1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детска Евровизија 2021 - Париз, Франција

Дискусија во 'Музика' започната од fast_and_curious, 13 ноември 2021.

  1. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Машки
    Од Француската национална телeвизија соопштија дека Париз, Градот на Светлината, на 19 декември ќе биде официјален домаќин на годинашниот јуниорски натпревар за песна на „Евровизија“ (JESC).
    По победата на симпатичната Валентина на изборот на „Детска евровизија“ во 2020 г., во Полска, прва победа на Франција на овој детски фестивал, Француската телевизија реши да го организира натпреварот во салата „Сена музикале“, која се наоѓа во западниот дел на градот. Ќе учествуваат деца од Европа, на возраст од 9 до 14 години.
    Во 2020 година овој фестивал го следеа 32 милиони гледачи, а домаќин беше полскиот радиодифузер ТВП.
    Слоганот на 19. „Детска евровизија“ во Париз ќе биде „Замисли“, како пандан на одгласите на победничката песна на Валентина „J’imagine“, во 2020 година.
    Воодушевени сме што можеме да објавиме дека Париз ќе биде град домаќин на детскиот натпревар за песна на „Евровизија 2021“. Возбудливо е да се вратите во француската престолнина со евровизиски настан првпат по над 40 години. Тимот на Француската национална телевизија има страст, посветеност и енергија да создаде фантастично шоу во декември, каде што талентирани млади уметници ќе можат да блеснат и „да си замислат“ дека ќе го освојат пехарот за „Детска евровизија“ – рече Мартин Остердал, извршен супервизор на ЕБУ.

    Александра Ред-Амиел, раководителка на програмата за забава во Француската телевизија, е многу задоволна што следниот декември, првпат по 43 години, Франција ќе организира настан за „Евровизија“.
    Прекрасен проект! Детскиот натпревар за песна на „Евровизија“ е неверојатен нов предизвик за нас да подготвиме автентично шоу, а особено за мене како извршна продуцентка. Детскиот натпревар за песна на „Евровизија“ ја претставува културната разновидност на нашата млада публика во Европа, а тоа ми значи многу. Ние ќе бидеме целосно вклучени да понудиме одлично, уникатно и амбициозно шоу во Париз – рече Александра Ред-Амиел.
    За разлика од „Евровизија“, каде што задолжително се организира шоуто во земјата што победила претходната година, „Детската евровизија“ се одржува по договор и со одлука на организаторот ЕБУ.

    Извор: https://www.novamakedonija.com.mk/prilozi/kolibri/детска-евровизија-2021-ќе-се-одржи-во-д/

    Тука можеме да ги коментираме настаните поврзани со темата (песни, изведувачи,...).


    Оваа година ќе не претставуваат децата од ,,Дајте Музика" со песната ,,Green Forces".
     
    На spacegirl92, Hortenzija, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.623
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа темата што ја избрале а песнава онака. Детска евровизија со години и не следам.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KarolinA.

    KarolinA. Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Во споредба со другите, нашата е една од подобрите оваа година. Добри се, ние да ги поддржиме, помалку да ги исплукаме и супер ќе биде.
     
    На spacegirl92, poi, Adi888 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Машки
    Апсолутно се согласувам
     
    На spacegirl92 и KarolinA. им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.342
    Пол:
    Женски
    Не пратам детска евровизија и јас одамна. Сега ја слушнав песнава, навистина не е лоша. Ме изненади позитивно.
     
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.504
    Допаѓања:
    7.970
    Пол:
    Женски
    Англискиот дел е предобар. Македонскиот дел не ми се допаѓа многу, дури тешко и за разбирање е.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.194
    Допаѓања:
    13.627
    Пол:
    Женски
    Децава пејачи се или глумци?
    Песната е топ, но во живо изведбата како ќе биде да не биде се фалш па џабе да е се?
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.499
    Пол:
    Женски
    јас знам дека се глумци. Како и да е некој мора да испратат па кој било да е. Ќе видиме се надевам ќе испадне добро. Детската Евровизија е далеку подобра од онаа на возрасните
     
    На My litle pony му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Машки
    Португалија

    Шпанија

    Италија

    Германија

    Франција
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Машки
    Албанија

    Србија

    Холандија

    Полска


    Ова се некои од песните
     
    На Hortenzija и theunforgiven им се допаѓа ова.
  11. My litle pony

    My litle pony Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    853
    Пол:
    Женски
    Песната е супер,англискиот дел е предобар,јас од лани почнав да пратам детска евровизија.
     
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.236
    Не сум во тек со овој настан, но ја слушнав нашата песна и не е лоша. Им посакувам среќа.
    Другите уште не сум ги слушнала.
     
