Би кажала на соодветен начин и во соработка со психолог. Исто како што би кажала на дете кое сум го посвоила дека е посвоено. Не би чекала да оформи семејство, па да му се каже, сметам дека предолго е тоа за да не си го знае биолошкото потекло. Како сакате сфатете ме ама сметам дека е себично да се крие нешто такво.
Или ајде се ставам на место на донорот. Донирам јајце клетки, ги КУПУВААТ, си вадам пари јас од ова, утре не ми треба на врата децава од донираните јајце клетки да ми дојдат штом сум решила да ги донирам и да немам никаков контакт со мајката и бебето. Малку треба да се гледаат двете страни, не за џабе донорите колку што знам се анонимни. Премногу нереално гледате на работите. Го носам 9 месеци бебето, го гледам и ајде не било мое тоа, било на таа што сум и платила да ми ги даде јк.. Само бадијала да го реметам животот на детето.
Знаат само нашите родители. Кажавме уште првиот пат дека купивме материјал за 2 обиди, првиот беше неуспешен, детето ни е од втор обид со донирани. После тоа немаме зборувано за тоа, исто како да не било ништо. Дури ни сестри/браќа не ни знаат биејќи знаеме дека има шанси утре да кажат на сопружници и веќе тоа не е тајна.
И кога ќе размислиш убаво така е. Најреално кажано Што ќе биде ако утре и тропнат на врата 5 деца, а она сакала само пари или само сакала да биде хумана и да направи добро дело. Побарав мислење за како ќе биде најдобро за мојот син, јас не сум битна во прикаскава бидејќи се имам помирено и прифатено како да е моја крв,ген... Сакам од ситуацијава да испадне неповреден и да сфати дека сме направиле така идејќи многу сме го посакувале и бидејќи со татко му многу се сакаме , но мама нема можност да има дете со своја јајце клетка, а сака да има дете од човекот што го сака.
Луѓе, не е за детето да ја бара жената, ниту пак дека детето не е од мајката што го родила и одгледала. Не мислам дека некој го рече тоа, еве препрочитувам и не гледам такво нешто. Според мене, детето има право да знае. А ако на некој начин дознае некогаш, веројатно дека ќе се чувствува збунето или можеби повредено што не му кажале сопствените родители. Има днк тестови што луѓе ги прават се почесто, домашни тестови со плунка со кои се внесуваш во база и можеш да добиеш поклопување доколку твои браќа и сестри истиот тест го направиле. Илјадници луѓе се пронашле така. Тоа не можеш да го спречиш пошто одкако ќе направи 18 може да си купи таков тест и после треба многу работи да објаснуваш. Не тргнувајте од моментот - јас сум мајката, мое е. Никој не го порекнува тоа. Тргнете од моментот на детето, зошто неговите чувства се најбитни овде. И јас да сум од донор ќе сакав да знам. Не дека помалку ќе ги сакав мајка ми и татко ми, едноставно ќе сакав да знам од кај сум, дали можеби имам браќа и сестри или едноставно ќе сакав да ја знам таа информација. Некогаш треба да се направи она што е правилно, а не она што е лесно. Со психолог за деца, со убава подготовка, донесете одлука со стручно лице, ќе ве насочи и за возраст и за се друго за кое имате дилеми.
Не. Донорите треба да се анонимни. Тоа се подразбира,не треба ни ти да знаеш. На твоето дете родител си му ти. Информација дека е створено од дониран материјал на некоја жена нема потреба да ја дознае,што дека ке ја дознае?
Додека е мало не. Би било многу збунувачко за него. Кога е возрасен, веројатно. Јас би сакала да знам ваква информација и сметам дека секој има право да знае апсолутно се за себе.
@Mantub ако дознае сам, нека дознае,ама јас никогаш не би кажала. Некако мислам дека ова се става на исто гледиште со посвојувањето, па затоа вакви одговори има,а мене тие две работи не ми се исти ни најмалку. Не може да е правилно тоа кога донорите се анонимни, зашто би му кажала? Баш се согласувам со @Cosmi @Lija.ska За оваа одлука воопшто немој да го земаш во предвид мислењето на нас, од форумот. Ниедна не сме во твојата кожа. Само разговор со маж ти и никој друг. Ама пак ќе речам. Јас никогаш ама баш никогаш не би му кажала.
Не би кажала. Што би постигнала со тоа, нема штета ако не му кажеш. Детето е твое и се родило како такво, апсолутно не гледам потреба зошто би знаело. Поголема забуна можеш да направиш ако му кажеш, од каде знаеш како ке реагира и ке ја процесира информацијата. Ти си го носела, си се мачила и е твое. Само носи генетски материјал на жена која заработила на тој начин. Не за џабе е анонимна. А некој спомна днк тестови. Искрено не сум слушнала некој да прави, шансите се минимални да му дојде некогаш таква идеја. Уживај и не се оптеретувај со вакви мисли. Ти си му мајка и нема потреба било кој да е вмешан во приказната.
Исто и јас. Зашто немир да си имам во животот, да ја барам госпоѓата што донирала.. и да не ја барам, да ме копка цел живот тоа . Не не
Мислам дека и не смее да дознае детето. Така се заштитени донорите,донираат ама се заштитени за утре да не ги бараат како родители ,родителски права,финансирање.
Себично би било да се крие.Детето има право да знае. Не сега, ама кога ќе биде на школска возраст.Зависи што ќе каже психологот. Полошо би било ако дознае од друг или ако ти и маж ти некогаш зборите за тоа и ве чуе.
Од друг не би можел да дознае. Родителиве наши не ни го спомнуваат тоа. А и од нас нема сигурно да слушне нешто. Не правиме муабет за тоа. Нсжа што да се дискутира на таа тема Сепак на леај мислам дека прво треба разговор со психолог или во идина ако сетам дека е доволно зрел да ја свари информацијата тогаш да му кажам, но ако дојде спонтано. Ако видам дека не е зрел не би кажала...
Не би кажала. Посебно не на мали години бидејќи ќе сфати дека татко му бил со друга. А не верувам дека кога ќе е и 20+ год, од кај да знам дали ќе оде да ја бара "мајка му" што сакала да биде само хумана или сакала пари. Во изводот си пишува се што како. Ако гледаш од таа страна таа можеби има 20 деца веќе.
Уф ,многу е тешко. Мене ми е многу жал што нема да има братче или сестриче што цел живот ќе биде сам, а има сигурно минимум еден полубрат што никогаш нема да го запознае и потенцијални уште многу низ светот
Јас не би му кажала Што корист од тоа? Да е посвоено би му кажала па негово е дали ќе одлучи да ги побара и да ги запознае или не, вака што ќе добие со таа информација? Нели не смее да ја бара Зашто да ти биде жал, не е само, ве има вас, знам дека не е и некоја утеха ама се повеќе брачни парови се одлучуваат и остануваат само на едно детенце. Не ја раздлабувај ситуацијата, нема потреба од што би било кога би било, само психички ќе се уништиш, уживај во моментите со детето и биди среќна