1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детокс диета - Тоше Зафиров

Дискусија во 'Диети' започната од little.doll, 17 август 2020.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Офф топик ама нејдањето сол е една од моите најпаметни животни одлуки, од пред дваесет години, уште од пубертет. И на тој начин се елиминира индустриски процесирана храна, најголемото зло на денешницата за модерниот, дебел човек.
     
  2. little.doll

    little.doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    23
  3. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Не си играјте со отстранување на сол од исхраната има здравствени состојби во кој ова е контраиндицирано и може да доведе до хипонатремија и тешка хипотензија. За соодветен диететски режим само доктор специјализиран за тоа со искуство или нутриционист, а за вежбење може Тоше и другите од неговата бранша.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Нормално, професионално пливав, запознаена сум. Ама сол од смоки, чипсови, грицки, ненормална количина сол во производство на леб е непотребна количина која се користи исклучиво за подобрување на вкусот на храната, а и создава зависност.
     
    На Снегулк@23 и Idedemja им се допаѓа ова.
  5. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Точно ни премногу сол исто ни премногу шеќери, само умерена и редовна исхрана и задолжително физичка активност чуда прават, нема потреба од залажување со искомерцијализирани проекти. Сепак многу и зависи од здравствената состојба на личноста што сака да намали, затоа задолжителна консултација и надзор од стручно лице.
    Не е во ред тоа ај за месец дена - 10-15килограми, тоа е шок на телото.
     
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Да не идеме офф топик па да не караат, јас мислам дека не е неизводливо да се симнат 10-15 кила за месец дена, зависи од многу фактори. Во пубертет пркнав доста, и во висина и во ширина, и симнав 12 кила за неполн месец. Памтам дека беше некој период на лоша исхрана, повеќе грицкање и седење. Штом го променив тоа и пешачев 20км секој ден, се стопив. Поминато е од тогаш ептен многу време, 25 години и јаче и не сум се вратила на лош режим на храна и уште држам средношколска килажа. Едноставно, може да биде природен процес, телото само да се ослободи од непотребен вишок за пократко време.
     
  7. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Имав претходен коментар напишано ако си прочитала може да се ослабе поголема килажа за месец дена ако стартната килажа е поголема. На пример ако почнувам диета со 200 килограми, нормално е да намалам 10 месечно исто што ако почнам диета со 80 килограми нормално е да намалам месечно по 4-5килограми. Има здраво и нездраво и слабеење и дебелеење. Ете јас имам состојба заради која буквално за еден месец накачив 10 килограми и тоа не е во ред, не е здрав процес на дебелеење исто како што не е во ред исто толку да намалиш за месец дена.
     
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Тој што има 200 кила веројатно може и 20 да симне, а и повеќе, тоа е задржување вода најчесто од пореметена активност а и стрес, се лачи кортизол и се врзува солта лесно. Јас имав 80 килограми на 181 см, симнав точно 12, убаво памтам. И ден денес се вртам околу таа килажа, околу 65.
     
