Секако дека треба да се каже. Буквално постојат милион начини на кои може намерно или ненамерно да дознае кога ќе биде возрасен. Да не заборавиме и за сите непознати генетски предиспозиции кои таа возрасна личност утре нема да има поим дека воопшто може да ги носи. И баш подобро кога е помало, не да се чека да порасне па наеднаш да му се приреди толкава траума. Искрено не мислам дека е за мало дете толку шокантно да му се каже такво нешто со оглед на тоа што не знаат како функционира концептот, таман полека со текот на годините ќе си ја прифаќа идејата и ќе порасне со нејзе, па кога ќе биде зрел веќе ќе ја има интернализирано и нема да му биде нешто чудно и страшно.
Sebichno e da se krie. I jas ako sum od donirani kletki, bi sakala da znam. Ne deka ke mi smeni neshto informacijata, ama ako otkrijam na drug nachin, a ne od majka mi i tatko mi, bi mi se smenilo mislenjeto t.e. deka se sebichni i neiskreni ine bi mozhela da sfatam zoshto mi krijat takva informacija. Ne sekogash toa sho e najlesno e najpravilno.
На соодветна возраст би му кажала. Нема да можам а не е ни убаво да го лажам детето цел живот. Вие сакате да бидете цел живот лажени?
Јас и воопшто на оваа тема не би размислувала доколку добијам на таков начин дете. Како се зачнало што има врска. Јас го родив. И таа ќе се уништи психички, а и детето. Мајка сум,премногу ја сакам и не би поднела да ја загрижам, разочарам..или уништам животот на неа со таква информација само затоа што така е "правилно" а уствари не е. Да било правилно немаше да е се анонимно. Детето има право да ја дознае медицинската историја мислам, но не и личните податоци на донорот ,само поради медицинска оправдана причина кога ќе биде полнолетен и тоа ако дозволи државната комисија.. Така да .. далеку од тоа дека е правилно да се каже.
На кој начин има полубрат? Клетки од една, оплодени со друг, родено од трета, полубрат на твоето дете оплодено со клетки од маж ти? Не ми држе вода. Во теорија да има полубрат, во пракса не. Јас да сум донор и утре некој да ме бара бидејќи сум му "мајка" цел живот ќе се каам што сум направила хуман гест да помогнам на родители што не можат да имаат деца. Едит; Иначе би му кажала кога ќе биде возрасен човек, да речам пред женење. Да си знае, можеби има крвна група на таа жена? Така најлесно че открие дека нешто не штима. Иначе би му кажала и поради гени, можеби некои наследни работи и сл.
А како ќе му го уништиш животот на детето? Единствено ќе му го уништиш ако никогаш не му кажеш и дознае само на 30 год.
I vo praksa verojatno e da ima polubrat/polusestra. Za genite sosem nebitno e koj go ima rodeno toa dete.
Со тоа што нема да може да дознае која е таа што донирала, малку ли е цел живот да се прашува тоа? Па на секоја кавга да посакува да си ја најде не знам ни дали можам да ја наречам биолошката мајка, па да се прашува дали јас доволно го сакам или сум строга со него нели дека не мој.. и мал милион други прашања. Пак ќе речам, не го мешајте ова со посвојување, не е исто.
При донација на јајце клетки жената што раѓа се рачуна за биолошка мајка, не донорот. Исто размислувам ко тебе, не е ова посвојување па да се бара мајката, ова е анонимен хуман гест и донорите немаат врска со децата. Исто ко на некој бубрег што се донира.
Донорот со причина е анонимен. Детето не е ускратено за ништо, има двајца родители. Во Европа само во Англија по посебни процедури може да го дознае донорот ако донорот одлучил да биде полуанонимен. Ако му кажат на детово ке го прекршат неговото право да биде анонимен донор.
Ама донорот е анонимен за да не се знае која е, понатаму во живот да нема допирна точка со децата, а не за да не му кажат на детето дека е дете од донор на јајце клетки
Не мешам со посвојување. Морално е да се каже. Нели искреноста во семејството е најбитна? Зошто би се прашувало детето дали доволно го сакаш? Такво прашање би си поставувало единствено ако си го предизвикала тоа со однесувањето. Доколку сака да ја најде нека размислува за тоа кога ќе порасне Се согласувам дека ова прашање може да биде tricky, но тоа е можеби единствената негативна страна од искреноста. Ќе кажам пак, вакви работи ќе се дознаат кога тогаш, дали на 5 год дали на 25 дали на 55...на 5год ќе му биде нормално, на 25 траума. @Maryland1087 крвната група е комбинација од донорот и таткото. И добро е што го спомна ова, бидејќи и од самата крвна група може да сфати дека нешто не е како што треба.
Затоа треба да му се каже кога ќе биде возрасен а не во тинејџерски период. Свашта може да му мини низ глава, дека татко му имал друга жена дека има друга мајка можеби ќе сака да ја бара и ред други работи што нема да ги сфати, или ќе ги сфати погрешно.
Како ќе му го прекршат правото на донорот? Ако е анонимен донор значи и родителите не знаат ништо за него, поточно знаат само онолку колку што сака донорот да знаат и онолку колку што би му било во ред да знае и детето во иднина. Не е ствар на усмен договор меѓу родителите и донорот па да му прекршат право.
А што би знаело за жената детето, кога немаат никакви информации и е анонимен донор? Што за гените пример? Ако има медицинска потреба понатаму преку агенцијата се решава, пак нема да имаат контакт со донорот. @Angie1432 не може да ја бара на никаков начин ако е анонимен донор. Не зборуваме за биолошка мајка, туку за донор на јајце клетки. Пример донираш крв и не ни знаеш, ниту размислуваш кај оди. И јас сум да нема тајни во семејството, ама не ја разбирам потребата во ваков случај. Родителите се биолошки родители на детето, само генетскиот материјал не е од кај мајката. На поголема возраст може подобро би разбрало, сега само ќе се збуни со информациите.