Се гледа дека добро се увежбале, одлично синхронизирано, супер настап. Само што за мој вкус, песната баш и не ми се допаѓа, но според она што го гледам на youtube, ветува добро рангирање. Со среќа нека им е.
Никогаш немам гледано детска евровизија, само една емисија е во недела и тоа е тоа? Полуфинале финале тоа нема?
Се одржува само 1 вечер. Оваа година се погоди во декември да се погоди, а вообичаено крајот на ноември се одржуваат овие Евровизии. Нема тука полуфинале затоа што малку држави учествуваат во споредба со другата Евровизија.
Сега проверив, дека повеќето прашувате. Детската Евровизија ќе се емитува во недела (19.12.2021), од 16:00 часот. Гласањето онлајн ќе започне во петок (17.12), а ќе трае до недела (19.12) до 15:59, а ќе може да гласаме за макс. 3 песни по претходно изгледани snippets од сите. Во недела, гласањето ќе продолжи веднаш по завршувањето на сите изведби во живо, но ќе трае само 15 минути, по што ќе биде затворено. Гласовите од публиката ќе бидат претворени во поени, кои ќе бидат надополнети со оние од стручното жири кое го има секоја држава-учесник. Значи, системот на гласање е сличен како на возрасната Евровизија. Македонија настапува претпоследна, 18-та по ред, веднаш после Србија, а пред Португалија која ќе биде последна изведба за годинава, и после Португалија на 15 минути повторно ќе биде отворено онлајн гласањето. Лесно е, бесплатно е. Да ги поддржиме дечките од Дајте Музика кои имаат вистински квалитетен пакет и да се избориме за добар пласман, па и победа!
Здраво на сите. Ќе победиме, така? Никогаш до сега не ми било олку возбудливо за Детска Евровизија, пратам сé од почеток, многу добри песни има, да не речам скоро сите се мнооогу добри. Да не заборавите дека од утре па до недела може да се гласа онлајн, може и за Македонија секако. Моите гласови од три акаунти одат за: 3 за Македонија 3 за Ирска 2 за Албанија 1 за Германија Со среќа на сите дечиња, прекрасни се, ама нашите се веќе победници!
Ерменија беше фаровит уште пред да искочи песната, што ми отиде на живци искрено. Само ќе кажам дека е: - префаворизирана, претерано возрасна и не и е таму местото ( ова и за Украина и Португалија важи), лично не ми се допаѓа песната. - ултра квалитетна продукција, девојчето има талент и пее прекрасно. За мој вкус 14то место + 3 места за квалитетот 11то.
Гласањето веќе започна и можете да гласате на линкот во прилог, бесплатно. Секако, гласаме за број 18 и нашите Green Forces https://vote.junioreurovision.tv/
Мислам дека мора да биде за различни држави. Е сега мислам дека може 20 пати да се гласа Ќе пробам па ќе кажам Или инкогнито
Ајде чекам, за да бидам сигурна, да не згрешам нешто. Моите гласови одат за - Македонија ( по можност сите) - Мојата втора омилена Ирска - Албанија И - Германија ( сочувство дека повторно го отвараат шоуто)
Кажете кои се најотепани да не гласаме за конкуренцијата Гласано еднашка, колку пати може? Нека ги прочита некој условите додека останатите, размрдајте дланове и почињемо