абе без да платиш сигурно нема да ти ја каже финтатА по постовите гледам имаат 4 оброци нема сол шекер пијат мултивитамини и вежбаат сигурно само протеини и зеленчук дава ова претпоставка моја е како и да е Тоше е професионалец нема да погрешите
Режимот се плаќа, мислев на толку клиенти еден ќе се најде тука, секако не цел режим, ама начелно што и како. Ама погоре пишаа протеинска, а мајка не е баш љубител на месо и јајца (што не мора да значи дека тоа се јаде баш, има многу извори на протеини), така што не знам ни колку би ѝ пријала исхранава. Сепак ете, стои како тема, може ќе дојдеме до нови сознанија
Диетата не е со гладување има дневно мени во него пишува на колку време треба да јадеш, пишува што не треба да се комбинира со храната и што е добро да се одбегнува. Има месо во менито што е најбитно, и секако начинот на подотвување на храната е најбитен, сол шеќер не. Секоја недела е различно менито. Другарками ја почна пред неделаипол и вика презадоволна е, слики пред и потоа сигурно ќе има само треба да помине некој месец оти мислам дека диетата е промовирана од пред неколку недели. Читам дека има скептици што викаат не си ги давајте парите ама за луге што имаат проблеми со тежината или сакаат да изгледаат фит сигурно ќе си дадат малку парички за да бидат среќни. А и сами од интернет тешко оти ќе држеме диети колку јас што вежбам, само се лажам од денес дека ќе пуштам јутуб со вежби. Тие што ја почнуваат диетата се во постојана комуникација за консултации со овие што ја нудат што е многу добро. @Abel имаш број јави се и прашај сигурно ќе ти прилагодат нешто за мајкати знаат луѓето се.
Епа дај поконкретни информации ако имаш де, што толку тајност. Друго нешто ако знаеш кажи, ајде храбро
бог да чува од кај да знам поконкретно што сум прочитала споделувам ти па шо не се јавиш да си прашаш ако толку те интерсира
Прашањето беше ако некој знае детали, нормално кои не се споделени на фб, инаку и јас знам да читам и да гуглам.
Нормално е дека знаат детали... ама за нив си платиле 3000 и ги дознале... И нормално е дека нема сега јавно да ги споделуваат...
Супер, тогаш ќе си се префрлам во темата кај нутриционистите и ун, таму фино и културно сѐ се споделува
Кратка ќе бидам. Треба стварно да ви е летната чавката за да верувате дека прирачник крстен со двата најгуглани зборови би ве направил профи у тело.
Како дојде до заклучокот дека некој бара "профи у тело"? Тоа што некој одлучил да си го продава сопствениот труд користејќи ги двата најгуглани збора си е негов проблем. Кажав погоре зошто прашувам, ама очигледно не читате туку само извлекувате заклучоци и кажувате лично мислење. Да се преиспита стопати човек пред нешто да праша.
Малку мешаш чавки мравки кај што не е место. Сите луѓе кои вежбаат и знаат како да се хранат имаат профи тело, и ај да споделуваме за исхраната и да се помогне на тие што имаат проблем со тежината.
Да, прашував конкретно за мајка ми, секако нема баба да ѕида профи тело, разгледував нешто што ќе ја освежи малце. Нешто што не е кило пилешко и јајца, на фб ми се виде како понормален режим од тоа што беше споделувано.
Според мое лично искуство и тоа што сум научила режим на исхрана кој ветува слабеење 10-15кг за месец дена не е здрав( конкретно зборувам за лица со вишок од не премногу килажа, дека на пример за лице со килажа над 200кг може нормално е месечно да намали 10кг, со оглед на почетната килажа слабеењето е пропрционално големо). Здраво слабеење е ако неделно се намалува од 1-1,5кг максимум. Значи месечно од 4-6кг. Јас вакво слабеење сум постигнала лично со ун режимот на исхрана при што и секојдневно бев физички активна од 30-45минути возење велосипед. За 6 месеци имав намалено 25килограми и ја одржав таа килажа затоа што продолжив да се хранам на ист начин како режимот. Ама 6 месеци немав чоколатце во уста ставено затоа што ун ја држев со тоа што во јаглехидартен ден не јадев ништо благо. Друго од што следам документарци со режим на исхрана, за намалување на маснотиите се оди кон некој облик на кето диета, која вклучува протеин+многу салата, овоштија и јаглехидрати не или сведени на минимум. Ова во комбинација со брзо одење или кардио вежби барем пола саат на ден дава трајни резултати. За Тоше Зафиров не знаев, видов и прочитав, сфаќам дека е професионалец во тоа што го работи и убаво е да се консултираме со него за вежбање ама ветувања брзи детокс диети ми е искомерцијализирана работа. Не е поентата да го измачиш телото со детокс режими да топи 15кг месечно туку треба постепени самото тело да си прави детокс со умерено намалување килажа. А за препораки за режими на исхрана убави индивидуални програми прави д-р Митов, и многу други нутриционисти.
ај да погодиме ид прва зошто толку се 'слабее " нема сол само протеини и изфрлаш водаааа затоа и толку има резултати на почеток почнуваш со сол и имаш бек на се