Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детска Евровизија 2024 – Мадрид, Шпанија

Дискусија во 'Музика' започната од МитеМен, 20 јуни 2024.

?

На кое место очекувате да заврши Македонија?

Оваа анкета ќе биде затворена на 20 јуни 2025 во 10:55.
  1. Од 1 до 5 место

    5 глас(а)
    25,0%
  2. Последните 5

    10 глас(а)
    50,0%
  3. Измеѓу одговор 1 и одговор 2

    5 глас(а)
    25,0%
  1. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    3.363
    Пол:
    Машки
    Ја скапаа Грузија со 12-ки.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.990
    Пол:
    Машки
    Ми се чини дека само ние не дадовме 12 на Грузија :D
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    3.363
    Пол:
    Машки
    Слабо 34 :(
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.990
    Пол:
    Машки
    Претпоследни бе... Ај пишете и на Мери Попова да одморат малку и од детска Евровизија. :l:
    Не дека многу се заморија до душа.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    3.363
    Пол:
    Машки
    Албанија не знам како успеа толку да се прослави, песната не е нешто специјално.
     
  6. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.258
    Јаоо душиче, честитки до Грузија и они се отепани како нас.:l: Следна година и Молдавија една победа, кога сме кај отепаните... Детенцево премило.:l:
     
    На DS10 и st-el им се допаѓа ова.
  7. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.258
    Мери гугла сеа ,,the top 10 things to do in Tbilisi"...
     
    На Selena01, staycalm, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.067
    Пол:
    Женски
    Претпоставував дека ќе бидеме од 11. до последно место. Слаба ни е дијаспората. Грузија победи по четврти пат. Песната не ја слушнав.

    Да се откажеме и од оваа Евровизија. :x
     
    На Selena01 и DS10 им се допаѓа ова.
  9. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.258
    Лелеее, четврти пат...:o Не ја следам оваа Евровизија толку, јас па ги жалам. Одма да ја вратат победата!! хахаххах
     
    На Selena01 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.067
    Пол:
    Женски
    Да. Победија во 2008, 2011 и 2016.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.258
    Штом Грузија победува четири пати онда сме стварно отепани. :lol:Од отепаните земји, помнам дека Ерменија исто победија со Малена, таа година следев, Дајте Музика беа тогаш наши претставници.
     
    На Selena01 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.067
    Пол:
    Женски
    Последниве 3 години сме отепани. Нека размислат тие од делегацијата.

    Ми се допаднаа песните на Португалија и Италија.
     
    На Selena01 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  13. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    3.363
    Пол:
    Машки
    Ами една Малта помала од Скопје што има две победи? Стварно сме утепани.
     
    На FriendOfDorothy и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.067
    Пол:
    Женски
    Песната на Малта од 2013г. е супер. Не ми се допадна таа од 2015г. Не знам зошто испраќаат утепани песни. Последна песна што мо се допадна е таа на Дајте Музика.

    Последно место по онлајн гласањето. :x
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.155
    Допаѓања:
    168.844
    Пол:
    Женски
    Не ми се допадна нашата
    А ни на Грузија не ми беше баш вауу.
    Не ги ислушав сите , неколку само .
    Од тоа што слушнав Албанија ми се допадна
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    ТОП 3 пред самиот настан ми беа Шпанија, Кипар и Албанија. На прво ме освои и Португалија ама некако ми е здосадено од балади па повеќе предност им дадов на брзите песни, полабави и релаксирачки ми се некако. Така да пресреќен за второто место на Португалија, ОМГ.

    Бев убеден дека Шпанија ќе победи, песната ми делуваше највпечатлива и најлуда плус домаќини беа и Шпанците секогаш се страствени навивачи ама девојчето имаше слаб вокал за таква песна.

    И Грузија ми се допадна од прво слушање, има некој арт и класи вајб така да се израдував многу кога видов дека победиле. А и како држава општо ги сакам. <3 Има и порака и некоја длабочина и настапот и песната (за разлика од нашата).

    Нашата песничка ми беше генерична и неоригинална. Вакви песни се нешто што најмногу не сакам на Детска Евровизија (и холандската беше таква). Заедно со Сан Марино имавме најсиромашни настапи (и скоро сите беа подобри вокалисти), така да знаев уште кога ги видов исечоците дека ние и Сан Марино ќе бидеме на последните две места.

    Конечно малце поразличен ТОП 3 од вообичаеното ама Франција не се откажува од местењето на жирито.

    За крај, навистина не знам зошто се уште учествуваат МРТ кога ниту во настап вложуваат, па ниту песна знаат да направат (и лани имавме скроз генерична и формулска песна + таа беше и немелодична).

    Од песните што не ги спомнав исто така ми се допаднаа: Ирска, Италија и Германија. Украина ми беше просечна после две слушања ама кога го видов настапот ми делуваа моќно.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Ете, дури и Грузија барем овде знае да ги погоди коцките и да нижат добри резултати од година во година, а нас ни тука не нема. Стварно сме дното. Инаку, за Ерменија не би рекол дека е 'отепана', имаат историја за завидување и на големата, и на Детската Евровизија.

    Не ги обвинувам МРТ и не ми е ни гајле ама кога веќе не ја бива работата, зошто да се појавуваме? И за тие што сакаат да се вратиме на Евровизија: двете последни детски Евровизии се показател што би се случувало и таму.
     
    Последна измена: 17 ноември 2024
    На SummerGirl и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.067
    Пол:
    Женски
    Како што тргна гласањето мислев дека Франција ќе победи. Жирито како да им е наклонето. :?: Оваа Евровизија се повеќе е слична со онаа другата. И тука има местенки.
     
  19. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    594
    Кога станува збор за музика треба да слушаме со срце, не со разум.
    Политички е коректно да се каже дека најдобра песничка на детскиот евросонг годинава несомнено беше таа на Албанија. Прекрасна мелодија и текст, браво Никол.
    Мy favourite! :inlove: :f::l:

     
    На Ace Cetvrti му/ѝ се допаѓа ова.