1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детокс диета - Тоше Зафиров

Дискусија во 'Диети' започната од little.doll, 17 август 2020.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Јас не сум ни чула за режим што забранува овошје, џе то има? Па прва асоцијација за витамини и здравје е овошје. Освен поради здравствени ограничувања, не гледам зашто би било овошјето забрането.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.260
    Допирна точка нема детокс диетата на тоше со кето диетата.
    Диетата на тоше ссмо го носи името детокс иначе диетата е скроз друга. По правило диетите се држат со висок внес на протеин а низок процент на хидрати ама тие диети се скапи и доста потешки од останатите диети. Во книгата има и начин на вежби, исхрана, рецепти кој ги нема на интернет на free.
     
  3. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.227
    Пол:
    Машки

    Јас јадам што е можно повеќе овошје, природни шеќери и витамини не се на одмет. :D
     
    На Снегулк@23 и Justicija им се допаѓа ова.
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Нормално. Озбилно, кој живее без овошје и зошто? Јас да можам само овошје би јадела.
     
    На simoncelicius, Снегулк@23, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Макробиотски начин на исхрана и хроното забрануваат овоштија, поточно во хроното по рестрикција може во некоја од следните фази. Некои режими на исхрана се базираат на конзумирање варена храна не сирова и одат кон избегнување на свежи овоштија и зеленчуци. Мене лично ми е поволно конзумирањето на свежи продукти, полни се со ензими кои го забрзуваат метаболизмот. Колку посвежо според мене толку подобро.
     
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Кето е таква диета , таа порано се викаше аткинс диета , и од тогаш сите произлегоја со истата али со различно име
    Како и да е , јас само чист протеин не можам да јадам повеќе од 3 дена , ми се тресе телото бар за едно јаболко ...
    Го има тоа и тоа во кето диетата , протеинска како и веќе и да ја викаат , али брзи резултати има ама не е издржливо
    Зошто сето тоа не функционира кај мене ?
    Забрането е
     
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Има начин и за овошјето во диетата,зависи во кој период од држењето на истата, одредени овошја се препорачуваат други не и финтата е во тоа дали треба да се комбинира или да се јади исто овошје. Самоиницијативно само може да нагодуваме за тоа е најдобро консултација со експерти. А многу ми е смешно се фатиле за 3000 денари многу биле за диета а за веѓи цртање 7000 таман се :lol:
     
    На buba4e89, ALISA0000 и AAKG им се допаѓа ова.
  8. marijam97

    marijam97 Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Ги читам коментариве и не можам да разберам зошто има бројни (неподдржани) негативни коментари и мислења. Јас ја започнав диетава пред 3 недели и чисто сакав ги споредам моите резултати, што ме доведе до форумов.
    За 2 недели успеав да намалам 5 килограми, додека мојот брат намали 7 килограми за 5 дена. Како и секој друг режим, почетокот е тежок. Но, режимот е навистина неверојатен.
    Прочитав коментари кои ја потенцираат диетата како ДЕТОКС. И на некој начин вашето тело го прави токму тоа. Целосно се прочистувате од сол и шеќер, кои се навистина штетни супстанци за нашето тело.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Јас живеам без овошје и кога треба го јадам со сила. Еден период ми беше забрането заради шеќерот. И тоа што содржат природен шеќер не е олеснување, шеќер е шеќер.
    Има витамини во многу разновиден зеленчук. Пример, Ц витамин се содржи повеќе во пиперка отколку во лимон/портокал.
    Сакам тропски овошја ама дефинитивно можам да живеам без овошје.
     
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Споменав во претходниот коментар, освен ако не е од здравствени причини. Овошјето е храна директно од природата, сите овошја без исклучок можат да се јадат свежи и на дигестивниот систем му е потребно најмалку време и енергија да го "соџвака" овошјето. Во таа смисла е идеална храна за човекот. Ограничувањата поради здравствените потешкотии се разбирливи. Да не одиме надвор од темата. Ама диета, односно режим кој треба да помогне со симнување килажа, со отсуство на витамини и минерали од овошје за мене е неразбирливо. Месо може, сувомесно може???, млечни преработки може???, ама овошје не. Тоа ми се прашалниците :)
     
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Искочив од темата за да доловам дека и природен шеќер е шеќер и доктор ќе го забрани доколку има потреба значи не е неопходно нешто. Од друга страна, се што ќе примиш од овошјето го имаш и во зеленчукот само без шеќер.
    Месото во диета ми е скроз разбирливо и не можам диета без месо да држам, сувомеснати производи зависи кои, млечните преработки ги има во диети ама да се консумираат ретко, всушност како и овошјето.
     
