Настапуваме 6. Шпанија Малта Украина Ирска Обединетото Кралство Македонија Естонија Ерменија Полска Грузија Португалија Франција Албанија Италија Германија Холандија Гласаме за 6.
Само песната на Франција ми се допаѓа. Певлива, весела. Баш детска. *** Нашата Тамара тотално упропастена, кај сите видов нешто детско само тука не.
Франција, Естонија и Германија. Друго ништо не ми се допадна. Се си мислам дека пак ќе победи Франција. Нашата ја слушнав. Лоша песна.
Е многу се изнервирав. Уште една година непостоечка сцена како на Евровизија така и на детската Евровизија. Овие нашиве што се во делегацијата освен да се шетаат имаат ли капацитет нешто друго да направат? Дај нека ги сменат више еднаш, од прв до последен.
Ма ова е празна сцена, што може да се погоди или утне. Навистина е жално што секој потенцијален успех што би можел да се постигне секогаш го усеруваат со ваквите испади. Неспособни тотално. Само погледни ги останатите, како може секогаш најлош сценски настап да имаме не разбирам.
Ги видов вчера. Не се замараат. Не е секогаш поентата да се прати само песна. Не памтам да сме имале добар настап. Со таков буџет ништо не се прави.
Другите држави вложуваат големи суми, а ние нудиме трошки. Мора да има промени ако сакаме нешто подобро. Ова важи и за песната. Од старт го следам настанов. Првата година немавме успех. После тоа 4 години по ред пласман во првите 10. Е потоа следуваа лоши пласмани. Освен во 2019 кога бевме 6то место. Мислам дека и децата од Дајте музика беа во првите 10. А како ги бираат претставниците?
Првите години имаше национален избор. Последниве 10+ години самата МРТ го врши изборот на претставник, преку аудиција.