  13. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.292
    Пол:
    Женски
    Многу ми се добри децава. Подобри од многу возрасни пејачи кај нас од аспект на претставителност. Како глумат на спотот алал да им е. Се надевам ќе бидат добри и на сцена во живо.
    Песната има одлична порака, само малку ми фали подобар текст, а помалку самогласки ама добро.

    Зошто не сме толку добри на Евровизија за возрасни, ова е комплетен пакет, иновативно, а таму спротивно.
     
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Англискиот дел е добар, а во македонскиот не е многу разбирливо што се пее.
    Инаку песната е подобра од многу претходни.
     
    На Just.do.it и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    2.729
    Пол:
    Женски
    Супер се, единствено некако на почетокот многу на нос ми пеат. Србија ми се допаѓа, Франција исто.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Супер се нашиве дечки,прекрасна идеја за песната.
     
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.351
    Пол:
    Женски
    Јас ги пратам редовно емисиите глумци се а и снимаат и песнички, имаат неколку така да не им е оваа прва песна и мислам дека супер ќе звучат
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  18. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.858
    Допаѓања:
    3.234
    Ај да се дрзнам да ја искоментирам секоја песна посебно, кратко:

    1. Португалија: не знам зошто ме иритира дечково и неговиот глас, со несреден вокал „и“ шо му иде на нос. Мислам дека идат на варијанта Салвадор Собрал (што победи на Евровизија од Португалија). Не е лоша песната, ама, како што кажав - иритантен „пакет“ ми е.

    2.Шпанија: јазикот е топ, шпанскиот! Песната ме потсеќа на „Counting Stars'' малку, тој стил го фура 90 посто. Пораката не е лоша. Симпатичен спот.

    3.Италија: аман бе, италијанциве удрија на рок! Хм... Стилски многу наликува на победниците од оваа година, на Евровизија. Кај италијанскиот е чудно што е препевлив јазик - каква и да е песната - ми се допаѓа. Музички е топ.

    4. Германија: пак со јазикот имам забелешка, ама овој пат негативна. Германскиот ич не го сакам и ич не е певлив. Па и комбинација со англиски направиле, бе! :)))))))) Типично просечна евровизиска песна, песна што нема да пројде во финале, ако е дел од Евровизија. Досадничко.

    5. Франција: годинава имаше песна со ваков наслов, мислам дека Словенија беше, не знам сигурно. Или тик-ток беше, како и да е. И францускиот јазик не ми е певлив. Но, интересна мелодија има песничево, ме потсеќа на насловната тема од еден стар, италијански тв-филм за Пинокио. Спотот е доста модерен и кул.

    6. Албанија: се фатив јас за јазиците. Исто и ова ми е прегруб јазик... Слабо пее девојчево некако, ми се чини дека во живо ќе се погуби. Спотот е фин, како од детска тв-серија.

    7. Србија: српскиииииии! Ај лов ит! Слаткоречиви едни! Па, преслатко!!! Ме наежија! Иако, рака на срце, досадничко ми стана малку.

    8.Холандија: треба ли нешто да кажам за холандскиот? :D :D :D :D :D :D хаос. Многу, многу досадна песна.

    9.Полска: Интересно спотче и тука. Ама песната - досадна, пак.

    10. Бугарија: немаат спот, ама ги глеав онака, на настап во студио на ТВ. Машкото пее предобро, па браво! Како во бајка му е гласчето! О, Боже, зошто не го пратиле само него? :))))) Дизни им е песничкава. Ла ла ла ла ла ла ла ! :))) Не им требал англискиот дел. Се молам детево да пее вака и во живо!

    11. Малта: и тука нема спот уште. Девојчево не ми се свиѓа како пее, а машкото рапува КУЛ! Леле, девојчево дистонира и фалшира... Просек.

    12. Русија: ништо посебно. Нешто стилски, жанровски, многу ме потсетува на... Не знам точно на што, ќе ми текне.

    13. Украина: Девојчево има многу, многу зрел глас! Али, пее на грло, што мене ми смета. Технички ќе напредува, очигледно е.

    Македонија ќе ја коментирам дополнително.

    Другите земји-учеснички уште немаат песни објавено. И нив ќе ги коментирам откако ќе се знаат.
     
  19. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.800
    Допаѓања:
    25.956
    Пол:
    Машки
    После Мила во 2019, ова е најдобрата песна што сме ја пратиле на детска Евровизија. Искрено се надевам дека ќе го погодат сценскиот настап и ќе бидат во топ 5. Зошто и да не победат? :P
     
  20. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Машки
    Интересно е да се спомне дека песната на Бугарија е дело на Васил и на неколку други македонски автори.
     

    Прикачени фајлови:

    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.