Ама и детето треба да си знае, зарем не? *** Туку ако некогаш дознае случајно детево, да не биде мајкава "ја нисам одавде" или "ама за твое добро" криевме. Е тогаш ќе е полошо.
Poglupo i policemerno neshto od toa "ama za tvoe dobro krievme"nemam slushnato. Ne, ne kriele za negovo dobro,tuku nemale hrabrost da mu kazhat!
Нема шанса да дознае дека е од дониран материјал преку тестови за совпаѓања. Малку не верувам на авторов на темава бидејки Не е посвојување ова. Детево има гени и од таткото. Генетиката е сложена ,вака како што пишувате со @Munchmallow20 при ивф со донирање материјал треба да се знаат сите деца родени меѓусебе заради болести. Тоа значи и откривање и можно создавање роднински врски кои не биле планирани.
Мајката е посебна личност.Детето е посебна личност. Да е она во таква ситуација, можеби не би сакала да знае.Ама, можеби детето би сакало да знае. Плус, секое дете има право да си го знае потеклото и поради можна појава на болести. Можеби, ама можеби и не. Мал момент на невнимание е доволен да слушне.Може на вашите родители или на вас да им/ви се испушти при расправија или да зборат/зборите за тоа мислејќи дека не е дојдено дома или дека не може да ве слушне.
Не, не. Ако јас направам тест и влезам со мојата днк во база, и потенцијалните сестри/браќа исто се во база, се случува совпаѓање и се известуваат двете страни.
Комплексна тема, која треба да се разгледа од многу страни. Јас лично, би кажала дури по полнолетството, мислам дека тогаш е најпогоден период во кој детето ќе го сфати ова, бидејќи веќе добро ќе знае како функционира репродуктивниот систем и ќе можеш убаво да му објасниш. Исто така тогаш му е и поминат оној “луд” период, и е изграден како личнпст, па би го сметала за идеално. Се ставам на место на детенцето, и многу сум сигурна дека не би се налутила, туку би сфатила и продолжила исто. Доколку се одлучиш одредено време да криеш, треба добро да внимаваш на одредени работи. Веќе по биологија во средно(а може и основно) кога се учи за крвни групи се учи и која крвна група е возможно да испаднеш според таа на твоите родители. Дури и ни даваа како “равенки” да пресметаме која би можеле да бидеме. Ако не се совпаѓа нешто тука, може да настане проблем. Друго, потруди се кога и да дознае, тоа да биде од татко му и тебе, а не од друго место. Среќно што и да одлучиш
@Lija.ska не гледам причина да го знае тоа, ти си го носела ти си го растела, каков фактор е јајце клетката. И ако го знае тој податок што ќе му промени во животот? Уживај си со малиот немој воопшто да се оптоваруваш со непотребни прашања. Здравје ако дојде време и ситуација кога сметаш дека треба да му кажеш кажи му, но не мислам дека ќе му значи кој знае што.
Извини, не сакам да те навредам, ама како се запна со таа крвна група. Не се наследува крвна група иста или од мајката или од таткото, туку преку доминантните гени што ги носат родителите. Можи мајката да е на пр А крвна група, таткото Б, а детето има можност да е А, Б, АБ и 0 во зависност од доминантни/рецесивни гени. Инаку @Lija.ska, комплексна е ситуацијата. И да кажиш и да не кажиш може да е грешка. Јас не верувам во тоа совпаѓање во база на податоци за генетски тестирања, ниту пак дека ќе се сретне и вљуби баш во полусестрата. Премало е детенцето, кога ќе почувствуваш ти дека е доволно зрело за да ја испроцесира темата, доколку сѐ уште мислиш дека треба да знае, кажи му. Не си ставај тежини на душата уште сега. Кој е ставот на сопругот?
Би кажала. Не прекасно во исто време. На сличен начин шо се кажува посвојување, само малку модифициран за конкретната ситуација. И не е нешто шо се кажва еднаш ( ако решиш да му кажиш рано), туку се повторва колку го сакаш и она шо рече, дека и да можиш да имаш биолошки твое дете - би го избрала него. Шансите да бара мајката се 60/40 во полза дека нема да ја бара. Пошто има генетски родител покрај себе во кој ќе си гледа лик ако го "фати криза" од информацијата ( поверојатно ако се кажи како повозрасен, него како дете). Значи ова беше од психолошки аспект зошто би кажала, оти ако дознај сам - полошо ќе е. Ако некој му кажи друг шо не е вие двата - полошо ќе е. Ако му кажите прекасно - ќе се осеќа како реалноста да му се руши. Деликатно е ама не е невозможно. Башка шо има право да знај за свое биолошко потекло. Е сега од практичен аспект: ќе оди на лекар ќе кажи дека нема за нешто предиспозиции гледајќи ве - па можи некогаш да се испушти нешто важно. Значи од генетски аспект. Да знае да не се поткрепува на "фамилијарна историја" по мајчина страна, и ако имате некои генетски предиспозиции од донорот - да ги знае за негово здравје. И нормално за полусиблинзи има ризик ама вие да кажите, другите не ... Јбг. Не е само до вас во случајов.
Постапи си како тебе ти вели интуицијата. Ако ја немаш сега, можеби натаму ќе се јави. Мал е, натаму ќе го осознаеш подобро дали е за кажување и кога е за кажување. Ќе процениш како мајка, ќе знаеш кога, како и дали. Нормално дека ќе има поделени мислења. Од една страна, не сакаш да имаш чувство дека си го лажеш детето, друга страна, тоа е твое дете од ембрион до засекогаш. Растело во тебе, безразлика на околности. А околу генетски предиспозиции за развивање болести, зар банката не прибира такви информации од донорите? Листа некаква на можни 'ризици', според тоа кој од што боледувал во нејзина фамилија, еве пример имала хипотироидизам, дијабетес, и тн. Известуваат за тоа?
