Ај да речеме дека стручните жириа ги казнија за пеењето. Ама онлајн гласањето траеше два дена! Песна фаворит, ама никој не ја гласал освен ние самите изгледа.
Ерменија уште пред да искочи песната, кога ја објавија пејачката, веќе беше фаворит за победа, веднаш Полска падна на второ место. Многу, многу лошо, може сепак најдобро би било да излегуваат сите песни во јавност максимум 5-6 дена пред настап, да нема толку време за лобирање. Ама пак, може и исто би било, на ти, дај ми поени. Сепак, жирито ако сакаше, можеше да направи да победи кој било. Нас не не сака никој, и така ќе биде секогаш. Треба да се помириме дека доволно е да настапувавме.
Ред, потешко ќе ни беше трето да бевме Ќе си пукав што не звонев по луѓе ако ни недостасуваа само неколку поени до победа Вака полесно е
Цк, еве 2.5год. лејтер уште ми е мака за Тамара, да не победевме жири полесно ќе беше. Ама од прво на седмо
Абе не можам да се смирам, најозбилно. Жирито да ни дадеа 10тина 12ки или 10ки, после небитно е онлајн гласањето. А само 59 од онлајн? Па помасовно во МКД не се гласало никогаш, значи освен ние самите, никој за нас не гласал.
Многу ми е криво шо не се пласиравме барем на трето. Комплетен пакет ми беа дечките. Обично некаде кикснуваме, овај пат се' беше супер. Јас на точно 50 пријатели од странство ја пуштив и молев за гласање.
Ова испаѓа секој за себе си гласал. Кај се гледа Евровизија највеќе, таму најмасовно се гласало. Пак испаѓа дека жирито е тоа кое може, ако сака, да го одлучи победникот.Ама нас не не сака никој.
Пробав да најдам поединечно, од секоја земја, ама не успеав. Баш ме интересира колку доби Казахстан од нас. Едит: всушност сега сфатив ова е од сите заедно. Нема поединечно. Многу глупа работа е што секој може да гласа за својата земја. Порано кога беше со смс беше забрането. Вака Русија или поголемите земји можат комотно секоја год да победуваат. Се зависи од гледаноста и интересот за Евровизија во секоја земја. Оној од Португалија валда сите го имаат ставено на тепка и по другите земји, како аутсајдер да пополни број, ама батето сите не зае*а. И девојчињата од Србија колку само монотони и приспивни беа, доказ дека не е толку битна песната колку гласачкото тело и лоби. Реално од тоа што највеќе се плашев се случи, децата не се музичари туку само актери. Немаат некои големи вокални способности во однос на другите, што беше видливо и затоа жирито "не казни". Почетокот на песната воопшто не беше сигурен, само во рефренот беа најсигурни. Вака во студио песната беше топ скоцкана. Би рекла ни се случи Јана Бурческа сценарио. Песна - топ, Настап - топ, Вокално - слабо, тенко.
Три дена вртоглавица имам од гласање, ако веруваш постојано од петокот од 20и30 со 6 саати сон и мали паузи, не знам колку гласови имам дадено.
Леле Јана Бурческа, која брука беше тоа.. Отидоа на Евровизија за да се просат таму со дечко и, и оваа уште среќна, ве аре гоинг то хав а бејби, им гона бе а мамиии и се смее како наздрава... Алооо, 150 000 евра ти дадовме, не да одиш таму брак да ти предложуваат и да се фалиш дека си трудна, туку за да не претставуваш како треба.. Срам ми беше да гледам..
А кое нше детенце имаше најдобар настап на детскава евровизија? Тука во коментари прочитав дека најдобар пласман ни било 5то место
Не ме потсетувај. Настрана од тоа имаше високо буџетен спот, странска композиција, ангажирана беше кореографката/сценарист на претходната победничка Лорен, мислам дека беше. За да на крај Јана се избламира. Важно кажа Да.
Боби Андонов, од Австралија е има македонско потекло. Имаше едно време дека потпишал со Сони мјузик. Колку само бевме затрескани во него на времето. П. С. Не го барајте сега нема да го препознаете. Порано песничките беа подетски сега се поинакви. И ланската претставничка имала добар пласман, ама не ја гледав, на овие се секавам.