Единствениот муабет со мајка ти ти бил за репродукција и начини на пораѓај. Во ред. Каква увертира за фамилијарен ручек Ако нештото ме интересира ќе прашам. Ако смета дека е во ред да ми одговори, ќе ми одговори, ако не, нејзино право. Го почитувам изборот за селекција на информации. Дури сум 100% сигурна дека она што го знаете за сопствените родители е само 20% од нивниот живот и тоа информации што они сакаат да ги чуете и видите.
Леле мори мајко Не, не ми е единствениот муабет и не, не го кажуваше ова пред 50 души на ручек. Онака, како рандом инфо ми има кажано. Кажувам зашто тука велите дека лошо е ако му кажеш дека е од донор, лошо е да му кажеш дека е со инвитро. И само кажувам дека никаков шок не ме акнал за информацииве што сум ги дознала, а не дека морало да ги знам. Оти вас ви е тоа, скраја да е да дознае дека е со ивф или донор.
Еве интересен текст, прочитајте го: https://www.google.com/amp/s/www.bbc.com/news/stories-42159574.amp#ip=1 Која разлика меѓу некој што дознал случајно и некој што му било објаснето.
Никој не рече дека е лошо да каже дека е од донирана јајце клетка или дека е зачнато со инвитро постапка. Ама тоа не се информации кои нешто многу би му смениле во животот ако ги знае. Ама вас очигледно би ви смениле, оти се зафативте за крвни групи и болести. Многу филмови гледате. Оти многу е веројатно дека детето никогаш нема да има причина во животот да се посомнева дека мајка му не му е генетски мајка, иако го носела и родила.
Не се поклопуваме очигледно. Не е лошо! Непотребно е! Ако не очекуваш твоите да ти кажат во која поза и каде те направиле, не знам зошто сугерираш останатите кои не можат по природен пат, да кажат како стигнале до бебе.
Нема точен одговор, прави како што чувствуваш, овде на форумот секој може различно да мисли и да ти рече. Јас не знам што би ти кажала, затоа што не би раѓала на тој начин, немам толкава желба за деца. Попрво би посвоила ако не се мои гени опција.
Парадоксот овде е што и да му дојде шок и да му биде сеедно, двете ситуации имплицираат дека е потребно некогаш да дознае. И детето е најбитно. После е тоа дали мајката ќе се осеќа лошо.
Која вистина жити се? Многу е глуп самиот муабет еј сине ова ти е вистинскиот татко ама ја не сум ти мајка пошо јајцето не е мое ама ја те родив??? Многу конфузно за дете. Плус ако она го родила мајка му е. Јас мислам да си се фокусира на детето и животот и да не се замара со глупости стварно е скроз небитно. Мајка ти е онаа што те израснала.
Би ценела да ми кажат и би сакала да знам за биолошката мајка (ако може така да се нарече). Сметам дека и моето дете би било среќно да знае. Без оглед на сѐ,вистината треба да е на виделина.
Колку деца се родени од афери ехехееееее, па цел живот живеат мислејќи дека татко им им е татко, и татко им мисли дека им е татко, ама уствари комшијата е татко, или поштарот или колегата... ама па и тато имал афера кај другата комшивка, и направил неа деца, па уствари комшивчето шо им било симпатија во прво, уствари братче е, ама јеби га.... Па пак ќе пораснат, никому ништо, ќе се женат, мажат, ќе тераат во животот, иако реално повеќе ризик од инцест има комшијата да е татко, отколку некоја донор на јајце клетка од Русија, шо донирала една клетка во Македонија друга во Чиле.... Мислам стварно испадна донориве најголема причина за инцести или генетски заболувања во светот , малку шпанска серија муабетот.
Реално најмногу е заради ова, заради родителот. Кај нас сѐ што е табу се трга на страна зашто не се знае како да се почне темата. Нормално, и мене би ми било чудно и би се прашувала како да почнам, тоа е легитимно, но не е изговор за молчење. Уште нешто што не го ставив во претходниот пост, еве https://www.theguardian.com/lifeandstyle/2011/nov/05/donor-conception-adult-secrets. Ова за деца добиени од донор на сперма, но нема врска, поентата е иста, искуства на вистински луѓе се.
Глупости тресеш, извини. Крвна група, та крвна група. Ќерка ми нема иста крвна група ниту со мене, ниту со тактко и. А замисли, сме и биолошки родители? Исто... читам генетски болести. И? Што ако знае детево дека е од донор? Ќе ги знае болестите? Вие си ги знаете сите генетски болести и аномалии кои ги носите во себе?
Сметам дека нема потреба да му се каже такво нешто на детето, барем не додека е мало, бидејќи сето тоа ќе му дојде многу конфузно и тешко. Ти си го носела 9 месеци, ти си го родила, го чуваш и се грижиш за него, ти си му мајка. На крајот, одлуката е твоја.
Не. И плус еве претходно беше пишано дека донорот не смее да има генетска историја за тешки болести и аномалии. Така да поголеми шанси да заболе од некоја болест има од таткото, отколку од донорот на јк. Ама оти ретко кој т.е. јас не знам некој да правел генетски испитувања, така да тоа што се пишува дека заради ген.предиспозиции треба да му се каже на детето паѓа во вода
Мајко мори аман Не иста. Ама родител со нулта не може да има дете со АБ и обратно. Или појма немаш како се наследуваат ама ми се вдаде со муабетов? Ај и ти и другите научете па после вратете се. И ова со крвните групи ми беше чист пример дека некогаш деца вака дознаваат дека се посвоени или од донор или при неверство.
Мене ми е ок тоа што давате различни мислења ама не ве сфаќам што мука имате па да контрате на мислење од типот "јас би" или "јас не би"? За шта би било кад би било ситуација. Женава дополнително ја збунивте.