  12. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.260
    Ги мешате шеќерите.
    Фруктозата од овошјето не се искористува за енергија и неправи скок на инсулин. Фруктозата се складирва дирекно во црниот дроб.
    Декстрозата се искористува за енергија.
    Обработениот шеќер од шеќерна репка е лош.
    Малтодекстринот се искористува за енергија и се вари поспоро од декстрозата.
     
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Во нормална состојба на телото, да. Јас лично (и било кој друг со проблеми со шеќер) можам да јадам неколку овошки неделно и тоа свежи цитрусни, а не како цеден сок. Го качува шеќерот, но не нагло како чоколадо на пример.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.260
    Е тое веќе друго.
    Овошјето е добро да се користи свежо па макар и цедено а овие овошните сокови тие се чист шеќер.
    А што проблем имаш со шеќерот? Ти паѓа стално или имаш вишок шеќер.
     
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Имам интолеранција на инсулин и имав гестациски дијабет. Треба да направам контрола ама никако да одам. Затоа најмногу ми одговара кето диета и само од таа ослабнав без да ги вратам кг.
     
  16. Domont123

    Domont123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2020
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Школо се плаќа
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nefertiti.

    Nefertiti. Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    Тоше во светот на бодибилдингот е превара, со тоа што продаваше лиценци за тренери кои не се подржани од македонската ббф федерација и тука паѓа во вода веќе неговото име и цел труд за што макотрпно работеше цел живот. Желен за брза пара си беше од секогаш човекот, а богами и кој не е.
    Точно, на времето беше меѓу најуспешните и има големи успеси зад себе. Дека има знаење - има, никој тоа не може да го оспори, но дека е превара - е.
    Детокс диета, фактички 28 или 29 дена - хроно режим еве ќе ви кажам.
    Имам видено повеќе негови изработени планови, пошто сме од истото место, и моментално е многу актуелен тука, и секако бидејќи за кратко време да - се симнуваат стварно многу килограми.
    Дали е добро тоа искрено запрашајте се, еве за членката погоре што изгубила 5кг за една недела а брат и 7 - жалам, ама штом прекинеш со Детоксот од Тоше тродупло ќе си ги вратите. Најнормално и најздраво е неделно да се губе до 0.5 или 1 кг.
    Јас, како личност што има ослабнато 35кг, без режим од нутриционист, без изгладнување и без броење калории ќе ви кажам најискрено од срце не се лажете по овие брзи резултати што не се добри за Вас, за Вашиот организам на долг период.
    Ова е можеби добро за некој што треба да оди на операција, што мора во краток период да намали со голема тежина, но за слабеење и за начин на живот, макар и на 3 месеци не е здраво воопшто.
    Не е ништо скриено во овој фамозен детокс, бодибилдер е Тоше, знае како се "цадел" т.е како кинел кг пред сам натпревар и целото тоа знаење со мали измени за секој поединено сега го продава.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Ти нешто лично ли имаш против него па овде антиреклама правиш или те прати некој да напишеш дека е превара. Лиценците не ги продава туку се одржуваат семинари на кои присуствуваше и обуки држеше и претседателот на Светската ИБФФ федерација, Душко Маџаревиќ кој лично ги одобрува и потпишува тие лиценци. За греота сте некои вакви луѓе, дали од љубомора или не знам што.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nefertiti.

    Nefertiti. Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    Не се знам лично со него за да имам нешто против него, а да ме прате некој нема кој ни па имам причина, кажувам што зборуват сите за него што за разлика од него се со име и реноме низ Македонија и успешни тренери.
    Кој го интересира нека се распраша, кој не верува нека не верува.
    За греота не е никој што си кажува свое мислење и знае нешто што е јавно достапно и што има доста слушано за некој. По начинот на кој пишеш и напаѓаш само ти си за греота.
     
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Некои со реноме за разлика од него :rofl:
    дали е пореномирана нашата федерација која никој не ја знае, или светската ИБФФ.