не. Малце чудно . Но се' има..