1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дете од лоша фамилија (Дарко Лешоски)

Дискусија во 'Книги' започната од joelle, 21 декември 2013.

  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Ја отварам темава со цел да продискутираме за новата книга-поезија што излезе во Македонија и што е најбитно е мејд ин македонија.

    јас дознав за неа преку фејсбук од профилот на Ана Јовковска.

    Ме заинтересира доста, се јавив во Табернакул ми кажаа дека ја имаат и дека ценате е 290 денари. Џабе си реков, толку ефтино... па по 500 денара и повеќе давам за други книги. после 2часа излегов ја купив и морам да ги пофалам табернакул (или кој и да е одговорен) за изгледот на книгата-чисто и јасно,крупни букви уживање за очи.

    Мене лично и тоа ми е битно.

    Ја завршив денес и сеуште сум со измешани чуства. Ме изненади неговиот стил, навистина не очекував нешто слично. Ме ирититраше со честата употреба на вулгарности, со прераскажување на маалски муабет, но знаеше да и да ме разнежни да уживам во пишаното се додека пак не дојдам до некој безобразлук во претерана мера. Но веројатно тоа е модерното творештво. А морам да кажам дека плачев како мало дете на '' TE СОНУВАВ''

    Што мислите вие? дали сте ја прочитале книгата, како ја доживевате?

    И ќе ве замолам само, овде да коментираме само за неговото дело, а не и за Дарко како личност ....
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.552
    Книгата е распродадена. Надежно дека ќе има второ издание. Песните...па не ми се допаѓаат многу, но ми се допаѓа што има нов, друг стил и што најпосле многумина почнаа, по повод книгава, да читаат и друга поезија, со цел да ја споредат оваа, и најмала рака, да ја омаловажат.
    Без разлика колку се добри или лоши песните, една од најубаите цели е исполнета, а тоа е младите да почнат да читаат.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Ја имам читано и не ми се допаѓа. Вулграности, пцовки, жаргони, србизми и што уште не. Не се вели лепотице, како што пишува туку убавица. За мене колку и да е добра книгата и стилски и се друго, ама штом видам србизам, збор кој не е македонски, џабе, за мене се тоа паѓа во вода и ми укажува дека тој што ја пишувал книгата прво мајчинот јазик не си го познава. Стил нема, стилски фигурни, хиперболи, компарации оскудно, така да мојата оценка за него е слаба. И друга работа, мислам дека луѓето со некој пр ќе извлечат пари, па макар било тоа и лошо. Читајте Марина Мијаковска или Никола Маџиров, од македонски автори тоа би ви препорачала. Кај Дарко биографијата на книгата беше како шега за на фб, што не би требало така да изгледа. „Нити сум преведуван, ниту сум нагардуван, ниту ми значи“ - вака стоеше што не треба така во никој случај. Така се пишува на фб, не во книга.
     
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.683
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Дарко Лешоски ????(facepalm)