Абе ја мислам да му се каже оти штркот го донел оти ќе падне у шок ако дознае дека од на мајка му п**ката излегол, скраја да е, срамота
А што ако му кажеш, а притоа не манифестира никаква болест? Што бенефит имаш, освен што може психички да го пореметиш? Знаеш како би реагирало, не. Знаеш за себе, соодветно на годините што моментално ги имаш. Тргни ги настрана тие болести, има ли друга потреба за да се каже? Ако одговорот е негација, со оглед дека донаторите се испитуваат, не знам што е проблемот да си го живее животот, како што го живее секоја мајка што забременила по природен пат.
Мислев за детето кое го носе,печатна грешка имам. Многу е смешно инаку. А како е со донирањето на јк? Може ли било кој да донира или се прават испитувања некои? Пример ако има генетски предиспозиции за икс болести може ли да донира?
Значи мислев за детето да зборува дека е нејзино,не на детето да му зборува. Еве јас носам дете од икс особи оти не можат,т.е. сурогат мајка сум и да кажувам дека детето кое го носам е мое. Не знам сфаќаш ли ме?
Да. За ако случајно некогаш само дознае да не биде поголем проблем. Човек ќе помисли дека вие тука појма немате ни дали природно или со царски ве родиле мајките оти пупу срамота, не се кажува тоа. Јас знам. И знам у болница што се дешавало коа сум се родила. И како бебе кои проблеми сум ги имала. Онака уз муабет ми кажала. И не ме акна шок, најнормално ги примив тие инфо. Вие го напраивте ко боже сачувај да е
Се прават милиони испитувања особено во странство. Има и закон за донираните јајце клетки од странство, не може така лесно да се погоди во исто место од ист донор да има повеќе деца. Треба донорот да нема прекумерна тежина, да не е пушач, физички да е здрава, психички здрава, да не користи или користела дрога, да нема семејна историја на тешки генетски болести и аномалии, итн.
Абе шта би било кад би било работава. Еве јас поим немам која крвна група се моите, никогаш не ме заинтересирало. Многу е комплексна ситуацијата, детенцето моментално е премало, има време и за размислување и за (не)споделување. На крајот родителите ќе одлучат дали и како ќе му кажат. Мислам дека нема потреба од наговарање што ако испита крвна група, днк тестирање, генетски болести, па не личи на вас, па не знам шо.. @MilaSs12
Јас и ти сме возрасни. На која возраст мајка ти ти кажувала дали се породила природно или со царски? Што има да го замараш и трупаш детето со такви информации, за неговиот раст и развој небитни. Истовремено ако дознае некако, а можеби никогаш, ќе биде доволно возрасно за да тоа го перцепира без никаков проблем. Се ставам во негова кожа и апсолутно не би ми сменило ништо. Еве еден извадок од Систина. Апропо муабетот за болестите.
Уште тинејџерка бев коа ми ги кажувала работиве, можда 15 и помалку. Мислам знаев више и деца како се прават. Можда се небитни, ама проблемот е што вие ги правите како да се страшни, одвратни, срамотни итн. И не е само кога може да го перцепира. Може прво ќе помисли дека е посвоено па ќе прашува и прашува ако случајно дознае нешто па јбг ќе мора да му се објасни.
Селективно сум запомнила. Ако еден родител е А друг О, детето нема шанси да е Б ако му се биолошки родители. Така некои деца дознаваат дека се посвоени.
Тоа е ТВОЕ дете! Ти си го носела 9 месеци, ти си го родила. Ти го гледаш и ќе го гледаш како расне. Кога ќе биде доволно зрело ќе му ја кажеш вистината, ама тоа нема да смени дека ти си му мајка! Бидете среќни и не се замарај со тоа дека е од друга клетка. Ти си му единствена мајка!
Па баш дека не е ниту страмота, ниту страшно, ниту гадно, нема потреба да се споделува. Не отскокнува од нормалата, ниту пак животот на детето му зависи од таа информација. Не сум ни јас таа што ќе каже, ниту пак ти. Ако мајката реши да каже е правилна одлука, ако реши да молчи пак е правилна одлука. Нејзино дете, нека постапи како што интуицијата и налага. Ама дека мора да каже, не не мора.