Собирав дааа Детската пошта ми стои во моето шкафче моментално,собирав исто и шарени листови и плика,салфетки,сликички со Касандра,хаха и сетоа тоа си го чувам уште,за моите деца
Собирав и сеуште ја чувам .Имам огромна кутија полна со детска пошта,исто така собирав и салфетки.Ме потсетува на убаво време,тие мириси,ммм...убаво би било кога и денес дечињава би собирале детска пошта,наместо да прават други работи ...
Сега се навратив во минатото и се присетив на детската пошта - Највредното нешто што го имавме тогаш беше тоа а не сега ајфони аипади, лап топи камери и нз шо...Таткоми секој ден ми купуваше ден денеска уште ги чувам така некогаш ги гледам и си се сеќавам на преубавото детство кое денеска за жал не постои...Имаше детска пошта која што беше миризлива и уште го паметам тој мирис, никогаш нема да ја заборавм а ни тоа време кое што за жал никогаш нема да се врати
Ми текнува кога мајка ми и ја даде на ќерката од едни пријатели цела моја детска пошта пред некоја година, без јас да знам, срце ќе ме стрефеше! Не дека собирам уште ама така убаво за спомен... ама мајка ми не го разбира тоа
За детска пошта јас бев понова генерација па тогаш беше се поминато!Ама салфетките сеуште си ги собирам!
Да да собирав, колку убави времиња беа тоа. Ми беа спакувани со многу убави шарени плика, а пликата во кутија малечка, а можеби и сеуште стојат некаде спикани.
сега ја видов темава и баш се потсетив на детствотоо..ахх..да,и јас собирав детска пошта,па си ја разменувавме хаха,а пак тие миризливите ми беа омилени ..и до ден денес си ја чувам како спомен..и салфетки собирав..дури и пластични чашки од оние што се шерените за роденден ..собирав секакви сликички и какви уште не чуда..ахх детствоо
Баш вчера си ја средував фиоката и оп ми искочија милион кесиња со детска пошта! Сите ги чувам се уште.Сортирани ми се дури во пликоа на срциња,миризливи,немиризливи, со животни со принцези итн... Ќе си ги чувам како спомен,па здравје ќе ги покажувам на моите деца!
Како мала и јас собирав салфетки и хартиени чинии.Се менувавме со комшивките од зграда.Детска пошта појма немам што е,ама пак мило ми е што сум во генерацијата која доживеала барем дел од вистинска детска игра и забава.А сега се прави колекција на таблетки и телефони.Го жалам 21 век.
Собирав. Но сеуште собирам салфетки Секој пат кога влегувам во ДМ неможам да не си купам нови шарени, многу им се убави Ставам една или две во колекцијата, другите ги трошам кога ќе дојдат гости
Собирав ... и уште си ги чувам. Имам еден куп кутии со ливчиња, честитки, салфетки. Е салфетките си ги собирам сеуште. Коа одам на гости ако ми стаат салфетка што ја немам си ја земам Не се разменувам со другарки као порано ама си собирам коа иам прилика
Собирав детска пошта. Убав спомен од детството. Криво ми е што ги дадов ливчињата. И салфетки собирав. Тие ги чувам.