Искрено, речиси постојано победува некоја од Ссср републиките, меѓусебно си ги делат гласовите, а и голем дел од нив учествуваат. За нас нема кој да гласа, па и тие што беа ни дадоа крушки.
Тоа е. Жал ми е за внука ми. Плаче од прееска. Дете. Цела недела се спремаше да го бодри Миха, убедена беше дека ќе победат. Ај, Ќе и мине. Победата на Ерменија ми е заслужена. Ми се допадна песничката
А Србија па ич , само Албанија ни го ценеа трудот. Треба да го имаме ова во предвид на евровизијава што следи сега во мај.
Русија ни даде 10, за разлика од С***ј* и Б******а Енд а сајд ноут, во тимот на Бугарија беа и Васил Гарванлиев и Давид Јордановски, барем за некој поен да се избореа.
Јас не се залагам за тоа соседните држави да ни даваат 12-ки само затоа што сме соседни, но ова со Србија и Бугарија се гледа дека е намерно, со оглед на тоа што бевме одлични годинава.
Ќерка ми на крајот за очите на детето рече да гласаме и навиваше србија да победи. Најубава и била и најнежна песната, а девојчињата биле преслатки. Ете ти. Уште еве си ја пее, сега хит и била.
Седми сме, очигледно само еднаш се важи гласот. На толку кршење прсти ова е малку. Што би рекол Петар, заради ова не реди да се учествува.
Филип, јадничок, снема воздух. Мн скокање имаа реално а немаат толку искуство за динамична кореографија и пеење Миха ги извади срциња бе, златни
Очекувано и логично ми беше да се важи еднаш од една IP адреса со оглед на тоа што после секој релоад веќе беа штиклирани истите. Но, си реков ајде можеби не сум во право, и за џабе штракав 100 пати на второво гласање
ПОРТУГАЛИЈА 3 МЕСТО ОД ОНЛАЈН ГЛАСАЊЕ АХАХАХАХАХХААХАХАХАХАХАХАХА Уште да победеше фалеше, ко оној во 2017.
Ако се важи само по еден глас, навистина немам идеја од каде Португалија доби толку гласови Или па не се разбирам од музика