Дајте ми инфо ве молам, дали гласам за џабе? Преку 30 пати гласам веќе од едниот телефон и уште ме пушта да гласам.
Најверојатно гласаш за џабе. Гласај од друга ip адреса. И како успеа 30 пати да гласаш, тоа се 100 минути гледање видео
Моја проценка е дека ќе завршиме во топ 5 Ај сеа да пробам и јас да гласам да се редактирам гласав за Германија, Франција и нашите Прашањето ми е дали можам од различни уреди да гласам пример од лап топ?
Изгледа од различни гугл акаунти само ќе се важи. Инаку напразно е гласањето по 100 пати. Не е ниту до IP адресата.
Не е ограничено колку пати може да се гласа. Значи гласајте, па да ја бутнеме страната ако треба. Сега му е мајката.
Јас па прочитав дека само еднаш е дозволено да се гласа од еден уред, секое наредно „гласање“ уствари е можност да си го смените изборот за гласање, а само еднаш се рачунало... На официјалната страна, нема официјална информација.
Ваљда нашиве се поупатени штом вака имаат пишано, а и никаде во правилата не пишува дека има ограничување, обично тоа е нагласено.
Сега ги читав правилата, не постои лимит по се изгледа. Не детектира IP адреса ко шо сфатив. Не ми се свиѓа ова ич. Треба да се укине онлајн гласањето. Сороз е нефер.
Гласано за нашите, навистина е одлична песната. Не сум ги слушала баш другите, сега на привјуто видов една ко мала ријана беше , не знам само од која земја беше.
Исто, баш ми заличи. xD Ќе гласав само за Мкд ама дека мораше три, Франција и Украина лупнав. Немам фаворити други, само за нашите навивам.
Може да се гласа само еднаш и тоа три гласа, секое наредно ги дава истите гласови кои си ги избрал само можеш да ги промениш гласовите. Нема смисла да можеш неограничено да гласаш ...