Децата беа очајни во пеењето. Какви гласови имаше, нашиве како да мукаа, скокаа.. Ама тоа е, кога се праќаат привилегирани наместо талентирани деца.
Точно дека не беа добри на настапот. Ама, на пробата беа супер. Не е па дека дотолку се без врска пратени. Искрено, се израдував кога видов дека тие ќе не претставуваат, затоа што напротив, сите претходни претставувачи се со врски пратени и за прв пат појавени токму на JESC.
Едното девојче Кристина Мукаетова е на Мукаетов газдата на Алкалоид, и другите се нечии. Сите се од школата на Весна Петрушевска. А се знае дека кај неа не може секој да го запише детето. И не би ми пречело децата да се талентирани за пеење, ама она беше ужасно!! Видете ги девојчињата од србија како пееа во двоглас, видете ги другите деца како пееа.
Според мене ,,Дајте музика" емисија кај нас е overrated. Но, се сомневам дека можеше да се најдат подобри претставници. И пак ќе речам, не е дека не се воопшто талентирани, затоа што многу пријатно ме изненадија на пробата. На официјалниот настап, најверојатно тремата беше пресудна.
А што да речам? Нема друг опис за нешто такво, барем не во музиката. Мукаа. Такви звуци произведуваа, како да ти кажам... Значи: мукаа. Со стегнато грло и врат нанапред а ла Билбилов. Што, во НИКОЈ СЛУЧАЈ не е ни приближно до добро, убаво пеење. Јас го коментирам нивното пеење и тоа е тоа. Не ми е гајле дали е дете или старец - се појавил/а/е јавно - подложни се на критика. Башка, си реков плус и дека дистонираа на некое место (не дека е страшно, ама може и да не се дистонира). ЕДИТ: Јас би можел да не пишам дека мукале, и да пишам само дека: океј беа, можеше и подобро. Но, тоа е моето мислење. Не навредувам со тоа било кој. Така звучеа. Тоа што имаме изместени вредности во оваа wanna be држава - друга работа е. Не може секое дете што пее убаво и е музикално да отиде на Евровизија. Си треба позадина, добра и тоа. Тешка пара, плус. А, тоа ми е многу добро познато во однос на твоите горенаведени примери за деца што биле на детска Евровизија. Боби пееше фино до пред да мутира, после имаше големи проблеми со гласот. Сега не го следам и не коментирам. Росица мислам дека веќе не се занимава со пеење. Димитар дури и соло пеење има учено средно (не знам за факултет) но, тоа е башка тема.
Да знам, го гледаме старо маало ние. Малце иронично ми е прашањето. Како актери се супер, многу ми се допаѓаат, ама не пеат нешто кој знае колку.
Нема потреба од заклучување, не се заклучуваат теми ако поминал изборот, кој кога сака може да искоментира, не само додека траел изборот.
Знам дека изборот помина,но јас сега ќе искоментирам,мене ми се допадна настапот на нашите,може на почетокот не беа сигурни,но затоа не очекував толку ниски оцени од другите држави.Подоцна ќе ѓи искоментирам и другите држави.