Се надевам дека оваа година ќе има подобри песни за разлика од лани. Песната од лани не ми се допаѓа. Од нашата делегација изгледа заборавиле каков успех имавме со одредени песни кои беа одлични. Гледам дека многу држави се повлекоа од учеството. Србите со право се повлекоа. Имаа убава песна која заслужи да биде во првите 5, а не во последните 5. Нашата песна кога ќе ја објават?
Немам наидено на информација кога ќе ја објават на Тамара песната, ама не би требало да е далеку тој ден. Можеби направија нешто „бум“ па го оставаат најдоброто за крај.
Спремете се! 17:40. Composer: Robert Bilbilov Producer: Robert Bilbilov, Darko Dimitrov Zurla, Kaval: Goce Dimovski Violins: Robert Bilbilov Lyrics: Robert Bilbilov, Kosta Petrov
На прво слушање не ми е ништо посебно. Моќна матрица и продукција сепак. Ми изгледа дека и оваа година нема да победиме ама во секој случај се надевам дека Тамара ќе блеска на сцената во Ница! Но, и победа не исклучувам бидејќи со Детскава не се знае, и Франција лани од нигде никаде победи. Нека политиката и расположението на ЕБУ бидат во наша полза оваа година!
По 2 години Македонија пак има песна најслушана на официјалната Јутуб страница на Детската Евровизија. Браво Тамара.
Најубавка ми е досега шпанската песна. Германската е исто така кул, ми има некој урбан вајб - конечно пратија добра песна Германците. Грузиската е квалитетна (како и повеќето пати од Грузија и на ESC и на JESC), има убава градација.
Искрено, ми се допаѓа нашава песна. Другиве не сум ги слушал па да можам да правам споредби, ама очекувам да сме во првите 10 .