Тоа се подразбира, но не знам колку може да се најде темен донор од Руско подрачје. Мене лично не би ми сметале плави гени, намерно би ги бирала.
Никој буквално никој не рече дека е нејзино. Како и да е детето има право да знае дека има разчично биолошко потекло од родителите, кои секогаш ќе му се родители. Нормално дека не те прави мајка ни татко самиот генетски материјал. Ни носењето на детето 9 месеци не те прави мајка (сурогат). Многу покомплексно од тоа е да се биде родител. Имам чувство дека игнорирате дека генетското потекло е сакале ние или нејќеле дел од здравјето на индивидуата и дека таков податок секој има право да знае. Не знам дали е правно регулирано, веројатно не, ама како и да е, верувам дека секој еден човек би сакал да знае. Викаш гледајте ги нештата од сите страни, а ти самата не ги гледаш од аспект на тој кој е најмногу засегнат од сето ова, а тоа е детето.
Не знам како е тоа регулирано во Македонија, меѓутоа не може секој да биде донор. Постојат испитувања на одредени потенцијални заболувања кои може да ги носи некој од биолошките родители. Ги има премногу, но на дел се испитува. Дали нашите родители, е прашање, правеле такви испитувања? Колку си сигурна дека не носиш нешто потенцијално опасно во своите гени? И ти имаш право да знаеш, а дали знаеш?
Не беше поентата за наследни болести. Туку дека едноставно имаш право да знаеш. Крајно себично е заради страв на мајката која те пораснала да не знаеш дека имате различно генетско потекло. Инаку да, за биолошките родители знаеш особено за критичните болести. Пример ако мајката има историја на канцер, ќерката иде почесто на тие испитувања.
Ништо од тоа не е гаранција дека токму ти ќе ја имааш таа комбинација од гени. Постои можност, како што постои можност утре или за 10 години да погинам од други фактори. Исто како со дијабет. Ако родителот има, а ти се исхрануваш здраво и водиш сметка за својот животен стил, големи се шансите да не развиеш никогаш, или пак да развие твојот брат или сестра. Според податоците, шансите се зголемуваат за 5 до 10% ако еден од родителите има канцер. Повторно ќе напоменам, во светски рамки тоа се испитува и е построго регулирано, за тука не знам. А не дај боже ако утре се појави некоја тешка болест, кому ќе му смени ако е наследно? Си можел да спречиш, си знаел со сигурност дека ќе развие, со сигурност знаеш дека генетика е во прашање или можеби егзогени фактори? Според она што го говориш, треба сите да ја знаеме својата лоза и родителите да прават генетски испитување. Што во овој случај ми изгледа дискриминирачки. Дали детето ќе мораше да ги знае тие факти, ако мајката донор го износеше во заедница со биолошкиот татко? А и никој не гарантира чии гени ќе доминираат. Јас не го гледам тоа како страв или себичност, туку воопшто немање на потреба да сподели таква информација. Еве, не ти посакувам, не ме разбирај погрешно, имаш нешто во фамилија за кое знаеш дека е наследно. Ќе живееш во страв, ќе одиш нон стоп на доктори, ќе го лимитираш животот на максимум затоа што можеби си потенцијален ,,добитник" на мутирани гени? Не мора да се комплицира нешто што не е комплицирано.
Буквално и на ако не 8, на 10 може да дознаат за постоење на клетки. Не им давате енциклопедии за деца? Сигурно нема да му објаснуваш медицинска постапка, фала богу, туку на негово ниво. Нема да му менува ако дознае покасно, ок, јас ако сега на 21 дознаам такво нешто ќе ми биде траума. Верувам дека и на други. Особено ако биде случајно од роднина или на друг глуп начин. За здравствени проблеми, буквално секој човек треба и има право да си ја знае медицинската историја. Ако живее во заблуда ќе мисли дека тоа што се случувало од страна на мајка му е точно, а нема ни да има предвид дека едната страна е всушност непозната. Ова воопшто не е мала работа. Инаку, зошто да трола членката? И нормално дека може да има полубрат/полусестра, сосема реална можност е тоа. Едит: Сега гледам дека членката пишала како со сигурност има полубрат, зашто жената имала дете.
Da, tochno deka ne e posvojuvanje, ama kako ne vi e vo red da se krie od nekoe dete deka e posvoeno, a vo ovoj sluchaj sosema e ok da se krie? I da, premnogu potencirate deka deteto e na chleknata, a i samata chlenka toa go potencra, znachi se krie zaradi strav a ne za dobroto na deteto i sl. Iako ne gledam edna prichina koja e za dobro na deteto da se krie.
