Гласав за Македонија, Холандија и Украина. Општ впечаток, сите песни се катастрофа, искрено не дека се наши ама најубава песна имаат. Стварно заслужуваат да победат само што ужасни сме со настапот.
Прв пат да гледам детска евровизија на суво, појма немам ни кој пее ни што пее, единствено што ги слушнав сега во recap-от пред гласањето. Други години уште од септември се заразував и ги слушав сите по 100 пати, годинава ич не се замарам, ми станува досадно и веќе 100 пати едно истото видено. Колку пати се случило најубавите песни, настапи и гласови да завршат во последните 5 затоа многу ми е глупо. На нормалната евровизија барем се знае, или си фаворит или не победуваш, тука нема правила. А освен Франција друг победник и одамна не сме виделе така да уште еден минус.
Ќе си умрам од сценскиов настап. Жити се нека се повлечат и од детскава Евровизија, секоја година е ист блам со непостоечка сцена. )))
Ми се допаѓа нашата песна, а и децава на убав начин ја изнесоа пред публиката Само храбро и напред, дечки
Не е лошо нашето песне, многу ме воодушеви моментот што бојата на сакото и мантилчето, одговараше со позадината, розе светки и срценца, плус ,,RUN RUN RUN" одеше додека тоа го пееја. ПРЕ-ЈА-КО!!!