Многу сум љубопитна, за мајка ми сакам да ја натерам малце да живне, откако е во пензија само крка Неверојатно ми изгледаат резултатите, по десет кила за 10-15 дена. Колку што разбрав, не се користи сол, шеќер, масло и брашно, ако добро разбрав. Ај некој поупатен да пише.
како јавно со лик? Ако мислиш на тој што ја продава исхранава, познат лик е во фитнес и бодибилдинг светот. А, членот ако мислеше, нормално да е анонимен.
da na clenot ..pa prodava mora da pokaze nesto i realno, a ne reklama so poraki poraki koi moze i sam da si gi pise so prijateli na toa mislev, jas ne veruvam vo toa,,mislenje si kazav
@magnolija09 не коментира, во однос на членот на форумов кој ја отвори темата, туку на линкот кој е даден на првиот пост - фејзбук страната на тој Тоше, ако отворите да видите, цел ѕид му е само со пораки на клиенти кои изразуваат благодарност што ослабеле, а нема фотографии со кои би го покажале истото Не сум запознаена што и како нуди, ама мое мислење - дома сам да си правиш цедени сокови, салати, исхрана ба без брашно, шеќер, сол, масло - нормално ќе изгубиш некое килце
У право си, да. Што знам, ваљда не ми е толку чудно што некој не сака да се слика пред и после, не е дека можеш некого да натераш на такво нешто, без разлика на тоа дали исходот од режимот е добар или лош. На толку членови од форумов на диета, ај може некој и ова го пробал
Не си ги фрлајте парите. Диета што нуди толку брзи резултати ке може да нема јојо-ефект. Самото ваше тело врши детокс секогаш кога ќе одите во ВЦ, не гледам како некоја (сигурно) строга диета со само зеленчук и овошје ќе исфрла токсини... што и да се тоа. Барем да изгледаше доверливо рекламата, ама и таа како самиот концепт изгледа преварантски.
Малце офф топик, ама резултатите зависат од почетната килажа. Моја блиска пријателка кога почна режим (не овој туку друг, но сличен, базиран на исхрана без сол) симна 23 килограми за еден месец, но таа имаше околу 120 килограми. Тоа е брзината со која самото тело сака да се ослободи од вишокот. Со оглед на тоа што подебелите задржуваат многу повеќе вода, имаат многу повеќе слуз и целулит како нуспродукт, а телото прво се ослободува од нив, па потоа од масното ткиво, тогаш ми се чини изводливо. За "детокс" нема да коментирам, стана популарен зборот, го користат сите и веќе нема назад. А исхрана без сол и шеќер е возможна, јас не ги јадам од полнолетство а имам скоро 40 години.
Сама дома можеш да си правиш детокс, толку информации има на нет околу тоа, но секогаш мора да побараш мислење и одобрување од доктор, матичен минимум, зошто ако си млада девојка во развој, слабокрвни, тазе мајка и сл... повеќе зијан него корист же да имаш
Не ми е потребен детокс, не прашував за себе, туку за мајка ми, а режимов на билдеров е диета, а не детокс, само се злоупотребув зборот. А млада четириесетгодишна сум, отприлика
Абе каков детокс, какви глупости... Детоксот оставете му го на црниот дроб и бубрезите, а доколку сакате да се храните подобро(како шо викаат "здраво") пребарајте на интернет, има безброј видеа, упатства, режими кои можете да си ги прилагодите на сопствените потреби. Сметам дека нема потреба да фрлате илјадници денари на вакви диети.
Мислам дека не читате баш постовите, пишувате работи што не се многу од помош. Членката и јас прашавме дали некој го познава човеков и знае за каков режим се работи, ако некој знае конкретно нека пише искуство, лошо или добро. А тоа како некој го рекламира тоа што го работи си е негов проблем. Прашањето е конкретно за овој режим.
Човекот језда е искусен во фитнесот ама ова диетава... Детокс диети не постојат. А ова дека ќе го намалиш шеќерот уште полошо. Сум наоѓала не знам колку пати некоја рандом диета демек го нормализира шеќерот и немало потреба од инсулин и за толку и толку време го снемувал дијабетот. Се надевам никој не следи вакви глупости. За дијабет си има диета да, ама дека ќе го излечи скрос, нема.
Дијабет е хормонална болест. Панкреасот нелачи доволно инсулин за да го спушти нивото на шеќер па затоа е потребно внес на инсулин од надвор. Диетата на зафироф е за здрави лица кој немаат проблем со срце, бубрег, шеќер..... Со диета не се лечат болести. Таја диета е доста тешка и скапа диета која носи добри перфоманси и се покажа добра диета и ја користат доста натпреварувачки. Таја диета на тоше не е иста како диетите со лимон и спанаќ. Во книгата пишува голем внес на протеин кој за жал голем дел не го внесуваат во диетите.
човекот е 25+години во бодибилдерството,има теретана и он и жена му се првенци во бодибилдинг Цел живот се занимава со ова Има доста познавања и верувам дека ке има ефект неговата диета
Сум слушала дека е така, сепак сакав да знам што содржи диетата, пример за дневно мени за да знам дали воопшто да ѝ ја предложувам на мајка ми која сепак има одредени прехрамбени навики и нема потреба сега во старост да се изложува на бесмислени диети. Тоа сакав да знам Ако некој знае детали, нека пише.