  9. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Премногу е 12 килограми, најздраво е дневно да се намалува по 200 грама, неделно од кило до кило и половина, ама ако тебе ти било се во ред и со толку големо намалување тогаш добро. Мене еве лично ти кажувам не ми беше добро за месец дена да накачам 10 килограми и матичната ме прати на дополнителни анализи и се виде тоа што на почеток го наведов дека имам состојба заради која е така.
    Предочено ми е што треба да правам, значи од стручни лица ми е посочено на што да внимавам и еве ќе ти кажам лично јас не смејам да исфрлам сол од исхрана. Додека моја блиска не смее да конзумира сол пак од друга состојба за разлика од мојава. Затоа пред да се почне со било каков режим консултација, многу мозгање и регуларно следење на се што се случува со телото. Не е финтата нагло ослаби па распии нешто друго.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Намерно да се изгладнуваш за да симнеш извесен број килограми не е ок, ама ти кажувам, јас само исклучив фастфуд, грицки, газирано и леб во мали количини и телото самото се врати во некоја за него, природна состојба. И реално, мислам дека е очекувано да е така со сите што се здрави и ги "злоупотребуваат" погоре наведениве намирници, затоа што сок, леб, бурек, хамбургер,салами,паштети,виршли едноставно не може да бидат секојдневна храна.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    1.251
    Тие 8-10кг за месец дена се натриум, интрамускуларна вода и гликоген. - 10кг од сало за месец дена е скоро невозможно за лице со тежина од 80кг па макар и 100кг. Книгата на зафиров што ја дава има и други режими на исхрана. Таја исхрана ја користат и натпреварувачки низ балканот.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Не кажав сало, туку килограми, а тотално е небитно од што се составени, битно тежат, на колената, на 'рбетниот систем. Ама неврзан е тој муабет со режимов од темата. Сакав само да кажам дека не е невозможно и не мора да значи дека е нездраво.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Tи пишав од лично мое искуство со урамнотежена исхрана исто како ти што си правела и секојдневно возење точак просечно пола саат ама буквално секој ден во месецот максимум сум ослабела 6 кила.
    Исто 7 кила ослабев со 2 недели само јадење лубеница, на одмор бев и секој ден само лубеница и по некое овошјенце јадев.
    Ама со првиот режим бев супер и не бев премногу гладна, се во ред, а со вториот режим постојано гладував и нормално пак брзо ги вратив.
    Секое нагло и преголемо намалување повлекува јо-јо ефект што опфаќа брзо враќање на намалената килажа дури и враќање не повеќе кила.
    Единствена финта за здраво слабеење без јо-јо ефект е неделно да се намалува од кило до кило и половина, да се јаде редовно, урамнотежено и да не се гладува и да се прават лесни до умерени вежби. Телото треба да се осеќа сито, да не се измами дека гладува дека баш тогаш се стопира слабеењето и телото почнува да складира кога осеќа дека е во рестрикција на храна.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Секој треба за себе да си погоди. Муабетот ми беше дека не е баук и може да се симне и повеќе во килажа (настрана како и за колку време), само битно е да биде режим кој може да се одржува
     
    На AAKG и Idedemja им се допаѓа ова.
  15. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Може и повеќе точно е, ете ако занемариме како и за колку време јас најмногу десега сум ослабела 25 килограми. Се се може ако се сака, ама пак ќе пишам мора во соработка со стручни лица и при тоа со лице од бранша за која е едуциран и има искуство зад себе.
     
    На Elissa, AAKG и Abel им се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.659
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
    Тоше и жена му се спортисти , и се занимаваат со бодибилдинг , неспорен е фактот за нивните успеси , ама ова е жива глупост , значи му плаќате 3000 денари само за книгата , што ви пишува да бидете на чист протеин и толку , и што е филозофијата јас не знам
    Ова е начин на кето диета ништо ново и непознато
    Не гледам причина зошто би му дала 3000 ден
     
    На Nefertiti. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.697
    Допаѓања:
    15.077
    Пол:
    Машки
    Едноставно е, ако си толку сигурна во своето знаење и имаш самодоверба, не му ја купувај книгата. Некои почетници да речам ќе си ја земат книгата и како мотив, сигурност што му дава, а и информации сигурно ќе им помогне.

    Инаку не сум вработен нити го бранам, али јас имам порачувано од странство книги за изведување на вежби итн, и кои вежби да ги правам и како, не дека не ги знам ,ама сакав да прочитам можеби ќе научам ( а научив нешто повеќе од други личности).
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.659
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
    Не те обвина некој дека го браниш :D сега све е достапно на интернет па све што не интересира ќе најдиме :)
    Ова е само кето , за мене кетото е мн тешка диета што има брзи резултати , јас бар без едно овошје не можам
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.697
    Допаѓања:
    15.077
    Пол:
    Машки

    Јас искрено кето мето, ваква таква диета, не навлегувам во детаљи, сакам поедноставен и комотен живот. Ако сум решен да ги извам стомачните за на плажа, во калориски дефицит, отфрлам сол, газирано, помалку благо, леб шо е можно помалце, а се повеќе овошје. :)
     
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Ама како заклучи дека е кето кога никој не напиша конкретно мени за да речеш ете нема овошје. Ако ја имаш книгата и таму пишува не смее овошје да се јаде во ред, ама ако не е така не зборувај напамет, бидејќи тоа дека не се јаде овошје едноставно не е проверена работа, значи претпоставка е. Јас на пример од тоа што читнав малку достапно, не добив впечаток дека овошје е забрането.