Португалија и Казахстан благодарение на нас имаат повеќе гласови, мислевме дека се слаби па ги гласавме.
Франција има популација од +60 милиони, со оглед на тоа што беше победничка земја лани, заинтересираноста за онлајн гласање ќе беше огромна, и ќе беа први доколку можеше да се гласа бесконечно Полска има 10 пати повеќе популација од Арменија, и не е прва од онлајн гласањето..
Леле на победничката дури 2 поена дало нашто жири , да не е без ич, која мизерија е нашето жири и на возрасната Евровизија, и на оваа. Србија, 7...
Ние котиравме 5-8 место на онлајн анкетите кадешто се гласа само еднаш Со оглед на тоа, можеше подобро но ок сме поминале од онлајн гласањето, нас жирито не потцени премногу, а јас баш очекував дека заради пораката што ја испраќаат ќе котираме високо кај нив.
Треба како Босна,Белорусија,Словачка и кои др. земји не учествуваат на Евросонг веќе со години да престанеме да учевствуваме неколку години заедно со Албанија еве по ред па да лека полека да им останат само западните држави без држави од балканот па можеби ќе се свестат каде им е грешката и колку е исполитизирано ова. Колку само квалитетни песни сме испраќале на евровизија ни еднаш не сме биле во топ 5 баш поради таа политика во ова квази-талент шоу. Да сме фаворити на публиката , жирито свесно не унаказува а ако сме фаворити на жирито не добиваме гласови од публиката. Се си е оркестрирано така да за нас е предвидено од 8 до 12-13 место.
Белорусија не учествува заради тоа што добија забрана од ЕБУ со став дека не ги почитува европските вредности. Тука се мисли на диктаторскиот режим што го имаат. БиХ не учествува поради финансиски причини, иако порано нејзиното настапување било финансирано од Турција. А штом не учествува веќе Турција, значи и Босна го следи нејзиниот пример. Словачка не учествува бидејќи според анкетите нема заинтересираност меѓу публиката. Да бидам искрен сакам да учествуваме и имавме солидна песна, но мора малку и да бидеме самокритични. Што значи тоа? Да го смениме начинот на селекција и да се организира национален избор за следната Евровизија. Ако продолжиме на ваков закон, ни за 10 години нема да успееме за се пласираме. Инаку повеќе очекував од настапот на ,,Дајте Музика". Но, сепак и ова не е воопшто лошо.
И да го смениме начинот на селекција пак нема да направи разлика. Мила Москов со песната Fire беше еден феноменален сценски настап со ефекти со убав глас и песна па пак заврши 6тo место што реално заслужуваше да биде во топ 3 ако не и победник, да не зборувам за други песни што биле исто. Учествување во вакви шоуа ни дава една псевдослика колку вредиме како држава. Колку и да е квалитетна песната и добива секакви прекрасни коментари на крајот реалноста е друга. Да беше песнава од Полска,Ерменија,Франција,Холандија,Германија итн.. ќе победеше.
Потполно си во право за ова што го кажа. За жал не сме угледна држава која може да влезе во првите топ 5. Единствена земја во регионот која на ниту една Евровизија не се пласирала во топ 5, а камоли ли победа. Сите околу нас го искусиле тоа, ама затоа и ако победат имаат можности за одржување на Евровизија. Атина и Белград беа домаќини во 2006 и 2008, а и Бугарија во 2015 год. како домаќин на Јуниорската Евровизија. Реално, да се гласаше само телефонски, никогаш немаше од место да се мрднеме. Пред воведувањето на жирито, да не беа соседите и останатите Екс - ју земји без поени ќе бевме и плус што не спасуваше малку дијаспората од Швајцарија и Германија.
Да да, поради нас. Толку го сакам фестивалов, што сé уште не сакам да си признаам дека нас никој, ама никој не не сака. Песнава да беше на било која друга земја, ќе победеше. Греота и срамота е ова што ни го направи жирито денес, како и многу пати до сега всушност, ама овојпат требаше навистина да победиме.
Абе луѓе какви вокални способности очекувате од дечиња, сепак се деца, туку стварно разочарувачки 9 место не ми се верува, убедена бев топ5, а супер беа дечките, симпатични, убава песна, интересна сцена ….