@Lija.ska Јас би молчела. Нема ни што да се каже. Ти си му мајка од прв ден. Не е страшна лага, да те гризе совест. Сте сакале потомство и единствен начин бил тој. Не си руши раат на себе и на детето. Постави си прашање, што ако дознае? Може да биде позитивно прифатено, може да биде бурно. За второто не би ризикувала. Шансите некогаш да дознае се една во милион. Кој до сега од нас правел ДНК тест? Истовремено и не е фер према донорот. И требале пари и си донирала, да сакала да има контакт со децата, немала да се нафати на таков чекор. Ти како мислиш така е најубаво. А и многу е битно на која возраст би било тоа соопштено. Сега да ми каже мајка ми, ќе и речам да си жива и здрава, на донорот да му се алал парите. Ама да бев малолетна, не би знаела што ќе ми се плетка во паметот. Уживајте си во животот и не си го комплицирајте за џабе. Ти си му мајка и нема што понатаму да се дискутира. Одлуката сепак е ваша и никој не може да ти каже што е најдобро, етички и правилно.
Не би кажала, особено не би на мала возраст, уште помалку во пубертет, со бубачките у глава Ама ја не сум репер, моево уште не знае, а како проаѓа, се потешко ќе ми биде да кажам и веројатноста дека ќе дознае од "комшии" ќе биде огромна. Себична сум, зошто го сакам моментот дека мисли дека од мојот стомак е излезена, исто како сестра и по неа. И дека ме сака најмногу на свет. Јебига, себична сум. Да е од донор клетка, теорија нема да и кажам, мое мое и само мое сум јас
Мене не ми е јасно како детето би дознало од комшии дека е зачнато од донирани јајни клетки?! Сигурно родителите на кажуваат на сите страни и на секој познат и непознат дека детето им е зачнато на тој начин? Барем денес многумина имаат потпомогнато оплодување, не е ништо чудно ин витро постапка, ама верувам дека никој не разгласува за потеклото на јајните клетки и сперматозоидите. Јас не би кажала, не сметам дека мора детето да знае оти е од донирана јајна клетка. Не би сакала да му го комплицирам животот.
Ne bi kazala, rasnelo vo tebe, si go rodila, sto ima da mu objasnuvas za jajce kletki, nema ni da razbere mozebi . Tvoe si e deteto, ne se zamoruvaj so toa, ne ima tuka mnogu sto sme dobile deca po lecenje sterilitet, pa nikad na kraj pamet ne mj doslo da objasnuvam i da im kazuvam na koj nacin se dobieni, za mene toa e sosem nebitno..
Колку заостанати мислења уствари ми текна каде живеам. Што има детето да ја бара донорката? До 18 години сигурно нема да ја најде (не верувам дека би ја барало), а после 18 нема да има никакви законски права да бара да се грижи за него, или да го признае како дете. Мислам дека ни самите родители немаат податоци од неа, не па детето ќе дојде до нив. За некоја година деца од донирани јајце клетки ќе биде нешто нормално. И во право се некој членки за днк страните, ќе не стигнат и нас. Интересна работа ми се. А и на тоа дете нема да му е чудно што не личи воопшто на мајка му? Или нема никакви карактеристики на неа.
Јас не личам ни на мајка ми ни на татко ми. Дали тоа значи дека сум посвоена или пак добиена по пат на дониран генетски материјал? Има куп примери околу мене, што децата се мешавина и не си личат на родителите. Не е релевантно за да се сомневаш. Генетиката може да се пренесува од колена наназад. Го забораваме и фактот дека се работи за донација на јајце клетки, не и сперматозоиди. Детето може да добие карактеристики и на таткото. Не им ставајте трн во нога на родителите. Ништо не е битно, ни како е добиено, ни како е дојдено на овој свет, ниту пак на кого личи. Битно е детето да е среќно, најадено, здраво, школувано.
Има еден полубрат сигурно,самата жена има свое дете. Сите успешни инвитра со нејзините ј.клетки му се полубраќа/сестри. Сите се од иста "мајка". Комбинација на нашите две крвни групи е. Сопругот остава на мене да одлучам. Не известуваат ништо. Кога биравме само имаше нејзина слика како дете, крвна група, боја на очи и коса, националност, и националност на мајка/татко и од што починале (ако се починати). Образование, брачен статус, професија, хоби. А имаше и ракопис каков има и гласот нејзин како зборува. Па има многу деца што не си личат на некој од родителите па не ми текнало дека се со донор Многу ми е јако кога некој ќе ми рече на тебе личи
Јас мислам дека ти не се сметаш за мајка на детето. Извини ама таков впечаток ми оставаш. Смешно ти било кога ти кажуваат дека личело на тебе. Па јас би се гордеела некој да ми го каже тоа. Неколку пати спомнуваш полубраќа и полусестри. Што ти е битно тоа? Мислеш дека тие знаат за твоето дете и дека им е битно тоа?
И тоа нормално постои, без да си предмет на дониран материјал. Дете со плава коса, родителите со црна. Ниски, детето високо. Кога ќе кажам дека генетиката е чудесна работа, мислам навистина така. Никој не ти гарантира дека токму од родителите ќе го наследиш физичкиот изглед. Слободно можам да се изразам, дека се работи за лотарија.