Мене од официјалната страна "Eurovision Macedonia" ме убедуваат дека важат гласовите, викаат да гласаме упорно.
Гласајте за Македонија И некоја од овие: - Казахстан - Ирска - Србија - Малта - Португалија - Бугарија Овие се слаби.
И после Португалија победила. На Србија песната не е нешто посебно лоша, океј е. И на Италија не е лоша.
Сите така, и на крај Казахстан победиле. Јас истово си го мислев, ама па затоа шарам со другите (освен фаворитите), Македонија и две, па Македонија и други две итн итн. Инаку нема лоша песна. Сите дечиња се златни, убаво пеат, и што е најважно, уживаат во настапите.
Поофицијално од ова, не можам да ви кажам. ВНИМАНИЕ‼‼‼ Ова инфо ми е од мајката на Анастасија - Наташа од "Дајте Музика". Веројатно таа знае повеќе од сите нас. ‼Кажано им е дека се ВАЖАТ СИТЕ ГЛАСОВИ‼ ‼ДЕКА МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА ПОВЕЌЕ ПАТИ‼
Казахстан упорно добива гласови од мене Многу ми е мерак за нашите оваа година, никогаш неам гледано детска Евровизија со толку возбуда.
Исто, истооо и јас! Менувај ги другите две држави. Послаби се: - Ирска ( инаку моја омилена освен нашата) - Малта - Казахстан - Србија - Бугарија - Португалија Одвреме навреме можете да ги вметната и: - Холандија - Германија ( и оваа лично ми се допаѓа многу) - Азербејџан - Албанија ( исто една од моите омилени а и одлична сценографија имаат) -
Стево Пендаровски повика на гласање Ајде уште политичкиве партии нека објават по еден пост до партиското тело и да завршиме работа
Ако им дадат наредба у штаб да гласаат, победуваме 100%. Него остај тоа, штом претседателот повикува, сериозна е работава.
Колку што јас разбрав повеќе може да се гласа но од различен уред а не од ист. Нема логика да може еден човек колку сака да гласа така ќе има нереални резултати. Колку што читав по коментари на јутјуб видеа од повеќе уреди може да се гласа пример лаптоп,смартфон итн... но од еден ист уред само еднаш.
Мене па освен нашата, ниту една друга песна не ми прави кејф. Не сум субјективна воопшто. Србија и Албанија интересна сценографија ми имаат. Русија и Малта ми се ок,ама натинг спешл. Ерменија исто ок, ама песнава не ми е за детска евровизија. Јас типувам од 3то до 5то место да се рангираме во најдобар случај.
Скоро сите песни се многу добри, подобра година и поголема конкуренција немало до сега на ЈЕСЦ. ИМА 3-4 Што не се за таму, но сé друго е одлично. Гласајте луѓе, СЕ ВАЖАТ ГЛАСОВИТЕ, НЕМА ВРСКА ТОА ОД РАЗЛИЧНИ УРЕДИ!