Колку убава тема!!! Порано собирав, како и сите претпоставувам. Баш пред некое време, чистејки налетав на мојата колекција и носталгично си ја прелистав Нормално дека не ја фрлив.. Покрај детска пошта, собирав и салфетки, кутии од цигари, сите можни албуми што излегоа со сликички за лепење (Симпсонс, Нинџа Желки, Покахонтас, Сара Кеј и сл.). И се си чувам
Збирав, збирав. Имав многу повеќе. Ама 5 ливчиња, давав за постери од Жаде, и од пеачи. На крај дури.. И на тоалетна хартија цртав, па со тоа се менував. Си мачкавме очи, демек ни ги праќале роднините од странство. Па сечев од Развигори, Другарчиња.. Дури и тетоважи од чунга лунга, чував. Додека салфетките, уште ги чувам. Јас ги прибрав, и од мајка ми, и од стрина ми. Имам еден куп, стојат во шпаиз. Пред некое време, сликав, тоа што ми останало од детската пошта. Имам уште некои, ама избледени се.
Ме потсетивте на детска пошта. Еее тоа беа времиња. Се сеќавам дека имав многу, а и убаво мирисаа Криво ми е што не сум ги зачувала, сум ги фрлила, а дел од салфетките сеуште ги чувам.
^ Шарени ливчиња со ликови од цртани најчесто , барби ,мечиња и сл. што мирисаат убаво. Како мали ги собиравме и се менувавме со нив. Исто имаше и шарени пликоа и ливчиња внатре. Веројатно од таму името детска пошта.
Дома имам цели два пакети шарени салфетки. Амаа помина тоа време кога се разменувавме ,сега ми се чини никој не се разменува со ваки нешта...Штета. Акоо сака некоја од вас слобноо да си дојде акј менее и да ис се разменувамее (хехе)
Чувам салфетки а собирав и такви ливчиња ( во прво одд. ) како Еленаа ама сега кога последен пат ни ја белеа собата мама ги фрлила
Не е само во деведесетите. И јас кога бев малечка исто се разменувавме и со салофетки и со детска пошта, иначе имам 16 год. значи не е само во деведесетите И секако дека уште ги чувам, се ми е на еден куп во една гоооолема кутија
Еј па јас уште си собирам салфетки не ми се смеете девојки! Уште сум дете Порано собирав многу.Собирав кесички,салфетки,исечоци од детските списанија Развигор,Наш Свет,Другарче,собирав едни нотесчиња на кои листовите им беа нацртани со ликови од цртаните( како тие што се во постот на Еленнаа),ги чував сликичињата со барбики од мастиките,ги собирав албумите ( Симсонови,Покемон,Бабри,Нинџа Желки...не се сеќавам на други овие ми паднаа на памет). Убави времиња беа овие.Уште си ги чувам не планирам да ги фрлам.
Како мала собирав миризлива детска пошта, и се уште се сеќавам каков им беше мирисот. Ми текнува дека купував од една книжарница, таму имаа цели тефтерчиња, па ни наплаќаа за едно ливче. Многу плачев кога ми ги украдоа во школо Си ги собирав во една убава малечка кутија и ги понесов во школо за да се менуваме со другарките. Ама некој ми ги џапна. Оттогаш престанав да собирам детска пошта и почнав со салфетки. Салфетките уште ги чувам.
со темaвa ме врaтивте нa детството...колку имaм собирaно, пa ќе бериме со другaркa зaедно после се искaрaвме (тaкви ми ти глупости)...и многу ми е криво што ги немaм зaчувaно ни децкaтa поштa ни сaлфетките
Собирав и јас, како не! И до ден денес си ги чувам најубавите ливчиња. Чудно е како може еден мирис, да те врати во минатото кога си бил безгрижен и среќен во секоја смисла на зборот. Само кога би измислиле парфем што мириса на детска пошта...
УУффф е тоа беше живот,а не денес со фб. Стварно мирисот како те враќа во минатото...ццц Па разменување со ливчиња...радости Преубаво.
Ја видов темева и се потсетив на детството, на деновите кога одново и одново ја разгледував својата колекција од детска пошта, нејзиниот мирис, на тоа како трпеливо ја редев, прередував, сортирав, се менував со други девојчиња... Времиња... Но, за жал од таа колекција немам ништо сочувано. Не знам што се случи со неа, уште кога бев 4-5 одделение ми исчезнаа пликоата и албумите каде што ми беа подредени. Од што имав толку многу немав доволно албуми, па дел од нив чував во пликови. Добро е барем салфетките ги чувам. Elennaa од ливињата на сликава паметам дека скоро сите ги имав.
Јас како мала многу собирав но и уште собирам:салветки,сликички,детски списанија,честитки што сум ѓи добивала за нова година и ливчиња за пишување со сликички од дизни ликовите на нив...