Детоксикација и отстранување паразити

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од h.ope, 3 август 2024.

  1. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    1.839
    Ја отворам темава бидејќи е сѐ поактуелна, а од толку реклами на производи за детоксикација и отстранување паразити од организмот не знам што е веродостојно.

    Факт е дека храната во денешно време не е толку здрава и чиста како што би требало да биде. Исто така начинот на приготвување храна, садовите и апаратите кои се користат. А и општо загадувањето на средината.

    Но, доколку можеме да си помогнеме треба да го направиме тоа, само да знаеме како и со што.

    На пример ги гледам Киноки фластерите за детокс, а има и други производи наводно на природна база итн.

    Се надевам дека ќе се јават и стручни лица на темава да споделат искуство. Како и луѓе со претходно искуство.