Еве јас сум баш ваква како што опиша. Не личам на ниту еден од моите родителите. И знам многу вакви примери каде што децата не си личат со родителите, па ни со браќата и сестрите. И што сега? Никогаш не ми поминало низ глава што, како и дали. А што е себично тука не можам да ве разберам. Што корист, ако детето дознае? Посебно па на помала возраст или тинејџерски години да му се кажува, никако. Ова е многу погрешно, кој знае како ке ја перципира работата само хаос може да се направи. На децата со ивф им се кажува како се добиени? Тотално е небитно. Родителите се едни, а од каде дошла јајце клетката или спермата е ирелевантно.
Не, не им даваме енциклопедии на 8 годишни деца Ако на 21 тебе би ти било траума, ај размисли на 5 годишно или 8 годишно што ги му било. Мислам како оди тој ментален процес? Зошто мајка ми ми го кажува ова? Што значи тоа? Дали оваа шо ме гледа од бебе, и ме нервира денес оти не ми купува сладолед, уствари не ме сака оти не ми е мајка Глупости. И мене мајка ми може ме не ми е мајка, јер има плави очи, а јас немам. Али јбг, никогаш нема да знам, јер тотално ми е небитно. Од најраните сеќавања од детство, таа ми е мајка, нит јајце клетка, нит матка, нит родилен канал, не го менуваат тој факт.
Ако мајкава е нулта, таткото А/Б а донорот АБ, детево може да испадне АБ. Што правиме тогаш? Одма ќе се посомнева. Или на пример наследува Rh фактор кој го нема ни еден од родителите. Баш би било глупо да дознае вакво нешто кога ќе зема возачка на пример.
Крвната група на возачка ама ич не е валидна. Верувај кога велам дека на многу луѓе е погрешна. Да си имате во предвид и вие кои не сте добиени по пат на донори, да не се изненадите. Најточно е или ако донираш крв или на трансфузиологија да се испиташ.
А кога им давате да научат како се создадени, на 18? Јас за мене знам дека не дознав за овие работи тек на 12 или 13год а исто така знам дека сите деца дознаваат многу порано отколку што мислат нивните родители зашто ниту се глупи ниту немаат капацитет. На 8 год дете секако нема да му кажеш дека не си му мајка туку дека нешто таму се земало од друга тетка. После кога ќе научи поубаво ќе сфати што било тоа. И не разбирам како би мислело дека не го сакаш ако му објасниш на соодветен начин. Ама ќе ја има идејата цел живот, за разлика од возрасен човек кој за секунда ќе сфати дека цел живот му бил практично во лага. Ете тоа е битното.
Леле добро возачка беше пример зашто голем број луѓе тек тогаш дознаваат. Ете нека биде кога ќе донира крв во средно за да губи часови. Повторно глуп начин да дознае. Како не е валидна? Да, валидно е во 99% од случаите, тие исклучоци кои збориш се преретки.
Ок, во јајце клетката е вистината, инаку е лага. Ту мач драма. Не е валидна крвната група, јер некој во мк не си ја работи работата иначе. Крводарител бев, со години живеев со инфо за х крвна група, за после години во странство пред пораѓај, да разберам дека имам друга. И така сега појма немам шо крвна група имам, јер забуни и трауми
Изгледа не биле ретки, со оглед на тоа што во фамилија имам грешки, плус гинекологот ми го кажа истото, кога требаше крвна група да испитувам. Без разлика, жената кажа дека детето е комбинација од нејзината и на сопругот крвната група.
Ама зашто на детето да му кажам таква информација, што може да му смени понатаму во животот од позитивна страна? Нема ништо позитивно да донесе тоа, нема корист од таа информација. Веќе кажав дека од медицински аспект ,за наследни болести и сл родителите се запознаени, ќе знае и детето ама мора да знае дека е од донор? Баш како што пиша @EuHenIa ,се согласувам. И јас да имам дете од дјк или како во случајот нејзин, од што ја сакам не би можела таква информација да и кажам. Спомнав носење 9 месеци ама и гледање спомнав, сето тоа е мајчинство. Еве ќерка ми личи на маж ми и на од маж фамилија , а не е со дјк ,нема врска тоа на кого ќе личи и сл.
Ете супер, кај нив се погодило. Можело и да не се погоди. Што е драматично? Еве нека се консултира жената со детски психолог па нека каже што е најправилно.
Ух, првпат ја отварам темава. Мислам дека нема потреба да знае, затоа што навистина тоа се „само“ јајце клетки. Истото мислење го делам да беше во обратна насока, спрема да беше донирана. Не се споредува со посвоено дете, не гледам зошто би знаело. Нема шанси едно дете да разбере што точно значи тоа. Според мене ако една мајка седне и му објаснува на едно дете со детски вокабулар за да разбере, не знам како на друг начин би го сфатило тоа освен „не сум ти јас мајка“. Ќе го сфати лично, ќе биде повредено. Можеби на 18 години, ако веќе родителот сака да каже.