Три гласа само од гласање, после би требало да може репете 19 пати Полска ни-ка-ко, Ерменија, Франција, Италија и Русија исто. Посебно не Полска и Ерменија.
А како знаат колку пати си гласал? Ако е по ИП адресата, па јас сега ќе го рестартирам рутерот и со нова ИП адреса ќе можам пак да гласам, тоа и мало дете го знае. Башка можам од телефон, телевизор, лаптоп, од сите телефони дома, од сегде да гласам.. Не знам како им е ова замислено со гласањето.
Гласам само за Македонија , другите ги менам.Добро што не ја стиснав Полска.Прво за Балканот гласам комшии демек. А не може само за една.
Се молат Казахстан и Србија да ми уплатат на сметка Инаку оваа од Украина колку повозрасно изледа во однос да другиве И она што го забележав, воопшто не е ферски што на некои им се ставени англиските делови, а на други мајчиниот јазик. Нашава баш кај почнува рефренот кој е најпевлив, е исечена. Еден што забележав само пееше ууу.
Џабе ќе рeстартираш кога ИП адресата е една и не се менува, едино може ако гласаш од различна мобилна мрежа.
Гласав Првиот глас ќе оди секако за Македонија, потоа гласав за Бугарија како поддршка на македонскиот тим кој ја компонираше песната (тука спаѓа Васил) и на крајот за девојчето од Русија.
Може да се гласа 20 пати изгледа. Препорака, не гласајте за песни кои имаат висок рејтинг, освен за Македонија. Па нема да ги полниме ривалите со поени.
Втора проба, одлични. *мала замерка е делот кои го имаат одбрано за видеото за гласање, не знам дали тоа го прави нашиот тим или продукцијата, но сепак е доста впечатлив. Сепак имам песна и настап кој лесно останува во памтење
Мислам дека намерно не ни е ставен рефренот за гласање, сакаат да не саботираат на овој начин, срамота! На 95% од песните најмоќниот дел им е ставен, а кај нас само тоа аууу се слуша
Добро јас од 5 телефони гласам веќе, од едниот надминав 20 пати. Можно ли е да го регистрира само последното гласање и за џабе да се мачам?