Ја викам кој има прваче, втораче, на вежби викендов, да гласа. Јас конфискував три уреди и гласам цело време, а од телефонов пратам ситуација.
@RedRevolution да не им пиша и на нив. Инаку нешто друго забележав. На инстаграм страната на Дајте музика во последната објава ги имаат означени сите претходни претставници и на јуниорската и на големата Евровизија со молба да шернат да повикаат за гласање, ама на прсти се бројат и ретки се оние кои ја имаат споделено објавата. После нека не плачат дека не се поддржувале македонските артисти и музика. Исто така, мал број од инфлуенСерите имаат ставено да се гласа, ама за глупи работи како на пр повикување за спамирање во коментари, им текнува.
Никогаш до сега вака не се споделувало за поддршка, стварно имаме шанси за победа. Ама македончето пусто, го мрзи да се подосадува неколку саати, еднаш во животот. И мене не ми е интересно што вкупно 6 саати седам на повеќе телефони и гласам, ама сакам да победиме.
Полјаците ме плашат, а песната не им е ништо посебна барем мене, бејзик е, ама тие се ептен упорни откако победија во 2018 и гласаат, затоа. Ерменија сепак мислам дека нема да победи, некако повозрасна изведба има. Ние сме топ фит
Точно, ама затоа на Полјаците, жирито нема да им дозволи да победат, а Ерменија, сепак мислам дека освен од својот народ од кој има масовна поддршка, ми се чини дека нема баш да има среќа со жирито ( ама за ова не сум сигурна). Исто и Грузија и Франција се тука некаде по популарност, но Франција мислам дека нема пак да победи, а Грузија сепак нема доволно голема поддршка.
Колку е горната граница за возраст? Некои од натпреварувачиве ми личат повозрасно, како несодветни за ваков натпревар.
Па да, на таа мислев. И Полска и Ерменија ми делуваат повозрасно, а баш тие мислам дека имаат најголеми шанси за победа, значи не ги гласајте! Азербејџан и Португалија ги облекле ко да имаат 30 години, ама јас сепак ги гласав последниов пат. Покрај нашите си добија еден куп гласови од мене и Албанија, Србија, Бугарија, Казахстан, Азербејџан и Португалија.
Изгледа веќе е оркестрирано. Политика и во детска евровизија. Што не значи дека информацијава е точна. Ама ако е, срамота.
Allemagnе Германија е така? Ако да, нема шанси ова да се официјалните резултати leaked. Ниту ги оставаат Русите да победат, а имале шанси. Ова може да е симулација на гласови за генералната проба која ја имаа денеска