Како може кај нас да ги бираат? Се знае со врски нормално. Шо да не има конкурс, па да гласа народ по пат на елиминација и заслужено да помине претставникот кој го избрала публиката. Исто ко и за евровизија за возрасни што е. Си праќаат кој ќе им текне. Демек имало аудиција ама пак ќе си го одберат тој или таа којшто они сакаат.
Дали е помал нашиот буџет од останатите? Апсолутно! Но, како успеваат секоја година да имаат доволен буџет за да се шеткараат цел тим, евтино да не е тоа случајно? Малку финансиски менаџмент им треба. Ако целта им е да прават нешто mediocre колку да се рече дека е направено ок, ги сфаќам, а ако целта им е некогаш и да имаме успех во детската или возрасната Евровизија нека се посветат малку повеќе. Успех на Евровизија не се постигнува само со наоѓање добар пејач и добра песна, треба цел пакет. Прв и последен пат што сме имале цел пакет беше со Тамара, а ако не се лажам и тогаш беше ист буџетот, значи не е само до буџетот.
Гласав за нас. На Тамара и посакувам огромен успех , но за жал иако имав надеж за топ 3 пласман бидејќи песната има голем потенцијал, со ваков настап не верувам дека ќе сме над 9 место.
Се согласувам во целост, освен во овој дел Секоја година е различен. Буџетот за Евровизија 2019 година Буџетот за Евровизија 2024 година (ако учествуваме!)
Ние се задоволуваме со малку. Ја земам за пример Шведска. Многу пари даваат и затоа се скоро секогаш во првите 10. Иако морам да признаам дека и жирито ги турка. Само еднаш не влегоа во финале. Дали буџетот од година во година е се помал? Кај нас е проблем и дијаспората. Не гласаат.
Мизерија. Впрочем за 2019: за проектот „Евровизија“ е предвиден буџет од 7 милиони денари (речиси 113.000 евра). Овие пари се само за трошоци - патување, транспорт, хотел и дневници за евровизиската делегација составена од вработени во МРТ, но и за тимот кој ќе ја придружува Тамара Тодевска.
А за другото - шипки. Мора да има промени. Најдобра песна имаа Росица и Димитар. Некако детскава евровизија ја упропастија. Многу држави се повлекоа.
џабе песната и гласот кога сценски е безлично, голо.. А не треба многу, доволно би било само двајца да танцуваат позади нејзе. Вака е без никаква приказна. Едноставно несакале воопшто да се замараат.. Гледајќи ги земјите кои се учеснички очекувам да сме при крајот иако девојчето добро пее.
Малку историја… Откога е воведен овој начин на гласање, победници се: 2017 Вкупно – Русија 188 поени Жири – Грузија 143 поени Онлајн – Холандија 112 поени 2018 Вкупно – Полска 215 поени Жири – Австралија 148 поени Онлајн – Полска 136 поени 2019 Вкупно – Полска 178 поени Жири – Казахстан 148 поени Онлајн – Полска 166 поени 2020 Вкупно – Франција 200 поени Жири – Франција 88 поени Онлајн – Франција 112 поени 2021 Вкупно – Ерменија 224 поени Жири – Франција 120 поени Онлајн – Ерменија 109 поени 2022 Вкупно – Франција 203 поени Жири – Франција 132 поени Онлајн – Обединетото Кралство 80 поени