Позитивно сум изненаден од Васил како автор. Се надевам дека неговата песна ќе се пласира високо заедно со нашата.
Друго е обработена песна на плејбек, друго е во живо. Останува да видиме, мене ми влезе во глава по 2рото слушање.
Едвај чекам да видиме што ќе направат. Големи фаворити се тоа е јасно, само се надевам дека нема да ја оплескаат во живо, сепак немаат некое музичко искуство. Од толку што сум возбудена, утнав цел месец па на 19 ноември се нацртав пред тв и чекав да почнат. Мислев дека и оваа недела е, ама сега видов дека пак сум згрешила.
Според коментарите на YouTube, изгледа дека сме големи фаворити, а со тоа сум и оптимист за добар пласман.
Прва проба Вокално и сценски на ниво, бравo Од петок до недела, да гласаме за добар пласман, ако не и победа.
Еј супер се, и кореографија имаат. Ме интересира ова гласањето како оди, колку пати може да се гласа, преку што и дали може да се гласа за својата земја. Ставете линче тука, па ќе спамираме ако треба. Да ги загрееме прстињата.
Може да се гласа за својата земја да, не знам колку пати, некако ми е останато во сеќавање 20 пати и тоа онлајн, фор фри. Ќе спамам без гајле, гледам хајпнати се доста и сите очекуваат добар пласман според коментарите, па да не се/ги разочараме.