Ние бевме супер. Браво! Освен нас Ерменија и Грузија ми се свиѓаа, Германија беа океј исто. Англија и Холандија катастрофа.
На Web tv гледам.Да не се мачам со translete.))) Браво Тамара.Успеа.Супер беше.Нема збор за девојчето.Ерменија ме дигна на нозе песната.
Ерменија ми е фаворит. Нашиот настап иако не го изгледав цел, делуваше празно, без концепт... Тамара беше одлична, не е она крива шо возрасните се неспособни.
Се надевам од следната година нема да учествуваме. Нема поента, никогаш нема ништо да направиме, а и не знам колку се објективни резултатите. Франција пак победи, глупости. Пред настапите во живо гласав за Шпанија, Германија и Македонија, а откако ги погледнав настапите во живо за Украина, Естонија и Македонија. Од останатите Ерменија беа одлични, посебно змејот на крајот од настапот, а на Франција визуелно им беше убаво среден настапот, како и секогаш од нив. Ама песните ништо посебно никогаш. И грузиската песна ми е убава, but that's just me and my taste.
Во врска со нашиот настап: празно и невпечатливо. Добив впечаток дека Тамара имаше трема и не го даде најдоброто што можеше да го даде. А, за песната веќе кажав што мислам кога ја извадоа.
Да, рече. Многу safe ми се сите нивни песни. Немаат ништо специфично во нив, некој edge. Нашминкани со некоја пријатна за око естетика и слатки деца. Плус со овој онлајн начин на гласање тешко дека мала држава може да победи, освен ете Ерменија во 2021 што веројатно имаат големо лоби + тогаш се случи војната со Азербејџан, не учествуваа на две Евровизии со ред и бум победа. (Што и да пратат тие на Детскава, не им бега ТОП 3). Досега тие и на големата ќе имаа победено ама веројатно дека мала држава немаат доволно капацитет да ја изведат таа организација па престанаа толку да се трудат таму со текот на годините.
Ич не ми беше фасцинантна песната на Франција, не знам како победи. Ерменија Искрено, и покрај настапот од 3 денари, очекував подобро да се пласираме
Добро има некоја друга земја шо победува освен Франција? Или Франција или Полска, тие се. Наместено све ко секогаш. А и тапа беше генерално. Не ни глеав, досадно ми стана некако.